Author Topic: Ми треба сервисна шема за телевизор GoldStar CBT 6082  (Read 1376 times)

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
TDA3653B

Јас мислам дека овде ти лежи проблемот...За да си сигурен прво мораш да ја средиш мрежата, односно да смениш електролити во мрежата..Ги има три комада колку што се сеќавам, потоа ке ги смениш електролитите во вертикалниот излезен степен...Значи не ги мери, не ги проверувај, туку замени ги. Ако се случува истиот проблем, најдобро ти е со ледол да го оладиш интегралецот за вертикала, но претпоставувам немаш, а тој спреј е релативно скап. Затоа подобро е да си купиш и вертикала, која е најчесто околу 50 денари и да видиш што ке се случува понатака. Ако ти се јави повторно истиот проблем, провери ги и малите блок кондензаторчиња околу вертикалата. Вака на памет тоа ми доаѓа како идеја...Не се сеќавам како се подесуваше вертикалата, но мислам дека има и тримери за подесување кои исто така можат да прават проблеми...
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...