Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: batka on 11.03.2011, Friday, 08:43:02

Title: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 11.03.2011, Friday, 08:43:02
Проблемот со УСБ конекција на два уреди до 5 м.се решава со 1 кабел.Доколку имате потреба да правите УСБ конекција на два уреди на растојание од 20 и нешто метри ,тогаш имате проблем! :D :D.Но досетливите електронџии го решиле и тоа!! Еве една шема ,која сигурно работи,само не преку ЛАН кабел,туку преку два коаксијални кабли (обичен  за ТВ или кабловска!) Решението вели важи и до 50 м!!!! ;D Ние го пробавме во една фирма на 22 метри!
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: MarkoMK on 11.03.2011, Friday, 09:03:36
Алал да ти е за темава батка. Ти давам виртуелна репутација +  :)
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: laze on 11.03.2011, Friday, 10:40:31
odlicna rabota kako mi trebase na vremeto vakvo nesto

Пишувај кирилица - читај правила!
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: DX-er on 11.03.2011, Friday, 12:34:17
Имтересно нешто, ова се вика активен УСБ кабел. Забележав кај долниот коаксијален кабел пише 48MHz, да не се конвертира во RF па така да се пренесува преку коаксиојалниот ?
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 11.03.2011, Friday, 15:08:04
Не, тоа е за друга намена,нема врска со работава,само напомнува до каде можеш да одиш со трансфер на некои други работи,кои не се предмет на темава .

Споено мислење: [time]11 Март 2011, 15:25:49[/time]
Еве варјанта на првата каде што вели дека може да се проба и со кабел од 12,15,20 метри,ама при тоа да се проба на крајот на кабелот колку е падот на напонот 5 В,односно тој не смее да падне под 4,76 В.Тоа е минимум за да моше уредот да работи,односно да има трансфер на податоци.
Значи прво пробајте така,на празно,па ако паѓа напонот се додава склопот со 7805 и се врзува на +12 В на молексот на компјутерот.Интересна идеа ми доаѓа на памет: да врзам 5 В на страната само на уредот,значи да не водам +5В низ кабелот,само на конекторот кој доаѓа на уредот на крајот на кабелот да врзам 5 В од некој стабилизиран извор (адаптер,исправувач,батерија).

Споено мислење: 11.03.2011, Friday, 15:26:34
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: GigaWatt on 11.03.2011, Friday, 17:22:22
Според оваа последнава шема (само без кондензаторите) имам чуено дека кабел без проблем терал до 25m (ова од еден пријател, он ми раскажуваше, дека се работело за кладба, дека ќе успее без repeater да направи трансфер на податоци преку USB на 25m ;D), но со многу квалитетен оклопен кабел, односно без два коаксијални кабли ;). Изгледа се зависи од тоа колкав е излезниот напон од 5V-ниот rail ;). Ако е малку повисок од 5V или рамно 5V, можно е и да тера 25m ;). Инаку на растојание од 25m напојувал Wi-Fi USB Dongle ;) ;D.

Кај мене дома на пример, напонот на USB портовите не е поголем од 4.8V во нитуеден момент (на сите PC-иња, не само на тоа што ми е во работилница, баш се чудев и мерев, на сите им се движеше од 4.75V до 4.80, 4.81, 4.82V максимум), па нитуеден уред нема проблеми со работа со тој напон ;), дури и PICkit 2 Clone-от ;). Да не зборувам за екстерни HDD-иња (кои влечат доста струја) и USB аудио картицата, сите си работат без проблем ;) (барем на Abit плочата со Core2Quad-от, на останатите PC-иња не сум пробал, така да не можам да гарантирам).
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: MarkoMK on 12.03.2011, Saturday, 10:00:12
Имтересно нешто, ова се вика активен УСБ кабел. Забележав кај долниот коаксијален кабел пише 48MHz, да не се конвертира во RF па така да се пренесува преку коаксиојалниот ?

