Author Topic: Радиоаматерска врска преку месечината на 6 м опсег  (Read 1708 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Напишано од Z35M | 19 Мај 2010

Радиоамaтерот од Битола, Тодор Тодоровски – Z31RM  во 2009 година  ја оствари првата радиоаматерска врска на опсегот од 6 м (50 MHz)  со одбивање на сигналот од површината на месечината (Earth – Moon – Earth: E-M-E).
Радиоврската е оддржана со претходно закажување со американскиот радиоаматер R. Lance Collister  -  W7GJ од сојузната држава Монтана, кој во оваа прилика користел предавател со моќност од 1,5 KW и антенски систем составен од 4 х 9 елементи Yagi за 50 MHz, додека Тодоровски за оваа прилика користел скромна опрема составена од 6 елементeн Long Yagi за 50 МHz, подигнато на јарбол висок 6 м, и моќност на предавателот од само 200 W.
Користен е дигиталниот вид на емисија ЈТ65 кој е многу погоден за декодирање при слабеење на сигналот дури до вредности од минус 32 Db. Како погодна локација за оддржување на радиоврската бил одбран спортскиот аеродром во близина на Битола, додека американскиот радиоаматер работел од својата добро опремена домашна локација.
Oддржувањето на радиоврски со одбивање на сигналот од месечината e  eдна од специјалностите на битолските радиоаматери, така што уште од порано од локацијата на радио клубот „Стево Патакот“ во центарот на Битола се оддржувани Е-М-Е радиоврски на опсегот од 2 м (144 MHz).

извор:
Code: [Select]
http://z37rsm.org.mk/d1/index.php/2010-09-08-23-58-01/114-2010-05-19-22-21-40.html
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Мојот драг пријател Тодор Z31RM е секогаш полн со изненадувања дури и речиси невозможни ситуации од оваа област знае да ги реши. Него го викаме ДОКТОРОТ одличен електроничар, мајсториште невидено во областа на електрониката, микроелектроника, индустриска електроника.  Тој го направе мојот прв исправувач од 15А за 13,8 V  и мојата прва јаги антена од 3 елементи кога почнав да се занимавам со оваа дејност. Секоја чест за EME врската на 50 мегахерци
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
тоа е голем престиж да се направи таква врска, замисли емитуваш сигнал кој знаеш дека допира до месечината а потоа се враќа назад кон земјата покривајки голем дел во територија и популација :) а пак сигналот кој ке ја "промаши" месечината патува и патува понатака во небесната шир се додека не биде фатен од некоја цивилизација по многу години или пак ке заслабне до тој степен што нема да може да биде корисен :D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.