Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Acki2009 on 10.07.2012, Tuesday, 12:49:27
-
Разбарав по google и не можам да најдам сервисна шема за овој тв, проблемот е тоа што е изгорен отпроник R415 при што ја нема црвената боја.Дали може да се најде шема па за да видам која вредност ја има отпорникот.
-
Тоа е барем наједноставно...Види која вредност ја има отпорникот од зелената боја...Тие се идентични...
Или од плавата, сеедно...
-
Во ред отпорникот го сменав но пак нема црвна боја сега да видам да мерам електролити би требало да е до нив
-
Прво провери кој напон го има R излезот (за црвената боја).
-
R излезот на rgb плочата?
Споено мислење: 10.07.2012, Tuesday, 16:25:56
На R има 3.4 волти.
-
Итересна тема за твојот ТВ
http://www.fanzo.org/forum/viewtopic.php?p=54372#p54372
-
R излезот на rgb плочата?
Да, на RGB плочката за катодната цевка ;).
На R има 3.4 волти.
Многу е низок напонот. Провери да не случајно е изгорен некој од driver-ските транзистори на RGB плочката. Проверка можеш да направиш со менување на транзисторите, на пример, од R на G или B линиите ;). Ако има IC место транзистори, ќе треба да менуваш разпоред на пинови на IC-то за да провериш дали некој од driver-ите во IC-то е изгорен (иако, барем колку што знам, ретко гори само еден driver, најчесто горат сите ако RGB излезот е изведен со IC место со транзистори).
-
Изведено е со трензистори и колкав би требало да биде напонот на R и дали и на G и B линиите треба да го има истиот напон.
-
Изведено е со трензистори и колкав би требало да биде напонот на R и дали и на G и B линиите треба да го има истиот напон.
Напонот би требало да биде околу 100-тина V peak-to-peak. Инаку, да, сите напони (R, G и B) би требало да се движат во овој опсег ;).
-
R,G,B имаат по 130 волти значи напонот е во ред, сега што да правам понатаму?
-
Колку е напонот на G2. Заврти го на десно долниот тример од високонапонскиот трансформатор и напиши дали на екранот нешто се менува !
-
На rgb плочава нема G2, него има H.G и Heat на нив нема напон, а кога ќе го завртам тримерот на десно се зголемува светлината на екран.
-
На rgb плочава нема G2, него има H.G и Heat на нив нема напон, а кога ќе го завртам тримерот на десно се зголемува светлината на екран.
Не може на Heat да нема напон ако екранот работи. Напонот би требал да биде мал, најчесто 6.3V за загревање на топовите од катодната цевка.
Од една страна имаш пишано дека на R има 3.4V напон, а потоа имаш пишано дека е се нормално, дека напоните на R, G и B имаат по 130V. Кое од овие две е точно?
-
На R,G,B има напон од 130в
-
Како нема G2 !
Оваа на сликата како пример !
(http://www.electronicrepairguide.com/screen%20voltage.jpg)
-
На R,G,B има напон од 130в
Епа тогаш се би требало да биде ОК ако е ова точно, би требало и црвената боја да ја имаш.
-
Мало оффтопик прашање: Ако тестерот од мултиметарот го ставам на некој лем кој сакам да го измерам, на што да заземјам. На пример црвениот на некоја точка а црниот каде?
-
StefanJapanac , На тјунер ( бирач на канали ) во 99% случаеви !