Па незнам баш дали може како активен УСБ кабел да се дефинира... Активен според мене е кога има некакво засилување на сигналот.. Овде сигналот не се засилува туку само се пушта по одвоени коаксијални кабли - со тоа најверојатно се намалува интерференцијата и има подобра заштита од надворешни пречки. Башка и се води сметка напонот на напојување да не опадне многу.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: deophorant on 14.03.2011, Monday, 09:49:33
Колку било тешко да се направи USB конекција на 20 метри. Па јас имам направено USB конекција на 20 метри со 2 кабли од по 10 метри купени од пазар и наставени еден на друг. Сепак за шемиве не специфициравте многу работи, многу нешта фалат за да се добие детална слика на проблемот. Имено штотуку направив пресметки, за на 20 метра да падне напонот за 0.4V што е веке критично за работа на уредот, при максимален терет од 500mA треба најмалку пресекот на проводникот да биде 0.42mm2. Ова е нешто со што можат да се пофалат каблите за USB од средната класа. Но проблемот во комуникацијата е друг. Ако го погледнете стандардот ке видите дека трансферот се одвива преку 2 проводника и тоа со диференцијален напон. Тригерот на диференцијалниот напон е 200mV. Главниот проблем е во индукциите на тие 2 проводника, кој е битно да се што е можно поблиску, ако знаеме како се прави диференцијалебн пренос на податоци, а не во разлицни кабли. Потоа многу е битно како ке се тие 2 проводника оклопени, колкава ке биде капацитивноста, индуктивноста итн. Многу е битно во која средина ке биде таа конекција, во фабрика или дома ... На крај се зависи од брзината на трансферот. Сите уреди поддрзуваат повеке брзини, па немора секогаш да е Full-speed, а на крај зависи и од типот на трансферот, дали ке биде command, bulk interrupt итн. Секој си има специфични барања и слично. А она 48MHz, нема никаква конверзија, едноставно Hi-speed стандардот комуницира на 48MHz, тоа е стандардна фреквенција на комуикација за повекето USB уреди. Генерално шемава може да помогне, но не е професионално направена за да речеме дека е вистинско решение. Сметам дека, за уред што сам се напојува, во домашни услови со најобични USB кабли, може да се оствари конекција на повеке од 50m (за 20 е сигурно пробано).
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: MarkoMK on 14.03.2011, Monday, 16:32:30

Сега не знам што мислеше, дали само да се оствари конекција или и да се прави трансфер на податоци. Јас експериментирав со 15-тина метри УСБ кабел не сакаше да работи - го пронајде харверот ама не сакаше да комуницира.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: GigaWatt on 14.03.2011, Monday, 16:34:49
Сега не знам што мислеше, дали само да се оствари конекција или и да се прави трансфер на податоци. Јас експериментирав со 15-тина метри УСБ кабел не сакаше да работи - го пронајде харверот ама не сакаше да комуницира.

На толкави должини веќе е многу битен и квалитетот и дебелината на кабелот, можеби затоа не ти работел :S.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 14.03.2011, Monday, 16:35:41
Тоа е конекцијата! Прво треба компјутерот да го препознае уредот,тоа е веке конеквжција и трансфер на податоци!! Понатаму се е лесно,ако ПК комуницира со периферниот уред.

Споено мислење: 14.03.2011, Monday, 16:38:12
А за Деопхорант - направи конекција на Самсунг штампач со два обични 5 метарски УСБ кабли ,да те видам.ПК нема ни да го познае штампачот.Ако тебе ти се погодило ,срекен си! Мене ми се паѓа секогаш потешкиот дел од работата
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: deophorant on 14.03.2011, Monday, 23:23:19
Тоа е конекцијата! Прво треба компјутерот да го препознае уредот,тоа е веке конеквжција и трансфер на податоци!! Понатаму се е лесно,ако ПК комуницира со периферниот уред.

