Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: kalinkar on 08.10.2013, Tuesday, 19:54:55

Title: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: kalinkar on 08.10.2013, Tuesday, 19:54:55
Имам намера да изработам еден мал едноставен полнач на акомулатори еве шема за што по конкретно станува збор

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sl0n.jpg)

од шемата ги имам следниве елементи
1- Грецот
2- Д1,Д2, и Д3
3 - Кондензаторот не ми е потребен.
4 - Отпорници имам керамички дали може да ги ставам нив,
останатите елементи ги немам дали може да се најдат некој еквивалентни (замена) на нив.
Т1 - мј1504 и ИЦ 7815
не постои продавница во мојов град за електронски компоненти, од каде можам да ги искористам или извадам од некоја плочка на пр. телевизиски апарат, видео ПЦ напон.....
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти
Post by: Zan on 08.10.2013, Tuesday, 20:10:09
Кондензаторот е потребен.
Отпорниците треба да бидат со моќност од 3 до 5W, и најверојатно ќе договараат тие што ги имаш.
За транзисторот немам точни податоци, но полначот би требало да работи со било кој PNP транзистор, со струја од 10А.
Reg1 е регулатор за 15 волти и нема замена, мора тој да биде. Најчесто е со ознака LM7815.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти
Post by: kalinkar on 08.10.2013, Tuesday, 20:15:58
дај некоја замена за трансисторот кој мозам најчесто да го искористам
а кондензаторот по твое е потребен за полнач на акумолатор тогаш ок ке го побарам и него некаде во моите плочки.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти
Post by: Zan on 08.10.2013, Tuesday, 20:30:06
Во оваа шема кондензаторот е потребен.
Има многу транзистори кои може да ги искористиш.
Еве некои

