Тоа и е проблемот не сум толку искусен за да го најдам тој дел, пробав преку итегралните кола ама не најдов некој за хоризонтала вертикала.. па затоа побарав помош од вас за сервисна шема ако може да најдеме.
Хоризонталата има хоризонтален отклонски транзистор, нема интегрирано коло, напоните се премногу големи за да може ова да се направи во едно интегрирано коло. За вертикалата, би требало да имаш некое интегрирано коло, најчесто некое TDA.
И како што рекоа другите членови, најверојатно е некој сув електролит во хоризонталниот отклонски степен, а може некој сув да има и во вертикалниот. Транзисторот во хоризнталниот отклонски степен најчесто е нејголемиот транзистор на шасијата и има приличо големо ладилно тело, така би требало лесно да го лоцираш. За вертикалата, како што реков, најчесто е некое интегрирано коло кое личи на интегриран аудио засилувач. Само не го буни со аудио засилувачот за звучниците, можно е да се слични, но не се исти
.