Електронски уреди > Сè останато

Заземјување паралелно на фаза во продолжен кабел?

<< < (2/4) > >>

roliver:

--- Quote from: bicikle on 06.11.2021, Saturday, 22:27:46 ---Незначително. Тие турските не се баш бакар каков што треба да е. Во ЛИРА, Меркур, Хубо, Електро метал би требало да најдеш каков што треба да биде. Пошто имам 3х1,5 20 метра и швајцоапарат си функционира без проблем на него , 3-4kw е. Да не речам фрли го.

--- End quote ---

Ај те молам со омметар измери го отпорот на жицата (од утикач до штеќер). Сигурно не си мерел колку е напонот на крајот од кабелот кога работи швајцот, а баш ме интересира колку е.
јас мерам со штеќер ватметар, кој покажува и напон, струја, косинус фи, мин, макс потрошувачка.

bicikle:
покажува 4 оми, ама не е баш точен ом метарот, оти и пипците ко ќе ги споја исто покажува, и на отпорник до 10 оми исто покажува. Али ко ќе имам прилика ќе измерам.

roliver:
Кабелот е прекинат на 2 дела околу 20м + 30м (не е најпрецизно).

Ако вака добиените 2 кабла се спојат сериски (и да напоменам дека стојат еден над друг намотани на макарата и така се вршат мерењата - значи не се оптегнати) вкупно 50м, при влезен напон од 228 волти, има напон од 204 волти и струја од 5.55 ампери или 1130 вати.

Само на Првиот кабел од 20м има напон од 217.4 волти и струја од 5,91 ампери или 1280 вати,
Само на Вториот кабел од 30м има напон од 213.2 волти и струја од 5.81 ампери или 1230 вати.

Во сите случаи е користен фен, кој ако се поврзе директно без кабел на штеќерот има напон од 226 волти и струја од 6.20 ампери или 1400 вати

Отпорот на двата кабли заедно (100 метри) е 4.0 - 4.1 ом.

roliver:
Само уште едно мало појаснување:

Во првиот пост е користен друг уред не е фен но сепак со декларирано мокност од 1400 вати, приклучен е на приградска електрична мрежа од стара куќа (викендица) и продолжниот кабел е користен во оригинал состојба како што е купен.

Во претходниот пост кажав дека е користен фен, но во градска мрежа во станбена зграда и продолжниот кабел е сечен, сите жици се кримповани во конекторите и првиот орг залиен утикач е пресечен и монтиран друг (заради квалитет - некако ми делуваше лошо изработен).

Сега останува да се проба ваквиот кабел со истиот фен на викендицата. Само тогаш ќе видиме дали вреди замената на утикачот и кримповањето на жиците (како и поврзувањето на заземјувањето како паралелна жица на еден од проводниците). За овие мерење кога ќе бидат извршени ќе биде дадено исто како претходниот пост.

MURO:
Го прочитав само првиот пост. Ако не те преубедил никој до сега, ќе се обидам јас. По пропис, за осветлување е дозволен пад на напон од 3%; За сите други потрошувачи е дозволен пад на напон до 5%. Ова, не е за да светат светилките како што треба, туку да не се грее кабелот што ги напојува. Ти имаш пад на напон од скоро 18%. Многу е. Поврзувањето на еден од проводниците паралелно со заземјувањето незначително ќе влијае.  Не си играј, купи си кабел. Со секое преоптоварување на кабелот ја "старееш" изолацијата многу многу брзо. Еднаш ќе бидне беља.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version