MJE2955
BD318
MJ15004
2SA1065

Еве линк од каде е шемата:
Code: [Select]
http://archive.siliconchip.com.au/cms/A_30502/article.html
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти
Post by: kalinkar on 08.10.2013, Tuesday, 20:33:54
Ok Ќе пробам да најдам утре а оваа шема може да се искористи за полнење на афто акумолатори.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: stiffy on 09.10.2013, Wednesday, 10:03:19
за грец користи 100 ампрерски, или најди диоди од алтернатор...најиздржливи чуда се ;)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: Z31GH on 09.10.2013, Wednesday, 21:13:47
ок луѓе, да разјасниме нешто, ако сакаш да направиш полнач за акумулатор, ок. Прво мораш да го прочиташ објаснувето на шемата, на англиски е и тоа е добро објаснето. Второ, употреби нови делови, немој да вадиш од стари уреди, непрофесионално е ако не го правиш со нови делови. Кондензаторот е потребен и тоа многу, ама нема шанси таков да најдеш на некоја плочка, тие се поинакви не се како што мислиш. Максималната струја е 4.4 А така што нема потреба од 100 А диоди. Користете го тоа што е наведено.
Ако немаш продавница во твојот град, порачај од друга и по карго ќе ди добиеш деловите
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: bicikle on 10.10.2013, Thursday, 09:29:02
Се слагам со Z31GH за деловите. Еве уште една едноставна и ефтина шема со лесно мдостапни елементи
Code: [Select]
http://www.electroschematics.com/6833/car-battery-charger-with-transistors
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: DS on 11.10.2013, Friday, 13:57:59
гледам напојувањето треба да е 20 волти, а колку ампери треба да биде истото за да може да полни 40/45 амперски  12 V акумолатор? :)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: sgligor on 11.10.2013, Friday, 14:25:23
Стручнаците за акумулатори препорачуваат полнење на акумулаторот со 10% од неговата номинална струја, Значи за акумулатор од 50А струја на полнење од 5А. А трафото нормално мора да дава повеќе од 5А.
Еве една интересна шема за полнач од хрватски Сам, со убаво објаснување, се надевам Хрватскиот нема да ви биде проблем.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: batka on 11.10.2013, Friday, 22:42:27
Овие шеми од САМ се веќе видени и дискутирани на Форумов.Ме чуди што ретко кој од новите членови се зафаќа со  пребарување на постари постови и теми ,кои бар за полначи за акумулатори ги има подоста.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: Jovicar on 12.10.2013, Saturday, 17:47:37
Е Стави само грец после трансфроматорот, и ако трафото ти е повеке волти од 12-15 тогаш стави и интегралец 7815 и ке полни без проблем, јас дома имам направено  5 6 полначи ниеден ми нема интегралци,кондензатори итн. Само тој што ми е автоматскиот тој ми има плочка со неколку елементи и две лед диоди. Инаку имам и готов полнач од германија трафото е 500мА а полни 100амперски акумулатор за 24 саати.  8)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: LordZi on 12.10.2013, Saturday, 18:03:24
Празен 100А акумулатор нема да го наполниш со 500mA за 24 часа сигурно... ;)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: batka on 12.10.2013, Saturday, 19:23:18
Пуста математика,абе не пишувајте вакви работи ,има некој кој знае и чита - и се смаеат,да знаете ( не само Лордзи..) 8)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: MarkoMK on 12.10.2013, Saturday, 23:52:42
Ако мислеше 500 мА на примар, тогаш значи трафото му е околу 110 вати, па ај некако има логика да го наполни акумулаторот од 100 А.  Иначе со 500 мА на излез ништо не прави  :) :)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: Jovicar on 13.10.2013, Sunday, 00:09:59
Пуста математика,абе не пишувајте вакви работи ,има некој кој знае и чита - и се смаеат,да знаете ( не само Лордзи..) 8)
Е адаптерот пишува OUTPUT 12VDC 500mA знам да читам до толку и јас  :D
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: batka on 13.10.2013, Sunday, 00:32:09
Батка,вака сега : 0,5А х24h =12Ah .Ами до 100 Аh знаеш ли уште колку има?? За мало надополнување ( тоа му е намената веројатно) е во ред ,ама ако е празен акумулаторот ,под 12V, рачунај вака: 100Аh акумулатор за полнење бара 1/10 од  јачината ,односно 10А би го наполниле за 10 часа,20А -за 5 часа... Колку повеќе ампери толку помало време,ама и векот на акумулаторот се намалува.Во Германија и на запад се користат такви апаратчиња кои го надополнуваат цело време акумулаторот,особено ако не се користи автомобилот подолго време( во гаража е поради снег,мраз).Ова надополнување се користи акумулаторот да е постојано свеж и спремен за старт.Поновиве возила имаат дури  и посебен слот кој се врзува на оваков апарат додека е автомобилот зиме гаражиран.Напролет ,го ставаш клучот во брава ,контакт и пали од прва! Не мешај дополнување и полнење.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 13.10.2013, Sunday, 14:12:26
Така е батка убаво ви објасни не мешајте поими акумулатор со 6 ќелии и секоја ќелија е по 2,1 волт дава 12,6 волти напон и за да се наполни ако е напонот под 12 волти или да речеме 11 нема да може никогаш да ја стартува колата е сега ако е со капацитет од 100 ампер-часа ќе ти треба струја од 10 па до кај 20 ампери за да го  наполниш да речеме побрзо и да го дигнеш напонот повторно на 12,6 волти така да со 500 милиампери за 24 часа нема шанси да се наполни глупост е тоа убаво кажа батка не мешај дополнување со полнење од празен
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: DS on 07.11.2013, Thursday, 13:35:39
сакам да направам еден ваков полнач за акумолатор за домашна употреба. мислам гледав негде низ форумов шема за полнач на која има лед диоди(или грешка сум) :D , за кога ке се наполни акумолаторот да исклучи? :)

