Author Topic: Предлог  (Read 1113 times)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Предлог
« Opened on 28.05.2011, Saturday, 23:39:21 »
Еве еден предлог од мене...Вака,како што знаете секоја 2-ра тема ја поставуваме на погрешно место ;D,па мора администраторите или модераторите да ја префрлаат на соодветно место,но во последниве 5-6 месеци скоро 80% од темите се префрлуваат во „Побарување“,за кои мислам дека е погрешно што се префлуваат таму темите од типот на „побарување на шеми“.До пред некое време не беше така,пример ако побарам шема за LC метар со микроконтролер,и ја поставам темата во „Микроконтролери“,таму и ќе си остане,нема да ја најдам преместена во побарување,а сега ако побарам шема за таков проект мора да ја поставам во побарувања.Добро сепак е побарување на шема,но мислам да не се префрлуваат таму темите,за таму нека бидат темите,за помош во врска со некој проект,некое недоразбирње итн.Мислам дека вака е подобро со тоа што,пример нов член сум и ете барам шема за LC метар,но во темата микроконтролери ја нема,него треба да барам низ цел форум,да видам дали некој поставил слична таква тема т.е побарал шема за LC метар,и ни на крај памет нема да ти падне дека можно е шемата да ја има во побарување...Друго е кога одам во микроконтролери,и гледам дека некој пишал „Ми треба шема за LC метар“,ја отварам темата и неколку post-a подоле ја наоѓам шемата,која и тој другиот член ја барал,а некој друг ја поставил...Иначе знам дека има копче „пребарај“,ама како и сите други ретко кој го користи,исто како да го нема на форумот...Лошо е кога ќе отвориш во побарување,наоѓаш 50 страници побарување на шеми за разни кола-се на куп,LC метри,трепкачи,волтметри,амперметри,после наидуваш на некоја тема ми треба помош ми цркна телевизорот,па не ми е јасно ова-она...Мислам дека е подобро да се вратиме на „старото“ темите за побарување на шеми да се во подфорумите во кои би требало да ги има.Еве отидете на некои од задните страници (10-20) и ќе видите дека претходно таму барале шеми,а не во побарувања...
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Предлог
« Reply #1 on 29.05.2011, Sunday, 02:07:18 »
треба шеми да се бараат во побарувања, ама ако некој има шема и ја постави таму, тогаш тоа побарување треба да се смета за исполнето и да се премести во соодветниот подфорум со сменето име...или пак да се отвори нова тема во подфорумот кај што треба да се наоѓа таа шема и со линк да е поставена во побарувањето....ме свати некој што сакам да кажам?
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Предлог
« Reply #2 on 29.05.2011, Sunday, 09:19:05 »
И јас се сложувам со Малечко.
Ако одиме по таа логика, на форумов треба да има само 2 теми: Побарувања и Понуди.
Во побарувања да се бараат шеми а во понуди да се ставаат.
Затоа си постојат повеќе теми и кој што го интересира, дали да побара или понуди најдобро е во соодветната тема да си пише.  :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Предлог
« Reply #3 on 29.05.2011, Sunday, 14:06:35 »
И јас се сложувам со Малечко.
Ако одиме по таа логика, на форумов треба да има само 2 теми: Побарувања и Понуди.
Во побарувања да се бараат шеми а во понуди да се ставаат.
Затоа си постојат повеќе теми и кој што го интересира, дали да побара или понуди најдобро е во соодветната тема да си пише.  :)

Ако ме прашате мене, делот побарувања не треба да биде за шеми туку за други работи како на пример "каде може да се купи бургии за бушење" a не за шеми. Во секој случај добро е што отворивте ваква дискусија и слободно дискутирајте, ние ке го земеме во предвид она што е најдобро за сите нас.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог
« Reply #4 on 29.05.2011, Sunday, 14:17:47 »
треба шеми да се бараат во побарувања, ама ако некој има шема и ја постави таму, тогаш тоа побарување треба да се смета за исполнето и да се премести во соодветниот подфорум со сменето име...или пак да се отвори нова тема во подфорумот кај што треба да се наоѓа таа шема и со линк да е поставена во побарувањето....ме свати некој што сакам да кажам?

Јас барем сватив, добра е идејата, но тоа значи премногу работа, тоа значи преместување на topic-и, делење на post-ви, нивно преименување. Не верувам дека ќе сака некој да се нафати да го прави тоа (јас барем не), бидејќи тоа ќе биде како full time job да имаш. Треба барем едно 10-тина пати дневно да се log-ираме на форумот само за да преместуваме и средуваме topic-и, а да не зборуваме за сите останати работи кои го имаме во врска со форумот.

Идејата како идеја е добра (мене барем ми се допаѓа), но од финансиски, временски и многу други фактори, во моментов, неизводлива.

Затоа си постојат повеќе теми и кој што го интересира, дали да побара или понуди најдобро е во соодветната тема да си пише.  :)

Проблемот е во бројот на побарувања, само стиснете „Непрочитани“ еднаш дневно ако се логирате и видете го бројот на побарувањата, мене ми се има случувано да видам дека 80% од новонапишаните одговори да се побарувања за шеми. И на што ќе личи тој подфорум ако секоја втор topic е „ми треба шема за“. Никој нема да може да се снајде ако побара нешто. Дури и само да се смени името на topic-от, можеби во истиот topic ќе има различни поднудени решенија за конкретниот проблем, па автоматски, секаков вид на сортирање и преименување на topic-от „паѓа во вода“ :S. Тогаш треба да се поделуваат post-овите со шемите, секоја од нив да добива посебно име и секоја од нив да е како посебен topic, што едноставно е премногу работа, ова одзема барем 20-тина или 30-тина минути само за еден topic, од местото каде што треба да се подели темата, на колку ,места да се подели, што да се стави за наслов, на сите „исцепкани“ теми, итн.

