да работи и оваа верзија проверена од мене, сите отпорници се 1%, напојувањето е изведено со 7805 и 7660 за -5V (-4,65 незнам колку ова влијае на точноста) .
Еве ги експортирани во PDF. Во JPG е зачуван распоредот на деловите на плочките . Димензиите на плочките се 1:1, може да ги импортираш PDF фајловите во CorelDRAW или некој друг векторски ориентиран програм .
Би сакал да ги запрашам членовите на форумов дали може овој тип на дисплеј да се користи за овој уред АТМ1602А.
Ќе работи со било кој 2х16 дисплеј, без разлика дали се приклучоците од страна или од горе, само треба да се запази распоредот на изводите.Исто така можно е да треба корекција на вредностите на R30 и R31 за различни дисплеи, пошто тие го одредуваат контрастот, најдобро е да се заменат со тример.