офф топик

дали знае некој како да проверам дали акумолаторот е рикнат?? кога е врзан на автомобилот ми го празни на неколку возења (вози додека има струја) , на мајстор ми рекоа дека алтернаторот не го полни акумолаторот, дава напон под 12V на запалена кола.
има ли некој начин како да проверам дали акумолаторот е во живот затоа што со апаратче го полни до 12.6V :)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 07.11.2013, Thursday, 15:02:02
Не те сфатив добро колега.Нај едноставно проверување на акумулатор вози ја колата на една подолга релација, да речеме и ако после акумулаторот не држи струја значи тој не е исправен но ова ваши под услов да ти е исправен алтернаторот.Ако алтернаторот не е исправен пак тој не ќе може да го наполни акумулаторот значи акумулаторот е празен,а не неисправен.Земи ако имаш исправувач полни си го акумулаторот пошто исправувачот отприлика го полни акумулаторот со 14 волти ќе треба да ти го наполни овој и да дава акумулаторот откако ќе го наполниш 12,6 волти.Но чим ти кажале во сервис дека и алтернаторот ти е неисправен провери си го првин алтернаторот дали од кај страната на реглерот дава 14 волти или 13,8.И ако не тие тешко за што кола се работи.Инаку не те сфатив добро ти си ја однел колата во сервис и ти кажале каде е проблемот или не. ;D ;) ;). Инаку ако не тие исправен алтернаторот акумулаторот ќе се испразни и не ќе мошеж ни да го возиш автомобилот нели ;D ;)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: DS on 07.11.2013, Thursday, 15:35:44
едно време мислев дека е акумолаторот рикнат во план бев да земам нов (ке сум се зезнел)  :D, ја однесов кај еден мајстор кој измери директно на клемите и покажуваше 10V со ставен акумолатор (акумолаторот беше празен), стави негов акумолатор и покажуваше напон колку што му е полн акумолаторот 12,5V . (што значи не го полни и колата вози додека има струја како што кажа ти) се работи за сеат ибиза 1.4 2000год.

треба да покаже 14V или 13,8V дитектно на клемите со изваден акумолатор додека колата работи, така? :)

башка тоа затоа и ве прашав како да проверам и дали акумолаторот  работи како што треба (да не има пробиена келија или слично) ? (многу забегавме од темава : / )
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 07.11.2013, Thursday, 17:37:57
Очигледно дека алтернаторот не е исправен ако имаш или ако некој твој пријател има исправувач наполни си го акумулаторот и ставиго во исправно возило и така неколку дена и ќе го тестираш дали е добар.Инаку во вакви ситуации некои мајстори ѓи отвараат акумулаторите и со аерометар гледаат каков е електролитот во каква состојба е но не ти го препорачувам тоа освен ако не ти е стоен акумулаторот.Но сигурно овој дефект не ви е од одавна.Или можеби грешам.Ако дефектот не ви е од одамна тогаш само наполнете си го акумулаторот.Тоа е најдобро решение  ;) ;)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: DS on 07.11.2013, Thursday, 18:53:52
до алтернаторот ке да е, пет пати до сега го полнев :)

да се вратиме на темава има ли негде шема за полнач на која има лед диоди , за кога ке се наполни акумолаторот да исклучи исправувачот? :)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: batka on 07.11.2013, Thursday, 22:37:06
Батка,а пред да бараш малку повеќе време да побараш низ старите теми?? На Форумов има теми кои се совпаѓаат со вашите барања! Ова важи пред се за новите членови - барајте малку низ старите теми,не чекајте се на готово!

Еве линк

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3942.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3942.0)
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 08.11.2013, Friday, 14:22:16
Е чим е како што реков до алтернаторот сакал нејќел ќе мораш и тој да си го смениш.Сега има поволни алтернатори по доста пристапни цени.А ете батка одма ви ја најде шемата за полначот  знам дека имаше една ваква на форумов сакав да пишам но ете сега ја имаш значи и полнач ќе си правиш ;D ;D
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: Toma on 08.11.2013, Friday, 17:09:07
Темата и маката на DS не е за пишување и одговарање или коментари во оваа тема бидејќи е со друга проблематика.

