Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: alex on 30.11.2010, Tuesday, 14:07:18

Title: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор?
Post by: alex on 30.11.2010, Tuesday, 14:07:18
дечки, го изгребав мониторот случајно... како можам да ја отстранам гребнатинката?
на интернет најдов неколку решенија, но повеќето се со некакви пасти (кои не верувам дека ги има кај нас) а другите ми се малце „хемичарски“...
ако некој го имал овој проблем и го има решено, нека го сподели решението...
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: GigaWatt on 30.11.2010, Tuesday, 14:16:00
Не знам, на ваков проблем не сум налетал до сега, а и мене ме интересира како би се корегирало вакво нешто ;).
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: DX-er on 30.11.2010, Tuesday, 14:23:33
истиот проблем го има и на мојот дисплеј, ако некој знае нека пише
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: alex on 30.11.2010, Tuesday, 14:44:06
ја отстранив гребнатинката
ептен малку се познава :)

вака направив,

1. Го исчистив мониторот со микрофибер крпа
2. Малку нанесов дестилирана вода
3. Бришев со обична гума за бришење молив !
4. Повторно со микрофибер крпата и вода

и гребнатинката едвај се познава
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: GigaWatt on 30.11.2010, Tuesday, 14:46:07
Хмммм, интересна техника, ај, ако некогаш ми дојде на сервис некој монотор со ваков проблем, можно е да пробам ;).
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: batka on 30.11.2010, Tuesday, 15:44:25
Сум пробал доста *техники*,ама ниедна не е баш успешна ;) Најдобра техника е  да не направите рецка,а потоа да ја поправате.Има една силиконска паста(проѕирна е) *polyplex* се викаше,ја имаше порано ама одамна не можам да ја најдам.....Се нанесуваше на крпа и се триеше доста долго.Се оставаше 30 мин. и ако е рецката поплитка можеше да се поправи. Сега одамна не сум ја видел по каталозите.
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: Jove on 30.11.2010, Tuesday, 20:37:28
и бе има такви пасти и јас сум слушнал но све тоа чини многу така лесно да се отстранува алекс неверувам со дестилирана вода  ?!?!
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: alex on 30.11.2010, Tuesday, 21:31:06
и бе има такви пасти и јас сум слушнал но све тоа чини многу така лесно да се отстранува алекс неверувам со дестилирана вода  ?!?!
изгледа немаше голема вдлабнатина, мала гребнатинка била (за среќа)....
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: bicikle on 18.12.2010, Saturday, 08:58:01
Ами сакав да ти реча и ја со пасти, поточно полир-паста... само незна како ќе реагира на монитор.... Инаку и јас имам изгребан монитор (сега сум на него ) ама во долниот дел е изгребан па не ми смета многу, па не сум ни пробал да ја поправам гребаницата...
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: batka on 21.01.2011, Friday, 16:22:46
Немој со полир паста!!!! Таа има честички во себе и ке направиш 100 рецки!!!
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор
Post by: bicikle on 21.01.2011, Friday, 17:39:59
да, ама работава е што ниедна нема да приметиш, т.е. да видиш.. Барем за цд-а функционира, т.е. изгледаат добро па сега како ќе биде микроскопски површината....
:)
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор?
Post by: SKOLS_OLD on 21.01.2011, Friday, 20:56:08
а дали знаете како да се остранат гребнатинки од хауба на зелен автомобил?
ПС.Извинете за оф-топиков ::)
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор?
Post by: bicikle on 22.01.2011, Saturday, 06:17:44
исто со соодветна полир паста
или прово со иста боја ќе го офарбаш. за ден два оркако ке се исуши го полир ќе го изжулиш убо .
Title: Одг: Како да отстранам гребнатинка на лцд монитор?
Post by: *JOVE* on 22.01.2011, Saturday, 18:40:40
не гребнатинката нема да ја отстраниш со полир паста ич не пробувај  полир пастата е  за чистење на автомобилот од надворесни влијанија  и во себе пастата содржи  фина песка :o