Јас сакав да полагам за радио аматер пред една година, се откажав кога видов какви се цените на КБ радио станиците. На Македонски стандарт е тотално неисплатливо. Секој човек тие пари би ги потрошил на друго (поважно). За да купиш една таква КБ станица треба да доста богат, иначе сигурно не би издвоил толку многу пари за станица. На старо има и поевтино ама старо е старо...
Ова општо го зборам не е лично.
Да точно, според наш стандард цените на станиците се *WOOOHOOOO*, но тука секогаш имаш можност за ефтини пари ти да си составиш станичка
Од друга страна постои можност и за користење на клубска радио станица, пример, се зачленуваш во некој радио-аматерски клуб и си ги користиш нивните станици од нивната локација.
Или уште подобро, отвори клуб доколку нема во твојата област, тоа го сторив јас во старото мое средно училиште (со што стана првото средно училиште со радио-аматерски клуб) и добив уреди и опрема од разни страни (дури и донација на TM-440 од америка). Истото тоа ќе го направам и на факултет