Споено мислење: [time]14 Март 2011, 16:38:12[/time]
А за Деопхорант - направи конекција на Самсунг штампач со два обични 5 метарски УСБ кабли ,да те видам.ПК нема ни да го познае штампачот.Ако тебе ти се погодило ,срекен си! Мене ми се паѓа секогаш потешкиот дел од работата

Ајде да разјасниме малку што е што. Прво која е разликата од препознавање на уредот до комуникација со него. Ако не пројде комуникација тогаш нема ни да го познае уредот.
Code: [Select]
http://pic.mk/?v=ellisysusb.jpgНа претходната слика може да се види комуникација преку USB каналот снимена со Ellisys. Фали мал дел од почетокот кој е небитен. Прво кога ке се закачи некој уред на USB Host портот, тој ке детектира дека има некој преку диференцијалниот влез, и ке го пинга уредот. Се додека не се иницијализира уредот комуникацијата ке оди на EndPoint 0. Притоа уредот и РС-то ке се договорат кој е што е. Приота една од најбитните работи која се пренесува е device desriptor. Тоа е една структура со која уредот му кажува на РС кој е тоја, и таму се носат информации како VID, PID, Device string и уште некои други работи. Кога РС ке ја прими оваа структура која ја побарал од уредот, ја бара конфигурациската структура, со која уредот кажува на што се може да работи (брзина, EP, timeout, напон, струја (сам се напојува или од USB портот) итн). Кога сето тоа е примено од РС, тој пробува да најде драјвер за соодветниот дескриптор, ако го најде му го доделува на тој уред, и понатаму комуникацијата иде преку API-то од тој драјвер од апликативното ниво. Дури тогаш оперативниот систем го појавува она известување кој е уредот (ке го испише стрингот кој уредот го пратил преку дескрипторот) и кажува дали е подготвен за употреба или ке го појаву прозорецот за селексија на драјвер, ако не нашол некој претходно инсталиран. Кога сето тоа е готово, оперативниот систем се префрла на interrupt или bulk протокол, а до сега работи со command protocol. И тука дури се префрла на соодветниот endpoint и поставува комуникациска брзина спорд тоа што му го пратил уредот. Ете тука може да се интервенира во драјверот, каде ако нема потреба од bulk трансфер и голема брзина (пример за печатач) може да се исклучат тие опции и да пројде комуникација и на 100 метри. Што ке ти е 40MB/s на принтер кај кој една страна е 200-500KB а и онака на принтерот му се потребни 3-4 секунди за да тргне со работа а и со најмала брзина на комуникација ке се префрли една страна преку USB за 1mS. На сликата може да се види дека ке има и има неуспешни трансфери, па тоа го има и кога нема ни кабли, но сето тоа се ретрансмитира и се е ОК (како на сликата). Не е прикажано до најмал детал целата комуникација, има таму некои ACK, NAC, Nyet и слично но сега нема да ги дискутираме. Патем како што веќе кажав, многу значи во каква средина се прави комуникацијата и највеке зависи од квалитетот на каблите. Јас сум имал прилика да видам USB кабел со должина од 100m кој без ништо посебно, само кабел, добро оклопен, со прилагодени импеданси за 48MHz да си функционира беспрекорно. Мене можеби случајно ми се погодиле каблите, на некој друг не, но сепак 2 кабли не е препорачана опција за диференцијална врска (USB конекцијата е многу слична на RS485, RS422, само што е многу побрза, а знаеме дека на пример RS485 само со една плетенка без никаков оклоп е предвиден за комуникација на 1.2Km). Најдобрата работа е Плетенка, оклопена, со прилагодени импеданси, може да комуницира сигурно на 50 па и повеќе метри.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: filipmkd on 15.03.2011, Tuesday, 01:19:37
Еве ова го имам направено на 30 метри кабел за WIFI антена ми требаше која беше на терасата и работеше беспрекорно

