Значи вака развојна околина ти е да направиш некој софтвер за контролерот со кој ке можеш да научиш како работат и како се котролираат одредени работи како што се најразлични сензори, прекинувачи, лцд-а, дисплеи и слично. Со тоа што би можел да направиш централна единица за контрола на операциите помеѓу голем број на такви уреди со цел да направиш некој поголем проект.
Така на пр. ако имам засилувач за кого треба да направам контрола на гласот за секој канал посебно, следење на температурата и вклучување на одреден систем за ладење со цел да не го оштетам засилувачот, потоа заштита на звучниците и слични работи, така да мене прво ке ми треба одвоено да го истестирам и испрограмирам сите односи на сензори, прекинувачи и.т.н одвоено од самиот засилувач. Притоа ако не го сторам тоа ризикувам да направам штета на засилувачот која ке ме чини повеќе одколку да земам да ги најдам сите грешки во софтверот пред да го внесам целиот во самиот засилувач.
Мислам дека беше доволно јасно објаснето ако имаш дополнителни прашања пиши.
поздрав.