Author Topic: Репетитор да отвори репетитор ?  (Read 1792 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Репетитор да отвори репетитор ?
« Opened on 31.08.2015, Monday, 17:27:20 (Edited 31.08.2015, Monday, 17:46:38) »
Деновиве слушнав од еден радиоаматер дека еден репетитор може да отвори друг репетитор, на пример еден човек што емитува сигнал кон еден репетитор Р0 а сигналот од Р0 достигнува до антената на друг Р0 и тој се отвара па така човекот од првиот репетитор се слуша и преку вториот репетитор. Како е можно ова ? Дали некој може да ми објасни ? Имаше случај грци да се слушат на нашиот Р6, тие си зборуваат на нивниот Р6 но сигналот стигнал до нашиот Р6 и го отворил. Или пак имаше таков пример со Скопска нула и уште една нула, имаше пример радиоаматер од Јужниот дел на државата да го отвори Р6 секако со оцена 3 (од 1 до 5) а после тој наш Р6 кој емитува силен сигнал, да досегне до српскиот Р6 и да го отвори па неговиот глас на човекот да се слуша и низ Србија и да говори со срби, а јас од Скопје не можев да го отворам српскиот Р6 иако бев драстично поблиску и имав оптичка видливост. Како е ова можно ? Според оваа скица, поради фрекфенциите кои се разликуваат не е можно еден репетитор да отвори друг.