Code: [Select]
http://www.instructables.com/id/How-to-Extend-yout-USB-using-UTP/
Quote from: Администрација
Кодирај линкови !!!
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 16.03.2011, Wednesday, 15:47:57
Свака част! Мене печатар ласерски Самсунг 1640 ме з... кога треба да го приклучам на два обични ( а квалитетни кабли!) од по 5 м! Логика можеби има или нема ,ама со даденава шема работи во една фирма на 60 м оддалеченост од компјутерот!! Логика????!
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: DX-er on 16.03.2011, Wednesday, 15:52:17
60m супер! Ако може да се направи некој примопредавател на 433MHz па да имаме и Wireless USB
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 21.03.2011, Monday, 19:31:09
Еве една фабричка шема на кабел *со појачувач*,кој всушност работи на истиот принцип како и предходните шеми.Ефектот е ист,ама овој кабел од 30м. со додаток чини некаде 22-23 ЕУ (наздравје!) ;)
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: donis92 on 03.12.2011, Saturday, 18:53:40
дали а има некој плочката за овоа или да го правам висечко ( во ваздух)? батка дали го имаш правено и како си задоволен? ми треба за вифи конекција  :) ;)
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 03.12.2011, Saturday, 19:30:44
Не разбирам како за WiFi ? Ова е фабричка шема,се е вградено во кабелот во кутија,нема плочка (сам направи си).Ставив и други две шеми побарај,тие се правени.Нивната намена беше да поврзување други уреди (печатари),а ова за WiFi ,може да го објасниш ;D
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: GigaWatt on 03.12.2011, Saturday, 19:35:19
... ,а ова за WiFi ,може да го објасниш ;D

Сака да стави Wi-Fi dongle-че на тераса ;D, за да не купува или прави антена, па му треба долг кабел ;).
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 03.12.2011, Saturday, 19:47:08
Ха,па не мора така ,Нека си купи рутер ,да речеме ТР Link околу 1000 ден,нека извади кабел  (коаксијален )од антената на рутерот и антената нека ја постави на балкон.Дометот на отворено со оптичка видливост е до 80 метри некаде.Со подобра антена и многу повеке ;DАко веке сака на  Wi-Fi dongle-че да експериментира,нека го отвори и побара каде е антенчето врзано,па од тука коаксијалец до антената 8) Подобро здравје,
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: GigaWatt on 03.12.2011, Saturday, 19:56:51
Ако веке сака на  Wi-Fi dongle-че да експериментира,нека го отвори и побара каде е антенчето врзано,па од тука коаксијалец до антената 8) Подобро здравје,

Да и јас така би го правел ;).
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: donis92 on 03.12.2011, Saturday, 21:26:50
имам мн јака антена 38дб за вифи да се фаќа, па сакам да ја ставам на куќата горе да фаќам од школото фреее нет  :)ама за до горе ми треба 20-30 метра кабел
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 03.12.2011, Saturday, 21:39:37
Се ми кажа и ништо не ми кажа!Прво на таа антена сигурно УСБ директно не се приклучува,ами коакс,а второ што ке ја побудува антената???
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: donis92 on 03.12.2011, Saturday, 21:43:36
(http://pic.mk/images/6XvF0.jpg)

имам ваква антена, и оваа сакам да ја ставам горе на куќата, со усб е приклучокот
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 03.12.2011, Saturday, 23:20:30
Прв пат гледам ваква антена.Само дали е ова антена или е рутер? Дали има мрежен приклучок или само УСБ?  Имаш ли некои проспекти или упатство за неа? Се напојува ли со надворешно напојување од адаптер??
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: DX-er on 03.12.2011, Saturday, 23:37:07
еј немој со вакви работи да се служиш оти тоа не е легално. Сепак пробивање на други мрежи или крадење интернет се смета за дело поради кое може да те тужат.

