DX -ер на овие прашања не може да се даде едноставен одговор.
Едно општо правило е дека радиобрановите со висока фреквенција патуваат само праволиниски и не се одбиваат од јоносферата. Колку фреквенцијата е повисока, толку овие две својства се поизразени.
50 мегахерци е доволно ниска фреквенција за да може одбива од јоносферата кога постојат потребните услови за тоа.
433 мегахерци од друга страна не може да се одбива од јоносферата и сигналот ќе патува слично како светлината, праволиниски или евентуално на одбивање од згради, ридови и сл. Ако си на врв од планина сигналот ќе патува подалеку оти скоро со сите места што можеш да ги видиш ќе може да се востави врска ако ја имаш потребната моќност.
Исто зависи многу од модулацијата, на пример ако се користи телеграфија доволни се само околу 1 килохерц бранова ширина за пренос. Едно нешто кое ретко се знае е дека колку оваа бранова ширина е помала, толку шумот во приемникот е помал и тоа значи дека може да се прима послаб сигнал. Со самото тоа дометот за телеграфија бил многу поголем оти може да се примаат многу послаби сигнали. За разлика од телеграфијата, фм модулацијата користи +/- 5 килохерци за пренос на глас, а пак во ФМ подрачјето (88 - 108) брановата ширина е +/- 75 килохерци, значи вкупно 150 килохерци.
Ова е причината поради која со 500 миливати телеграфија може да се воспостави контакт на 100 километри, со гласовна комуникација (фм токи воки на пример) дометот би бил можда околу 10 км, а пак со фм предавател за ФМ бандот од 500 миливати би било успех ако се постигне 1 километар. Исто на повисоките фреквенции природниот радио шум што го создава самата атмосфера е помал и ова значи дека дека со иста моќност поголем домет би се постигнал на пример на 100 мегахерци отколку на 100 килохерци.
За АМ модулација (во АМ подрачјето) нема ни да зборувам, оти за да се постигне било каков поголем домет потребни се огромни моќности поради големиот природен радио шум како и неефикасната природа на самата АМ модулација: 70 % од моќноста одат на самиот носач на сигналот, а само околу 30 % на корисните информации кои тој сигнал ги носи (музика и говор). Поради ова предавателите за ова подрачје често имаат моќности кои се мерат во мегавати.