Author Topic: Проблем со телевизор Quadro CTV55f37 (11AK30)  (Read 675 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
имам проблем со погореспоменатото тв, изгорен беше свичинг транзисторот не се вклулчуваше тв-то, го заменив и сега си се вклучува но има друг проблем, кога се вклучува нешто зуе, сликата е цела разматена (снег е ама како да нема синхронизација) после 20-30 секунди го снемува звукот и тв-то продолжува да си работи нормално, одосно доаѓа чиста слика и се губи звукот.

При вклучување во струја се слуша кратко тој пискав звук и се губи после (пократко од 1 секунда)

Шасијата е 11АК30S - 2

во прилог имате сервис мануал што успеав да најдам по таа шасија

Некој идеа кај да проверам и што да проверам.

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
А електролитите ги замени?
Кои напони ги имаш на секундар од мрежата? На вредности мислам. Дали се ок и дали се менуваат по тие 20-30 секунди?
Дали одкако ке се загрее телевизорот проблемот се повторува ако се вклучи исклучи?
Дај список на основни елементи во телевизорот, процесор, трафо, екран, отклонска итн итн да не набројувам.
Недостаток на информации, барем ти не си почетник, знаеш како треба да изгледа пост во кој се бара помош за одреден проблем.
Поздрав
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Утре ќе ги ипитам останатите работи, еве од она што открив до сега

електролити не менував ништо, не мерев напони, откако ќе се загрее тв-то и го исклучам и повторно вклучам повторно се појавува истиот проблем, значи нема разлика дали работело претходно или не

останатото утре ќе допишам, набрзина го отворив и само транзистор сменив и толку
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Критичен дел е C613 од 10uF. Пожелно е да се замени со 22uF.
C5388 или BU808DFI треба да е квалитетен и ,,проверено добар,,!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Абдејт околу телевизорот

Оти немал газдава телевизор дома ми рече да го соберам и така да му го дадам, и претходно така брчел, а пошто јас работам за гага (не за сите, подалечни роднини сме) му го дадов и му кажав дека ќе мора нареден пат мајстор да си бара, оти јас нема да му го поправам.

Најверојатно зуењето доаѓа од хоризонталниот дел на тв-то, барем онака на слух така изгледаше, друга работа што заприметив тоа се случува само кога е тв-то е во работа преку тјунеро (не е на AV канал поставен), а се губи кога ќе се префрли на AV каналот и се донесе сигнал преку скарт.

Поради тоа што и малку е како стеснат од десна страна екранот (не многу ама сепак се познава) мислам дека е сув кондензатор кај хоризонталниот степен.


Фала за помошта во секој случај, темава ќе ја заклучам, нема д аја бришам, можеби нанекој ќе му користи било каква информација.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!