Од тие причини, ова е неизводливо во моментов.

Иначе знам дека има копче „пребарај“,ама како и сите други ретко кој го користи,исто како да го нема на форумот...

Ние не сме виновни што ретко го користите копчето „Пребарај“, тоа си постои на форумот како опција, а дали вие го користите или не, тоа е веќе друга работа. Не може администрацијата да ви е виновна зошто некој не сака да ги користи сите можности на скриптата на форумот.

Еве отидете на некои од задните страници (10-20) и ќе видите дека претходно таму барале шеми,а не во побарувања...

Тоа така беше, да, но најверојатно повторно нема да се врати таа „политика“. Како што напоменав претходно, секој втор post беше со наслов „ми треба шема за“, а да не зборуваме дека и во тој случај, половина и повеќе од шемите кои се побаруваат веќе ги има во адекватните подсекции, само што за дел од членовите едноставно „премногу работа“ е да се побара во адекватните подсекции и да се разгледа малку низ форумот. Едноставно, поедноставно е да се напише „ми треба шема за“ и да се отвори цел topic за некоја работа која веќе ја има на форумот. И што сме добиле? Минимум две теми во кои се зборува за истата работа и ја има истата шема. И кај да поставуваат прашања останатите членови? Дали во едната, или во другата, или во третата тема? Кај и да постават, нема да згрешат, но форумот изгледа тотално несреден.

Едно од можните решенија е спојување на тиа теми „сите во една“, што понекогаш и го правиме, но се губи „логичниот тек на муабетот“ во темата, изгледа како се преприпнува од една работа на друга, а да не зборувам за фактот дека ќе изгледа како некој да побарал шема за уред за кој се зборува во самиот topic, нема никаква логика тоа :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Предлог
« Reply #5 on 29.05.2011, Sunday, 21:27:30 »
отворајте теми во соодветниот дел од форумот пр. за шеми за телевизори во делот за
Електронски уреди ----> Монитори, ТВ приемници

но само во насловот додајте ми треба то и то или барам то и то а не само шема за ххх од кај знам јас дека во тој топик нема шема ?, вака кога ќе пишиш ми треба шема за то и то јас ќе отворам и ќе видам за што поточно се работи
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Предлог
« Reply #6 on 30.05.2011, Monday, 00:48:11 »
треба шеми да се бараат во побарувања, ама ако некој има шема и ја постави таму, тогаш тоа побарување треба да се смета за исполнето и да се премести во соодветниот подфорум со сменето име...или пак да се отвори нова тема во подфорумот кај што треба да се наоѓа таа шема и со линк да е поставена во побарувањето....ме свати некој што сакам да кажам?

Јас барем сватив, добра е идејата, но тоа значи премногу работа, тоа значи преместување на topic-и, делење на post-ви, нивно преименување. Не верувам дека ќе сака некој да се нафати да го прави тоа (јас барем не), бидејќи тоа ќе биде како full time job да имаш. Треба барем едно 10-тина пати дневно да се log-ираме на форумот само за да преместуваме и средуваме topic-и, а да не зборуваме за сите останати работи кои го имаме во врска со форумот.

Идејата како идеја е добра (мене барем ми се допаѓа), но од финансиски, временски и многу други фактори, во моментов, неизводлива.

не мислев админи/модератори да го прават тоа делење...например јас барам некоја шема во побарувања и ти имаш шема за тоа (пример некој засилувач) и отвараш тема во подфорумот за аудиотехника и во темата кај што имам јас побарување да го поставиш линкот од твојата тема, па ако ми одговара се затвара темата а ако не ми одговара шемата, темата (кај што е побарувањето) си останува отворена за да може понатаму да се ставаат други шеми како што зборев погоре.... дека мислам подобро ке биде така, дека ако ти треба шема некоја ке бараш таму кај што ти треба, а сега само господ знае колку шеми ги има само во побарувања поставени а ги нема негде другде...или се изгубени (скоро) засекогаш...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог
« Reply #7 on 30.05.2011, Monday, 02:27:08 »
не мислев админи/модератори да го прават тоа делење...например јас барам некоја шема во побарувања и ти имаш шема за тоа (пример некој засилувач) и отвараш тема во подфорумот за аудиотехника и во темата кај што имам јас побарување да го поставиш линкот од твојата тема, па ако ми одговара се затвара темата а ако не ми одговара шемата, темата (кај што е побарувањето) си останува отворена за да може понатаму да се ставаат други шеми како што зборев погоре.... дека мислам подобро ке биде така, дека ако ти треба шема некоја ке бараш таму кај што ти треба, а сега само господ знае колку шеми ги има само во побарувања поставени а ги нема негде другде...или се изгубени (скоро) засекогаш...

Е ова веќе е ОК, значи да се презентира шемата во адекватната подсекција и само линк да се даде до таа подсекција, и готово ;). ова веќе е ОК ;). Така ќе избегнеме пренатрупување на форумот, преполнување на базата, препостирање на работи кои веќе биле ставени неколку пати на неколку различни места. Идејата е на место (барем според мене). Може да се дискутира околу ова ;).