УКТ опсег или VHF (very high frequency) зафаќа фреквенции од 30 до 300 мегахерци. Секако тука има исто и радиоаматерски фреквенции, најпопулатниот VHF опсег кај радиоаматерите е 144-146 мегахерци, односно на бранова должина од 2 метри. Исто како и кај КТ станиците, УКТ станиците имаат модови на работа како CW, SSB,FM. УКТ станиците за разлика од КТ станиците имаат значително помали антени и секако помал домет. Со добра антена и ротатор може да се постигнат извонредни резултати. На ЅЅВ и телеграфија нормална далечина е негде околу 2000 километри, додека за FM модулација се потребни репетитори. Оваа тема е многу голема и не може да се објасни со неколку реченици.
Јас користам базна FM радиостаница и 9 елементи Yagi антена што сам ја изработив, антената е усмерена на север и одлично комуницурам со цела Македонија преку репетиторот R7 кој што се наоѓа на Солунска Глава.
Yaesu FT-1500m
една од најдобрите УКТ станици, штета што не се произведуваат повеќе со само 5 вати го рушам репетиторот, а максимална снага на оваа станица е 50 вати. Целото куќиште служи како ладилник и е од масивен алуминиум, загревање скоро никакво макар и контунуирано и долги контакти со максимална снага. Оваа станица може да работи само FM додека другите модови ги нема, што е една голема мана на оваа радиостаница. Сепак е добра.
9 elementi Jagi, 14 децибели засилување, должина нешто повеќе од 4 метри