Не треба да се брза со купување на друг алтернатор. Причината за тоа е проста, без сигурна дијагностика за кој дел од склопот на алтернаторот се работи (регулатор на напон -реглер-, статор, ротор, каиш итн...) може да се даваат пари без потреба!
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 08.11.2013, Friday, 21:03:46
Така е Тома,баш сакав да кажам реглерот да си го испита пошто најголемите кварови се јавуваат на реглерот.Но еве мене ми беше отиден роторот многу страда и тој и четкиците премногу страдаат.Но сепак мајстор автоелектричар ќе му каже најубаво што како.Не треба да се брза јас не го брзав само кажав.Викаат брза кучка слепи кучиња раѓа,можеби може и да се поправи алтернаторот.Малце и забегавме од темава тука не и е местото ама нема везе.Може нема да ни се наљутат админите. ;D ;D
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: DS on 08.11.2013, Friday, 21:50:49
се извинувам поради забегување од темата  :(

почнав да ја правам шемава што batka ја имал поставено низ форумов, па пред да продолжам со завршување на плочката сакав да праша во врска со неа..
зошто ми се потребни двете шеми т.е

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/aku_polnac.jpg)

(ова)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/3A_Switching_Regulator_Using_LM317K.png)

(и ова)

доколку ја направам само првата колкав е максималниот напон што може да се врзе затоа што нема регулатор за регулирање на струјата и напонот (зошто го нема?)

или треба да ги направам двете шеми и да ги спојам  т.е таа со колото кое што има регулатор LM317 да ја спојам со првата шема и грецот да го врзам на втората? :)

Во врска со првата шема:

какви треба да бидат Т1 и Т2 не гледам никакви ознаки и каква е диодата 6,8V, едниот крај е врзан со катодата на Т2 а другиот...?

Со плочката сум при крај, уште како да ја врзам диодата од 6,8V ?


Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: batka on 08.11.2013, Friday, 22:34:44
За полнење на акумулатор не е потребно филтрирано и стабилизирано напојување. Напротив,наједноставното е и најдобро - трафо и грец (што појак можеш да си дозволиш),како и ограничување на струјата (отпорник, електроника итд),За контрола или за мерење на вредностите  треба волтметар и амперметар( или само едното! ;D).И прочитајте малку теорија и не пишувајте * бисери* бидејќи ве читаат и некој луѓе кои се разбираат малку повеќе,ане сакаат да коментираат.Тоа е минус за  нив,ама тоа ти е! ;D
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: DS on 09.11.2013, Saturday, 10:58:53
има ли некое дополнително објаснување за шемава од претходниот пост,колкава струја влече?
какви (т1,т2) тријаци да барам нема дополнителна ознака?
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: LordZi on 09.11.2013, Saturday, 11:16:02
Ако разбираш српски, има на elitesecurity.org неколку теми баш за овој полнач...
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t465539-Punjac-akumulatora-RK
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t343222-Hitno-Mnogo-se-greje-RK-automatski-punjac
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t462889-Plocica-za-automatski-punjac-akumulatora-RK
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 09.11.2013, Saturday, 12:54:14
Така е убаво ви кажа  батка претходно не треба за полнење на акумулатор стабилизиран извор на напојување.Наједноставно е како првата шема трафо и еден јак ама јак доста снажен грец.Инаку и вака не е добро ќе треба волтметар да се контролира стално напонот на акумулаторот.Јас ако би правел полњач би го направил наједноставниот со најмалку компоненти.Но членовиве на форумов ти дадоа многу интересни шеми а и низ форумов има и доста други постари теми во врска со ова.Мислам во врска со полнач за акумулатор нели.Е сега интересна шема беше и онаа со диодите.Кога свети жолта сигнализира дека работи,кога свети црвена се полни и зелена тоа значи дека е полн.Незнам колкаво е твоето искуство со електроника.Ако си почетник пробај со поедноставна шема.А ако имаш искуство пробај ѓи и другите шеми.Како втората и третата.Нај убаво да си размислиш што како ќе правиш.Сепак треба да се гледа и на цената на склопот. ;D ;D ;D.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: DS on 12.12.2013, Thursday, 20:05:09
ја направив следнава шема на плочка све спастрено, скоцкано :)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/aku_polnac.jpg)

