Author Topic: Дали треба да се врати R6 на Рамно на Скопска црна гора ? Образложете  (Read 1719 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Пред неколку дена пишував дека бев во неделата на планината Скопска црна гора.

Прво сметам дека имаме два репетитора на релативно мала раздалеченост R7 (Солунска глава) и R6 (Бреза) и како што имам слушано и на двата, сите што се радиоаматери од регионот се на R7 а на бреза скоро и да нема бидејки повекето го отвараат R7 без проблем а R6 потешко или воопшто не го отвараат. Друга причина е што позицијата на R6 не е толку атрактивна за разлика од R7.

Местото Рамно е на 1500-1600 метри надморска висина Направив повеке тестови со рачна станица и можам да ви кажам дека прилепската R-0 ја отварав без проблем и сигналот беше Q5, значи од доколку тамо има репетитор огромен дел од територијата на Македонија ке ја покрива со сигнал.
Радио аматер од Битола ми кажуваше дека кога била R6 на Скопска црна гора ја отварал од Битола но сега на Бреза не може да ја отвори.
Друг радиаматер и член на нашиов форум ми спомна дека и на реверс ме слушал во Скопје Q5.

Добра околност е што тамо има и полициска станица бидејки во непосредна близина е и граничниот премин, па може некако сојузот на радио аматери на Македонија да побара одобрение за поставување на репетитор на објектот каде е и нај безбедно за самиот репетитор (исто како што е R7 локацијата).

Мое мислење е дека доколку истиот тој репетитор се дислоцира на Рамно ке стане многу по користен од радиоаматерите, ке биде на подобра локација на која ке може да се пристапи од многу места во државава а посебно од голем дел од источна Македоника каде сега за сега нема ниту еден активен репетитор, така да ке биде од корист за разлика од сега кога речиси никој не го користи, се случува само радиоаматери од R7 да речат, ајде да идеме на R6 да видиме како ке поминеме, а потоа се враќаат на R7.

Размислете па пишете свое мислење.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Првин информирај се за проблемите кои ги направија поединци на Рамно и кои ја злоупотребија довербата на T-mobile и ЕВН, мислам дека дури и со восјката имаше некои проблеми,  па после може да правиме муабет за се друго. Според мене за оваа активност што ја има на VHF FM има и премногу репетитори иако ги поздравувам напорите да се врати репетиторската мрежа во функција како што беше пред 20тина години.

Првин треба оние 400 радиоаматери што ги има на хартија да се активираат барем една четвртина и да бидат барем пола од нив со твојот ентузијазам :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
DX-er гледам дека си во една фаза на еуфорија :D со ова репетиториве,ама да ти кажам дека одамна освен неколкумина ентузијасти,во државава нема интерес за подигање на нова и одржување на постоечката мрежа.Не работат веќемногу служби кои порано беа зависни од  iтоа,нема ни РМЗО и се се решава со мобилен телефон! Заради *мобилизацијата* испаднаа од игра повеќе системи.Види дека и полицијата веќе не користи воки-токи,ами и тие се бесплатно поврзани со Мобимак и имаат бесплатни повици меѓусебно.Значи,додека има ентузијасти на позиција да решаваат и да*крпат* нешто,спорадично ке се поправаат,местат и разместуваат понекои репетитори.Кражбите се веќе видена појава,се уништува скапа опрема и не се надокнадува.Ти си требало да се родиш едно 30 години наназад,кога имаше многу подобри услови за радиоаматеризам.Let it be... 8)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ова е лочно мое мислење, доколку репетиторите би биле на овие локации (види во крукчињата) цела држава ке биде покриена со сигнал и ке може да се работи со рачни станици.



Онаму каде има стрелки е идеа за дислоцирање на репетитори

P.S. R2 и R3 по грешка ги пишав а треба обратно бројките R3 Пониква бидејки ако R2 е Пониква ке го отвараат бугарите.

Доколку имате ваше мислење слободни пишете, а коментари од типот дека нема радиоаматери, дека нема потреба да се работи и сл. коментари не ги пишувајте бидејки овде не зборуваме за тоа дали има радиоаматери и дали има потреба од репетитори.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
R2 колку што знам ќе си остани на галичица. Така и треба, Охрид е многу закопан со планини :)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Се согласувам R2 да остане на Галичица. Одлична висина има. Јас би рекол вака: Еден репетитор на Галичица, еден на Солунска глава, друг на Скопска црна гора, еден на Белсасица, еден на Плачковица, и секако Пелистер.
Во тој случај цела држава ќе биде покриена.
Но тука играат други фактори, РСМ и АЕК. Проекти, дозволи, елаборати и така натаму. А секако да не се заборави и решението како ќе се напојува репетиторот. Не е лесно да се дислоцира репетитор
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Така е, дефинитивно! Бидејки имаме многу малце радиоаматери по репетиторите, дали би било добро сите репетитори да се линкувани преку echolink а со тоа ке добиеме една национална мрежа.
Ова го мислам за репетиторите од R1 до R7. R0 да си се независни.

Во Србија имаат линкувано UHF репетитори кои ја покриваат цела држава со сигнал.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
И едно круцијално прашање... Дали имаме доволно репетитори (уреди) за да си играме вака?