Вистинската намена на оваа картичка е само после склопување на нова машина со сите ганц нови компоненти, да провериш дали си склопил се како што треба и да увидиш дали горе долу фукнционира исправно, а за веќе употребувани компјутери, многу е бескорисна, никогаш не го дава точниот код бидејќи се ослонува на клокот од PCI слотот, и ако не е правилен, дава грешни кодови и може да те зафркне во круг да се моташ, е друг е муабетот кај поскапите вакви картички кои што ја имаат можноста да го детектираат погрешниот клок, и сепак имаат вградено коло за бајпас на тој проблем и можат да фукнционираат попрецизно колку толку. Ја купив оваа картичка од една продавница во Скопје, малку скептично, ама ај викам за 500 денари може и ке ми се најде некогаш, како и да е, никогаш не ми се најде, само од куртоазија ја пробував по машини на кои точно им го знам дефектот, чисто колку за тест, благе везе нема све некои безвезни кодови. Да беше така лесно, нели, секој што фатил маус во рака ке беше сервисер денес