Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Acki2009 on 02.05.2013, Thursday, 16:23:54
-
Значи се работи за тв Gold Star модел CBT-9328, шасија PC08X8. Тв-то има проблем со гаснењето, кога ќе зададам команда преку далечинското за да се исклучи се губи сликата за кратко како да е исклучен и повторно си се вклучува. Проблемот е во тоа што не можам да го ставам тв-то во standby положба. До сега прв пат отворам ваков тв, и не сум се сретнал со ваков или сличен проблем па затоа барам помош, некоја идеа како да си го средам тв.
-
Дали се слуша “клик“ од релето?
Провери го далечинското дали контактот за гасење е чист!
-
Да да се слуша, далечинскто е во ред затоа што кога ќе притиснам на Power на далечинското тв-то се гасни се појавува хоризонталната лед диода за исклучено и пак се пали, не сака да остани во standby положба.
Споено мислење: 02.05.2013, Thursday, 19:20:44
Поради неможноста да го гасам тв-то преку далечинското морам тоа да го правам преку главниот прекунувач, но тоа не е тоа и тој ќе се расипе.
-
Извади го релето и види дали контактите се одвоени (не се “залепени“ ).
Сепак отвори го далечинското и исчисти го, не го пишувам тоа напразно!
-
Далечинското го исчистив со алхохол, релето го извадив и проверив не се залепени контактите пак исто.
-
А,да пробаш со оптокаплерот,онака ,за проба 8)
-
На конектор P6 извод 2 (on-off) провери како се менува напонот и дали останува исти и при исклучено и вклучено
-
На конектор 6 пин 2 има 4.8 волти и кога ќе притиснам Power на далечинско како да варира за плус 0.5 волти и пак се врака 4.8.
-
Истото провери го на 5 извод од SAA1293 02.
Шасија PC08X8:
(http://s6.postimg.cc/l364a5hs0/PC08_X8.jpg)
-
На пин 5 од SAA1293 02 има 53 mV и не се менува напонот со притискање на Power.
-
Мислам дека имаш проблем со мрежата...
Провери ги сите електролити како во секундар така и во примар...
Сум заборавил, одамна било, ама провери го и напонот. Можно е да треба да се корегира со тримерот...
p.s. А и некако како да ми се враќа филмот, како да имаше и некое транзисторче кое знаеше да прави оваква глупост...Некое бц ако не беше...Стварно сум заборавил ;D
-
Тоа го направив од прва но заборавив да го наведам, сменав 10-тина и повеќе електролити. За кој напон да се зголеми со тримерот B+ ли?
-
Да, види дали тој е ОК...
-
B+ е 110 волти, мислам дека тој напон е добар.
-
На пин 5 од SAA1293 02 има 53 mV и не се менува напонот со притискање на Power.
Испумпај го тој извод (да остане само тој) и ако пак не се менува напонот пробај го SAA1293 02 (може и SAA1293A 03 или руско КР1506ВГ3)
-
Дефектот е пронајден. Дефектот беше во главниот прекинувач, тоа ќе биде објаснето и сликовито. Прекинувачот што водеше до конекторот P6 беше нонстоп во куса врска затоа не можеше тв-то да се стави во standby режим. Сепак ви благодарам за дадените мислења, коишто и понатаму ќе бидат во наша корист.
(http://imageshack.us/a/img191/247/slika12.png)
-
Да не отворам нова тема бидејќи се работи за истиот тв. Тв-то има проблем со губење на сигналот од тунерот т.е од кабелската, кога ќе се изгуби сигналот прво со го воочив е дека би мозело да е проблем џекот го сменав со друг пак исто, тв-то ќе работи одредено време и се губи сликата како да е изваден кабелот односто како да има прекин во доводот на кабелсаката пробав и на друго место истото го прави, значи ќе поработи одредено време и се губи па ќе ги извадам кабелот го вракам назад има слика. Прелемен ми е тунерот што друго би било проблем?
-
Кога го мрдаш кабелот/конекторот се губи сликата?
-
Отвори нова тема со сите релевантни податоци.
CBT-9328 ја има како шасија PC08X8
CBT-9328E ја има како шасија PC-04X
А тие две шасии се различи и по состав и по изведба а посебно управувачкиот дел (MCU).
-
Тома наведено е која е, модел CBT-9328, шасија PC08X8. Да Гига ја губи сликата тогаш.
-
Отвори го тјунерот, изгледа е одлемена или во прекин жичката која треба да го пренесе RF сигналот од конекторот до тјунерот.
И што подразбираш под прелемен тјунер? Прелемени се контактите на тјунерот со шасијата или си го отворил и внатре си го прелемувал? Ако си го отворил, тогаш би требало она што претходно го напишав да биде очигледно.
-
Кога го мрдаш кабелот/конекторот се губи сликата?
Да Гига ја губи сликата тогаш.
Прашањето е:
Има растер („снег“) или е темно како да е на AV.
Ако е првото колку е напонот на AGC.
Ако е второто колку е напонот на IC402 на IN и на OUT.
-
Е да, не ми текна на тоа ;D. Јас автоматски, под губење на слика, претпоставив снег/шум ;D.
Во право е Toma. Важно е тоа како се губи сликата. Дали се губи значи темен екран или снег ;).
-
Сме имале сличен проблем случајно со пријател мрдај го кабелот од позади на тјунерот од кабелската коаксијалниот 75 омски,исто вака правеше чуди се ја леми се добро и истото ми го рече искусен мајстор напонот на АРП по наше или македонски АР3 AGC мери го али баталивме незнаевме што е.Тоест кај се мери тогаш али кога побаравме сервисна книга друго е али заборавив колку беше напонот.Нормално ова вака го кажувам инаку за секој телевизор е различно сигурно во сервисната книга има за ова али нека го измери Тома се разбира ептен многу во ова. :D ;)
-
Само сликата се губи растер има, Гига ја лемев жицата внатре во тунерот што го носи RF сигналот тоа беше прво што направив но пак исто.
-
Не одговори на прашањето на Toma. Се добива снег или се губи сликата (темен екран, како да е поставен на AV, а нема AV сигнал)?
-
Снегот се добива кога се губи сигналот.
-
Кога го мрдаш кабелот/конекторот се губи сликата?
Да Гига ја губи сликата тогаш.
Прашањето е:
Има растер („снег“) или е темно како да е на AV.
Ако е првото колку е напонот на AGC.
Ако е второто колку е напонот на IC402 на IN и на OUT.
-
Снегот се добива кога се губи сигналот.
Го пратам постов и се чудам: постојано исто - ако прашувате нешто наведете ги сите симптоми,работи,напони и други податоци за кварот! Мора ли тројца да те прашаат за истата работа?? Бидете конкретни и прецизни,вака испаѓа * на македонски форум те прават глуп...* :-\
-
VTSA1SDH
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/7310HQ.jpg)
-
Да тој е тјунерот, го заменав со друг половен се реши проблемот немав време да се занимавам со стариот сепак Благодарам за ангажираноста да се реши проблемот.
-
модел CBT-9328, шасија PC08X8
Пожелно е да се допише ознаката на шасијата PC08X8 во насловот од темата.
-
Додадено ;).