кликни на сликата за да се зголеми
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
не знам како оди тоа, но знам дека има една постапка која се вика линкување на репетитори. Грците и двата репетитори ги отвораат наеднаш, веројатно дека и двата им се на некој начин блиску, но нивниот R6 не го отвара нашиот R6, туку сигналот од нивните станици истовремено ги отвараат двата. Линкување е кога репетитор отвара друг репетитор, но како што кажав не сум навлезен многу во тоа, мислам дека Z3nesto е подобро упатен во тоа.
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Репетитор да отвори репетитор ?
« Reply #2 on 31.08.2015, Monday, 21:25:16 (Edited 31.08.2015, Monday, 22:41:19) »
Добра видливост Dx-er чудеси прави добра видливост ете во другата тема си постирал на колку километри си остварил врска  сигурно и мало растојание во србија има многу градови на пример со Р0 затоа се става и ПЛ тонот таксистиве имаат така може има од друг град таксист вози по автопат и ги уклучува и двата репетитори од различни такси компании кој се на иста фреквенција.Затоа и ПЛ тонот е тука како заштита и од друго заштитува но добро нормално таксистиве сите се UHF но зошто имаат и ПЛ тонови пример го побудуваш репетиторот со 464.250 МHZ а он ти враќа тоест ја менува фреквенцијата на 469.250 МHZ и има пл тон од 206.5 херци кај некои други служби разликата Tx/Rx e 5 мегахерци,не како кај вас радиоаматерите 600 килохерци.Затоа еве да речеме да има два репетитора Р0 во скопје Р0 во велес без пл тон би било смешно некој од зелениково би ги отварал и двата  ;D ;D ;D ;D.Епа така се случувало или две такси компании со репетитори една од скопје друга од велес на исти фреквенции без пл тон би било смешно и тоа ;D ;D ;D.Еве Р4 јас на водно ја отварав без пл тон е ја отварал и некој од косово исто и од србија тоа е ние сме слаби во странство не може да се замисли репетитор без пл тон зошто некој да ми отвара мој репетитор од странство кога тој е на македонски радио аматери.А Р0 пошто сите градови имаат скоро по странство кај нас Р0 има прилеп 145.00/145.600 а дали работи скопската Р0 зборите на неа или не пошто а и Р4 не работеше сега во функција ли ви е.Него се одалечив ти го знаеш ово но чудно како репетитор да отвара репетитор го видов тоа на сликата сватив многу чудно стварно репетиторот ти го копчаш и сега он не ја менува одма фреквенцијата него препраќа на друг па заедно ја менуваат фреквенцијата чудно да се на мало растојание па да има интеракција меѓу нив едниот ти си го побудил и ја менува фреквенцијата он го премодулира сигналот го ретрансира на друга фреквенција појачан ако има појака снага репетиторот имаш и закони некои репетитори се по 10 вати но за Р0 мислам по закон треба да го знаеш не смее да надминува повеќе од неколку вати колку беше.Е сега така појак репетитор има интеракција со друг. 8) ;D ;D.Мене ова ми личи како на UHF репетиторите на бивша југославија за ЈРТ телевизија вака било друже штафетно  ;D ;D ;D тоест не UHF VHF-L уште постарите првите кога се донело одлукута во државата телевизија да има баш така сигналот идел од белград главно седиште му бил и штафетно низ хрватска па на триглав словенија па од таму на црни врв кај нас.Tака били организирани UHF репетиторите на ЈРТ од белград иде сигналот и само и само ги активира репетиторите наштелувани меѓу себе репетитор отвара репетитор кога се давале прилози на пример на вестите главни за цела држава и оди сега прилог од    ТВ Скопје и сите го гледаат од скопје новинарот што има да каже порано начелно вака функционирала ЈРТ после кога се појавиле и други телевизии па репортери други работи  него за ЈРТ така идело од репетитор на репетитор 8) ;D ;D баш како што на сликата си дал погоре  кога се давало дневник за цела држава начелно оди од белград сигналот за оние главни вести па ако има прилог од друга релација ќе тргне сигналот постарите знаат онаа најпрва телевизија ЈРТ зборам 1964 кога им излегле телевизиите ТВ скопје емитувал 1964 првпат но прет тоа како било со една ЈРТ ее дури после кога се модернизирала Југославија сите републики имале свои телевизии ТВ скопје на пример иначе начелно така било од репетитор во репетитор па кога купувале адаптер за втора програма за тие телевизорите после со ламби ;D ;D за да гледа и од својата република канал батка сигурни би се сеќавал на ова барем така мислам :).Значи зборам за старите телевизори најстарите со еден канал кога си ги чекал лампите да се загреат без поише канали со она модерните тјунери после кога ги правеле Руди Чајевац тјунер Искра тјунер со повише канали.Кога се купувало адаптер за 2ра програма за тоа телевизорите а што е тоа тоа е фактички еден нов мал минијатурен со слаба моќност предавател го прима сигналот од антената и го претвара во друга фреквенција погоден за тие стари телевизори на коишто примале на една фреквенција прима.Па имало и адаптери исто вакви мали предаватели нели има VHF-L и VHF-H подрачје па не примале после UHF телевизор не прима па исто со оваков адаптер да им го спушти на VHF подрачје начелно VHF било се тоа се правело за да не го фрла телевизорот нели компактибилен да е како после исто телевизор во боја но и телевизорот во боја може да репродуцира црно бел канал и обратно компактибилни да се. Така идел сигналот сум глеал по книги начелно од репетитор на репетитор за цела држава кога имало една единствена телевизија еден канал за цела држава 8).И колку има техниката напреднато луѓето тогаш не можеле да помислат на сателитска телевизија со премногу канали од секаде  а други некои земји порано почнале со тоа но добро се стига техниката после 8).Во главно да не должам но интересна е оваа работа Dx-er од репетитор на репетитор само не верувам да може со Р0 самиот знаеш колкави им се моќностите по закон колкава треба да е моќноста на Р0 репетиторите многу мала нели колку беше поточно си го полагал тоа си имал такво прашање за Р0 можеби некој поискусен како Z31GH или Z3nesto  знае колку по закон е точно има точно правило регулирано за моќноста. :)Р0 треба да си е само за градовите меѓу себе е сега ние што немаме средства а и немаме радиоаматери друго е тоа затоа Р0 е со мала снага помали параметри неможам сега јас од Скопје со рачна да ја активирам РО во прилеп си имаш своја РО во скопје затоа на добри места се поставуваат во средината на државата во срцето репетитори појаки со појаки параметри вати нели моќност и се друго да не должиме многу.Тоа се за да си зборат аматериве од разни градови како што е на солунска глава Р7 најдобри се репетиторите во средината на државата солунска глава на даутица е точно во срцето средината на македонија.А околу моќноста со колку вати сте мислам колку вати ви се дозволени како радиоаматер за двометарското VHF подрачје.Сега од скопје со 5 вати неможеш да ја копчаш Р0 во прилеп но има излази и по 150 вати во рака сум држел појачало и послаби нормално 2N6084 многу убав ВФ транзистор 80 вати вади сигурно несмееш со толкава снага да емитираш ова само како пример ќе размрдаш некои Р0 во други градови и Р0 соседни кои немаат пл тон  ;D ;D.Не мора Р0 може и некој друг радио аматерски со таа снага.А и многу соседни репетитори немаат пл тон.А пл тон ги решава сите овие работи.Гледам во другата тема ви се мешаат и други радиоаматери по репетиториве.ПЛ тонот е битен.А нели на HF со јаки моќни станици си комуницирате меѓу себе од различни земји но нели од VHF не се очекува тоа. Ова само онака сакајки да доловам што сакам да прашам а има јаки излази ВФ појачала нормално уредно на спектралец видени без хармоници.Сакав да прашам во поглед на ватите имате ограничување за VHF  двометарското подрачје нели колку ви е лимитот границата :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе многу небулози и фалби постојат помеѓу радио-аматерите 8),а најчесто се однесуваат за далечина,отворање репетитори и антени ( зборувам за УКТ бандовите). Не може да се отвори репетитор со друг репетитор,освен ако не постои додатна опрема за тоа.Но ,тоа е во домен на друг тип комуникации,а не и на радио-аматерски.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Репетитор да отвори репетитор ?
« Reply #4 on 03.09.2015, Thursday, 14:58:30 (Edited 04.09.2015, Friday, 01:33:22) »
Сите одговори се на место :)
Во врска со линкување на репетитори пишував во некоја тема некаде, дека српските репетитори се поврзани меѓу себе и тоа се прави со додатна опрема и нормално со дозвола од регулаторното тело - кај нас АЕК.
Пример: може да пријавиш дека ќе тестираш echolink врска, дека ќе линкуваш два репетитори меѓутоа за тоа да влезе во функција мора да биде пријавено и одобрено.