пред тоа ме интересира, во кој оспег треба да се менува напонот со потенцимометарот на излез, за проба го поврзав на влез // 18V (се менува од 12.6V-15V), // 12V (се менува од 7V-10V).
Дали е тоа во ред?Да не треба да се менува од 0V па нагоре?
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 12.12.2013, Thursday, 20:38:03
Па чекај нели ти со ова ќе полниш акумулатори не ти треба нула волти ако полниш мало акумулаторче 6 волти ете ти си добил седум волти напон супер секад се полни со еден волт па и малце од еден волт поголем напон од напонот на акумулаторот.Ако сакаш дванаесет волти ете ти пиша дека си добил 12,6 волти не ти препорачувам на петнаесет волти да полниш акумулатор кој е дванаесет волти ќе дојде до оштетување во плочите максимун се полни со 13,6 волти.Е сега не треба да покаже нула волти па ова не е со регулација наменето е за полнење на акумулатори разни исправно ти е според мене со здравје да го користиш.Јас барем така сватив цело време ти ова го направи за да полниш акумулатори и батерии нели. ;) ;D
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: batka on 12.12.2013, Thursday, 21:22:08
Значи ,за 12v автоматиката треба да се намести на 13,6V да искулучува(наполнет) Кога полни светат црвена и жолта ЛЕД! Кога се наполни зелена - полнењето е готово и се закочува тиристорот.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: nsu on 12.12.2013, Thursday, 21:27:10
Е така како што реков 13,6 волти и јас претходно.Вие му објаснивте баш кратко и јасно само дванаесет волти ќе си полни акумулатори нели.А може да се подеси и за друг сигурно нели.
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: Zilata on 30.03.2016, Wednesday, 23:19:34
Со оваа шема погоре дали е можно полнење на акумулатор од 100 Аh, ако се стави грец од 30 А
и тиристорите да бидат за поголема струја ??
Title: Одг: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор
Post by: bicikle on 01.04.2016, Friday, 03:28:24
и со 1А ќе наполниш акумулатор од 100аЧ само ќе ти требаат 120-130 саати(100 теоретски)  :)  за надополнување може и со 5А за некое пристојно време, зависи колку е испразнет. не мора да го полниш100% (иако е пожелно). Подобро се полни со пулсна струја. Грецот не е тој што ја ограничува струјата, него колото за детекција на струја и "overcharge". Значи, ако мениш појаки тиристори, ништо нема да се смени. Колото е ограничено од неколку амп до десетина ампери, не може горната граница да  му е безконечност, па така да таа е далеку испод 30А. Ако најде објаснување за колото би требало да пишува кои делови го сочинуваат делот за детекција. Пожелно е до крај 10в да се полни со 2-5% од капацитетот, само во делот од 10-13,8в може да се полни со поголеми струи, а од 13,8 до 15,7 се големува процесот на десулфација, но и на греење и електролиза, па во овој дел од напонот стуите опаѓаат од 10% до 0% од капацитетот. Значи графикот на напонско-стујното полнење треба да биде како триаголник. Исто така акумулатрите се отпорни на краткотрајно интензивно понење, некогаш поголемо од 100% од капацитетот, но тоа трае неколку секунди. Тоа е случај кога се верга, а потоа алтернаторот со сиот свој капацитет го наополнува исцрпениот акумулатор, бидејќи акумулаторот во тој момент „влече„ многу повеќе струја одколку при нормална работа. Сепак тоа се случува во тек однеколку секунди, при што акумулаторот постигнува некој номинален напон и струјата на полнење драстично е намалена. За убрзано полнење во подолги периоди, максимално препорачана струја на полнење е 20%. Значи ако имате пулсна струја на краевите од полначот, која има однос пулс-пауза од 50%-50%, тогаш може да се полни со двојно поголема струја, бидејќи акумулаторот пола од времето "одмара".