Author Topic: Нискобуџетен појачувач 100W  (Read 1191 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Нискобуџетен појачувач 100W
« Opened on 13.06.2015, Saturday, 17:25:36 (Edited 13.06.2015, Saturday, 17:47:36) »
Овој појачувач првен го слушнав,па ме заинтересира и ја добив документацијава.Имено во Турција ,во едно училиште го видов направено на натпревар.Го слушнав и ми се чини дека иако е декларирано како 100W,сепак дава многу поголема јачина од декларираната. 8) Лесно е за изработка,а е многу евтино - во Турција ми рекоа дека КИТ форма чини околу 8 ЕУ!
Значи ,плочка и сите делови на неа чинат едвај 500 денари,што мислам дека и не е некоја претерана сума.Друга причина е едноставноста на градбата и делови кои лесно се наоѓаат во скоро секоја продавница.Подесување скоро и да нема,освен на мирната струја која треба да изнесува 25-30 mA.И толку- имате плочка во .gif ( не треба да ја менувате големината значи) ,а треба да обезбедите 35V 3,5A за еден канал за да бидете сигурни во неговата работа.Значи,без разлика што некој ке рече дека има помоќни и поквалитетни излези,сепак за почетници е апсолутно прифатливо.Сега е лето,имате повеќе време и ако имате желба да си слушате музика...... а,немате * јак* џепарлак.... ;D ;D,зафатете се и нема да се каете.