Ја почнав темава ама изгледа не требаше да ја почнам. Не знаев во каква ситуација се работите :S. Јас мислев дека бројот на активни радио аматери е поголем... не знаев дека до волку се заглибени работите :S. Изгледа работава на крај ќе се сведе на тоа не дека не сте обединети, туку дека навистина сте малку :S.
Власта се концентрира да ги натера младиве да студираат технички факултети и стручни школи, а што народот веќе заборавил што е тоа техника, тоа нема врска
. И најтрагично е што веќе не се ни интересираат. Кога во нешто нема пари, веќе е тешко да се убедат луѓето да бидат дел од тоа.
Тешко ми е да си го признаам ова... изгледа се надевам дека работите ќе се сменат со време... но како што тргнале, изгледа нема. Штета...