Author Topic: Брзина на трансвер на податоци  (Read 614 times)

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Брзина на трансвер на податоци
« Opened on 04.06.2013, Tuesday, 16:59:15 »
Пробав да ја проверам брзината на мрежата инаку го користам Близу оператор, но добив различни вредности од две места. кое е поточно ? или има и некое друго место за проверка !   ;D

Code: [Select]
http://www.speedtest.net/results.php?sb=server&o=desc овде дава поголеми вредности
и ова
Code: [Select]
http://www.speedanalysis.com/addon.php?ref=firefox дури 2/3 помалку од првиот линк

на кого да се верува

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Двете страни тестираат на различен сервер, на првата страна има мал пинг бидејќи тестирањето се врши со сервер од Скопје, а на втората со некој многу поодалечен сервер во друг град надвор од Македонија :).

Првата страна е една од најпознатите и најкористените за проверка на брзината на интернетот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Брзина на трансвер на податоци
« Reply #2 on 04.06.2013, Tuesday, 17:22:35 (Edited 04.06.2013, Tuesday, 17:26:19) »
на кого да се верува

На никого. Заборави на тоа што нудат операторите. Се зависи и од тоа колку општо е оптеретена интернет мрежата. На пример, на сите интернет провајдери ноќе е најбрз интернетот, некаде по 1 или 2 по полноќ. Во времето на dial-up, ова време беше најоптеретено и не можеше да најдеш слободна линија во МК, бидејќи најевтина беше ноќната тарифа за телефонски разговор, па сите одеа online ноќе. Но времињата се менуваат, сега имаме интернет 24 часа дневно, така да, можеш да се ставиш online кога сакаш. И бидејќи можеш да бидеш online кога сакаш, повеќето се online преку ден. А да не зборувам за тоа и дека веќе сите фирми/компании/јавни претпријатија/државни служби имаат интернет, од болници до брокерски фирми и сите работат преку ден, веќе се се пренесува дигитално, така да, мрежата е најоптеретена преку ден. И ако се земе во предвид дека барем уште 4 или 5 држави во Европа ја имаат истата временска зона како и ние, а останатите имаат некоја временска зона која е блиска до нашата (час или два плус или минус), следува дека интернет мрежата по 1 или 2 по полноќ ќе биде најнеоптеретена... барем во подрачјето на Европа. На пример, пробај да симнуваш некој фајл од Европски сервер ноќе. Гарантирам дека брзината ќе биде блиска до теоретската која ти ја нуди интернет провајдерот. Ај пробај потоа истиот фајл да го симнеш од Американски сервер. Брзината ќе биде барем двојно или тројно помала. Зошто? Па кога кај нас е ноќ, во Америка е ден ;D. Кај нив тогаш е најоптеретена мрежата, па иако нашата е најслободна ноќе, нивната не може да ја испорача брзината која твојот интернет провајдер ти ја загарантирал ;).

Се е лажги со опашки. Батали тоа ;D. Само со peer-to-peer може да се постигне теоретската брзина во (скоро) било кое време (иако, повторно, дури и преку peer-to-peer, трансферот е најбрз ноќе). Интернет провајдерите ги измислуваат оние фамозни реклами („50MBit-и трансфер!!!“) за да привлечат нови корисници и за да ги оправдаат определени нивни инвестиции (читај „хирови“ ::)), како што е на пример монтажата на оптика од страна на Телеком. Реално, серверите не можат да го поддржат тој трансфер. Ако трансферот оди клиент<-->сервер<-->клиент, нема шанси да се постигне таа брзина која провајдерите ја декларираат ;D, освен ако не си единствен конектиран на серверот, или евентуално има уште еден или двајца конектирано ;D... каква што е ситуацијата ноќе ;D. Само со peer-to-peer може да се постигнат тие брзини бидејќи трансферот не се одвива преку сервер, туку клиент<-->клиент... евентуално има координација на клиентите преку сервер, но трансферот е директно од клиент до клиент ;).

Батали и оптика и се што рекламираат ;D. Џабе е се тоа ;D. Нема поента, серверите не може да им поддржат ;D... па и не само кај нас, било каде, треба да имаат стотици TB линкови за да може да го поддржат она кое го рекламираат ;D, а тоа кошта пари ;D. Исто така, она со лимит на трансфер... исто така, тешка лага (си поминал 50 или 100GB и сега си на лимит). Веќе сите провајдери купуваат линкови на база на bandwidth, а не на база на трансфер ;). Значи, на пример, купуваш 10 линкови од по 1TB по линк. Никој не те ограничува на трансфер на податоци ;D, ти можеш ако сакаш и 100% од времето максимално да ги оптеретиш, никој ништо нема да ти рече ;D. Тоа е само финта од страна на провајдерите за да ги натераат корисниците да се префрлат на поскап пакет ;). А дали јас ќе истрошам 50, 100, 200 или 1000GB, тоа е веќе сосема неважно за провајдерот ;), се додека си се држам до декларираниот bandwidth кој го изнајмувам од провајдерот ;).

Реално, поевеќе од 5MBit-и download и 1 или 2MBit-и upload, не ти треба, а и не можеш да постигнеш, освен преку peer-to-peer. Така да, не се замарај многу со speed test-ови ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."