Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: ackata on 11.10.2010, Monday, 17:47:42

Title: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: ackata on 11.10.2010, Monday, 17:47:42
Проблемот е во тоа што при приклучување на телевизорот сликата препери периодично, аудио во ред дури и кога ја нема сликата. поозз
Title: Одг: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: Devil on 11.10.2010, Monday, 20:45:48
дали екранот е осветелн или е темен цело време ?
дали сликата трепери во ритамот на тонот/ музиката која се репродуцира ?
Дали имате искуство со сервисирање TV приемници ( малку звучи глупо прашањево ама тоа е )
пошто ако почнам да користам некоја чудна терминологија дали ќе ме разберите :)

доколку не е осветлен ич екрано грешките може да се бараат кај следниве делови :
-нема висок напон на анодата или пак е премногу мал
- нема напон на првата или втората решетка од цевката
-Не работи хоризонталниот осцилаторски степен или пак хоризонталниот излезен степен

Доколку екранот е осветлен
- Неисправно видео појачало
- Неисправен видео детектор
- Неисправна електроника во меѓуфреквентното појачало

Доколку имате познавање од сервисирање еве неколку мерни точки кој можете да ги следите
( прикачени се во атачмент )
Title: Одг: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: ackata on 11.10.2010, Monday, 21:03:23
поседувам  искуство мислам сум сервисирал некои видови на дефекти како на пример во степенот за напојување, вертикалата , но со ваков дефект се немам сретнато
прецизно дефектот, е при сатрување, притискање на прекинувачот за мррежниот напон звук се јавува но подоцна по десетина секунди доага и сликата се нормално , слика ке се емитува ,но по неколку секунди сликата  се губи и екранот  е потполно црн. како што напоменав досега сум немал сретнато ваков случај , мерам некои напони на CRT плочката но незнам дали се во ред . ке треба да прочитам некоја теорија ако  напоните на катодната цевка се стандаризирани т.е. слични за различни тв приемници или да барам шема на која ги пиши пропишаните напони .
Title: Одг: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: GigaWatt on 11.10.2010, Monday, 23:15:35
Можно е да е отиден екранот, а можно е и да не му стига на екранот доволно голем напон од split трафото... треба да се провери... :S
Title: Одг: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: Malecko on 11.10.2010, Monday, 23:24:52
А да не и треба регенерација на катодната цефка?Ова е чисто предпоставка. :D
Title: Одг: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: Devil on 11.10.2010, Monday, 23:29:58
делот од напојувањто не чини :)
тој што се користи за добивање на висок напон, провери тука кондензатори и транзистори дали се исправни
Title: Одг: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: GigaWatt on 11.10.2010, Monday, 23:33:43
Па на тоа мислев и јас, ако се напоните на примар на високонапонскиот трансформатор ОК, би требало и на излез да бидат ОК, ако не се ОК на влез, и на излез нема да бидат ОК ;).
Title: Одг: Проблем со samsung ck-21h1t
Post by: Malecko on 11.10.2010, Monday, 23:39:19
Види го колото кај хоризонталниот излезен степен. :)