Извини batka, мала шега на твоја сметка
Сега вака, бидејќи веќе се изнасмеав
, морам да кажам некои работи за batka кои гледам дека некои членови на форумот малку не ги „разбираат“ и затоа ќе бидам колку што можам по краток
.
Секој член на било кој форум (за оние кои се нови на „модерните BBS“ системи, кои сега се нарекуваат форуми), си има определена „репутација“, „реноме“, „карактер“ или нешто слично на погоре наведените. Секогаш има по некој член кој отскокнува од „нормалниот“ поредок и начин на комуникација на форумот. Во конкретниот случај тоа е batka. Имало и други, но поради определени причини повеќе не се членови на форумов.
Е сега, ќе праша некој "what makes batka so special". Прво, е еден од ретките членови кои редовно (секојдневно, ако не е секојдневно, тогаш е скоро секојдневно) го посетува форумот. Второ, е еден од ретките кои се грижи за правилата на форумот и нивниото спроведување. Трето... batka е batka, нема замена за него
. Без него, форумов нема да биде она што е
. Да не ги спомнувам и илјадиниците post-ови и стотиците теми на најразлични теми кои ги има отворено
.
Така да, за оние кои не се согласуваат со начинот на водење на форумов... или навикнете се на batka или не го посетувајте форумов
.
За новите членови, имам само еден совет: ова не е Американски, Германски, Австриски, Француски или каков и да било друг тип на „светски“ форум. Ова е Балкански форум
. Добредојдовте
. Ако знаете да се „снајдете“ со одредена доза на сараказам, негодување и ако сакате да ги запознаете виртуелните карактери (во голем дел од случаите и реални каратери) на редовните посетители на форумот, бујрум
. Ако не, не сте за овој форум. Со здравје и со среќа... можеби ќе се читаме некогаш и некаде
.
Околу прашањето.
Тоа е ICSP хедерот за програмирање на AVR чипот без bootloader
Ова мислам дека е правилниот одговор, но не сум 100% сигурен
.