Што се однесува до отварање на два репетитори во исто време без додатна опрема за линкување плус кои се на иста фрекфенција е можно само доколку има услови за тоа. Пример Р0 во Скопје и Р0 во Прилеп кои немаат PL тон. Грците кои ги слушаш на Р6 може и да не знаат дека влегуваат кај нас додека прават муабет на нивниот Р6.

Техничките услови на опремата на репетиторот како и локацијата (локаторот) се пријавуваат при издавање на дозволата за репетиторот. Тоа е оној дел 2 и 3 од барањето до АЕК кое секој радиоаматер го пополнува за да добие знак односно дозвола за работа.

Во правилникот за работа е пропишано кои услови треба и смее да ги исполнува еден репетитор. Меѓу другото предмет на тие услови е и надморската височина. Р0 во Прилеп е малку надвор од пропишаната височина па со 50W од Скопје можеш да поминеш и на нејзе а во исто време (нормално) поминуваш и на Р0 во Скопје.
Ако добро се сеќавам мислам дека кај локален репетитор моќноста не смее да надминува 5W, за останатите (да кажеме државни репетитори) знам дека не смеат да бидат над 10W.

За фалење дали сум отварал повеќе репетитори одеднаш во некоја друга прилика :) Меѓутоа практикував запишување и на врски преку репетитор, па дури имам праќано и QSL картички и добивано назад.

Еве линк за репетиторите на Балканот

Code: [Select]
http://ham.pirot.org/

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 ;D во наше време qsl  картичка за врски преку репетитор не важеше,ниту за натпревари,ниту за обични врски.Како е сега не знам! ;)                                                 

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
batka исто е и сега, :-) ама што разбира дете во трето одделение, а се слушнало на Р7 со малку постаро дете од Ресен. Интересно му е. Башка клупски знак. Уште има од тие QSL-ки иако клубот не е пререгистриран со години