Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Пријателски сајтови и форуми => Topic started by: GigaWatt on 15.07.2019, Monday, 13:52:25
-
Секцијава беше направена поради иницијативата на неколку други форуми, кои објавија на официјалниот SMF форум дека се заинтересирани за размена на линкови меѓу форумите :). Чисто пријателска размена и запознавање на членовите на форумите за други форуми со различни теми на дискусија :).
Се разбира, може да давате предлози и за сајтови и/или форуми кои можеби би биле заинтересирани за размена на линкови (ние да имаме отворено тема со линк до нивниот форум на нашиот и нешто слично или исто да биде направено на нивниот :)), па администрацијата на Македонскиот форум за електроника ќе ги исконтактира и ќе видиме дали и од другата страна се заинтересирани за ваква соработка :).
-
Дали сте пробале со овој форум нешто да направите.
forum.it.mk
Еве една тема на којшто некој член од овде би можел да му услужи.
https://forum.it.mk/threads/arduino-uno-multimeter.72286/#post-1155512
-
Па, искрен да бидам, не сме добиле понуда за соработка. Понудата која првично ја добив беше обострана, т.е. беше отворена тема во Chit Chat секцијата на официјалниот SMF форум и се пријавија повеќе различни сопственици на форуми со желба да се отворат вакви секции на нивните форуми во кои ќе има линкови од други форуми кои се базирани на SMF скриптата. Не сакав да се ограничиме само на SMF форуми и затоа секцијата беше крстена општо, пријателски форуми и сајтови :).
Од друга страна, ние можеме да пратиме понуда за соработка, но во 90% од случаите, сме имале негативни одговори, во стилот на „моментално не сме заинтересирани за соработка, итн.“, така да, освен ако од it.mk не ни пратат понуда за соработка, јас лично барем, не би праќал конкретно на it.mk понуда за соработка.
-
А со femina.mk ?? :)
-
You're joking, right ;D ;D ;D?
Искрен да бидам... што знам... со Македонскиве сајтови и форуми, никогаш не се знае :-\. Не дека не би биле отворени за соработка, би биле, но... обично, кој прв праќа барање за соработка се сваќа како да моли (тоа тука, кај нас, во Македонија, не е баш секаде вака), а не како навистина да сака да ги подобри работите, т.е. да се прошири мрежата на корисници и на двата сајта... искрен да бидам, не сакам да изгледа како да молиме.
Гледам дека барем двајца корисници имаа предлози (иако вториот е најверојатно шега ;D, но без разлика), па, ајде еве, ако сакате, може да отворам анкета и да се изгласа, дали и на кои сајтови/форуми би сакале Македонскиот форум за електроника да прати барања за соработка. Пишете доколку мислите дека е ова добра идеја :) (мислам на анкетата).
-
Форум кој е со слична тематика како електроника.мк е forum.gsm.mk
Незнам на каква соработка помеѓу форуми се мисли: споделување теми, проекти или нешто сосема друго?
Имаше и еден форум е-магаренце но мислам дека не постои повеќе
-
Форум кој е со слична тематика како електроника.мк е forum.gsm.mk
Да, но мислиш ли дека би прифатиле ваква понуда? Знаеш некој од администраторите? Не сум член, така да, не би знаел да кажам дали би прифатиле ваква соработка.
Незнам на каква соработка помеѓу форуми се мисли: споделување теми, проекти или нешто сосема друго?
Не... ние им стоиме во некоја секција како пријателски форум, они на нас во некоја секција (како оваа) исто така и... толку... муабетот е „еве некои форуми кои ги препорачуваме и/или можеби би ви биле од интерес“, тоа е тоа, ништо повеќе ;). Или ако не може да најде информација на овој форум, евентуално да го препратиме на некои од овие форуми, генерално земено тоа ;).
Имаше и еден форум е-магаренце но мислам дека не постои повеќе
Да, изгледа се откажаа администраторите од форумот.
https://www.facebook.com/emagare/
(https://i.postimg.cc/W1BFcYZt/SHOT7068.png)
-
Не познавам никој од администраторите на forum.gsm.mk и незнам дали би сакале соработка, гo спомнав само како форум со слична содржина.
Емагаре беше интересен форум штета што згасна, можеби некој ке го реанимира :)
-
Не познавам никој од администраторите на forum.gsm.mk и незнам дали би сакале соработка, гo спомнав само како форум со слична содржина.
Во ред, може да се проба ;). Ќе се разгледаат предлозите, ќе видиме што ќе се одлучи ;).
-
Пробајте со ФАНЗО форумот
-
Еден бивш модератор на форумов е модератор и на fanzo... раделбата не беше баш пријатна... не верувам дека ќе прифатат.
-
Се бива
Проблем е само експерт групите може да се гледаат со чланарина (се плаќа)
-
Се бива
Не ти го разбрав баш коментаров... сакаш да кажеш сепак да пробаме ???... за fanzo?
Проблем е само експерт групите може да се гледаат со чланарина (се плаќа)
Да, знам... не сакавме овој форум таков да го направиме. Имаше некои идеи да биде invite only, но да се плаќа за членство во било која секција од форумот, тоа никогаш не беше во комбинација.