Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Pance24 on 26.04.2012, Thursday, 13:57:02
-
Станува збор за овој вид на Тв откако ке го уклучам сликата е некакоо ко зеленкаста боја, некогаш дури по 1 сат ке се врате на нормала слика ама некогаш истото пак. Ги имам отворени и сменето транзисторите кај што се на катодната цевка плочката ама пак истото. Чудното е тоа што ако работе без задниот капак на ТВ слика си ваде најнормално. А ако го ставам капакот пак добива зеленкаста боја на сликата. Кажете ми некоја солуција? Овој проблем е уште одамна откако го удри гром :D ама пак си работе освен ш ја губе бојата.
-
истото се дешаваше кај еден другар на *електа* копија на Тошиба, извади му го задниот капак, се е океј, стави го капакот мава на зеленкасто, солуција не најдов му сменив и дамп, ама пак беше исто и го оставив без капак ;D ;D
-
можно е да е некој ладен лем
-
Pance24. Дали си сигурен дека телевизорот е Quattro или е QUATRO, патем која шасија е ?
-
Грешка Quatro TV-29 е :D
-
Имаш проблем со магнетизација на екранот. Некое магнетно поле влијае врз него и ги изместува боите. Провери дали истото се случува и ако телевизорот го поставиш на друго место во станот или собата.
-
Претпоставувам дека екранот е LG-Philips 29 инча...
99% се сомневам во него, но некако чудно ја објаснуваш таа појава со зеленкаста боја...
Поздрав и пријатен ден.
-
Имаш проблем со магнетизација на екранот. Некое магнетно поле влијае врз него и ги изместува боите. Провери дали истото се случува и ако телевизорот го поставиш на друго место во станот или собата.
Секаде е исто... Сеа во последниве неколку минути се врати ок бојата ама некако ко да нема острина како да е матна резолуцијата,пробав и со контраст и со зголемување на острина ама истото е пак.
Споено мислење: 27.04.2012, Friday, 14:18:48
Проблемот е среден :D Го решив така што ги одлемив сите транзистори BF 423,422 и му ги заменив местата.
-
Оваа е дискутабилно колку е решено освен пред промената на местата на транзисторите некој од нив можеби имал ладен лем !!!
Патем исправи го насловот во првиот пост зашто пребарувачот ќе си седи со скрстени раце а Google bot ќе го бламира македонскиот форум во очите на корисниците на интернет! ;)
-
Патем исправи го насловот во првиот пост зашто пребарувачот ќе си седи со скрстени раце а Google bot ќе го бламира македонскиот форум во очите на корисниците на интернет! ;)
Корегирано ;).

Не знам ни јас што било проблемот ама и претходно сум се обидувал да ги прелемувам заради ладен лем. Ама секогаш неуспешно. Станува збор за танзистори кои што се на плочката кај катодната цевка. имаше вкупно 6-7 транзистори.