Батка, оваа слика е од некој си wifi уред кој може да се купи за 50 евра кај нас и да се пробиваат мрежи со него.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 04.12.2011, Sunday, 00:02:46
Абе,не може да се пробие така лесно мрежа,ако е добро заштитена! Само треба да е отворена (како овие по школиве) или слободниве е-точки. Сепак вака гледано ова не е само антена ами е рутер,само ме буни тоа што вели дека има само усб порт а мора и мрежен приклучок и напон да доведе.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: donis92 on 04.12.2011, Sunday, 01:39:42
значи антената нема никаков мрежен кабел има само усб 2.0 и има бутабилно цд за пробивање на мрежи со wep,wpa/wpa2 така да воа е звер од антена мн е јака го фаќам пола град хаха и тоа не добро наместена јас сакам да ја ставам горе на куќата за да имам можност да бирам инаку само антена е не е рутер.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: GigaWatt on 04.12.2011, Sunday, 07:22:01
Со знаење можеме да ти помогнеме, ама за правните последици, не одговараме. Администрацијата на форумот не е одговорна што ќе прават членовите на форумот со стекнатото знаење на форумот.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 04.12.2011, Sunday, 10:45:38
Тоа не е само антена Донис.Гледајки го процесорот всушност тоа е декодер на алгоритми и верувај дека можеш да имаш проблеми доколку ја користиш и каде не треба.Постои добра можност да те фатат дека упаѓаш во мрежа бидејки постојат софтвери за таа намена во некои институции со кои сигурно не сакаш да имаш работа.И сега,како што велат Гига Ват и Дх-ер - последиците на користењето ке ги сносиш само ти и никој друг.Затоа пази што правиш.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: donis92 on 04.12.2011, Sunday, 11:05:03
е каде ќе упаднам во школо каде што е фрее не пробивам по луѓето само сакам кабел да направам долг за сигналот да ми е добар
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: DX-er on 04.12.2011, Sunday, 11:38:02
е каде ќе упаднам во школо каде што е фрее не пробивам по луѓето само сакам кабел да направам долг за сигналот да ми е добар
во ред, само пиши од каде го купи и по која цена? Евентуално да не го имаш начекано поевтино од тој што го спомнав
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: GigaWatt on 04.12.2011, Sunday, 16:59:39
е каде ќе упаднам во школо каде што е фрее не пробивам по луѓето само сакам кабел да направам долг за сигналот да ми е добар

Без разлика, кај и да ја користиш, администрацијата на форумот не е одговорна за правните последици.

Инаку, истово може да се прави и со Aircrack-NG и GNU Linux со обична Wi-Fi картица.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: donis92 on 04.12.2011, Sunday, 18:59:44
од интернет е нарачана околку 1500-2000ден
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: donis92 on 11.12.2011, Sunday, 21:42:25
средено, ама на друг начин мн прост и едноставен со мрежен кабел правев и направив нема никаков проблем на 20-25м кабел се е како купечко
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: warningteam on 07.12.2012, Friday, 02:04:05
Ако мо'е некој да ја нацрта во некој асален програм  Шемата  поШо вака и; не ја разбирам :S ми треба само за УСБ кабел да се продол' тоа другото не :Д
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: GigaWatt on 07.12.2012, Friday, 05:38:37
Ако мо'е некој да ја нацрта во некој асален програм  Шемата  поШо вака и; не ја разбирам :S ми треба само за УСБ кабел да се продол' тоа другото не :Д

Што не ти е јасно? Зошто само не го продолжиш или купи подолг кабел со 4 жили внатре, стави еден машки и еден женски USB конектор и не би требало да има проблем до кај 10-тина метри.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: Lux on 28.09.2015, Monday, 12:26:33
Колеги случајно така на форумот ми излезе овај предлог со шемата од батка за пренос преку усб на подолги растојанија.е сега јас имав идеја пц камерата да ја користам како sequrity camera,со посебен софтвер,но има кусо кабле,е сега пц камерата со софтверот пробана во соба одлично функционира со 10-тина метра кабел,со шемата од батка,со не постојано снимање туку со самото придвижување пред камера прави слика во jpeg формат,кога нема движење пред неа камерата е во stendbay, т.е. неправи слики и не го полни HDD,одлично за користење на постари пц,е сега проблемот е кога ја извадив надвор со сите намалени опции на камерата светлина,контраст,и значи све пак го имам овај проблем,вејке ништо не се гледа исто како камерата да е ставена пред ламба со светлина,пробав и со фокусот исто,има чаре или да се откажам од оваа идеја :)
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: LordZi on 28.09.2015, Monday, 13:12:18
Пробај да наредиш IR-диоди околу камерата, што повеќе, свртени напред за да го осветлуваат тоа што го снима...
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: Lux on 28.09.2015, Monday, 13:36:37
 Се работи за дење ноќе не ми треба,а дење не треба IR.
Title: Одг: Како да направите USB конекција на 20 метри
Post by: batka on 30.09.2015, Wednesday, 00:17:33
Најдобро е да набавиш друга камера ! Камерата за во соба и онаа за надворешен надзор не се исти ( види и разлика во цена !!) И правило е било која камера да биде ,таа да биде оддалечена од јак извор на светлост!!