Author Topic: ARDF Amateur radio direction finding  (Read 2020 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
ARDF Amateur radio direction finding
« Opened on 11.10.2013, Friday, 08:36:12 (Edited 11.10.2013, Friday, 11:35:15) »
Радиоаматерите освен што работат на радиостаници, освен што изработуваат антени, електроника, столбови и така натаму имаат и свој инстесен спорт.
ARDF е радиоспорт познат како лов на лисици. Интересна дисциплина за која и не е потребно да сте лиценцирани радиоаматери, секој може да биде љубител на овој спорт ako има желба.
Потребна е опрема која радиоаматерите најчесто ја изработуваат сами, а може и да се купи готова, сепак најдобри се самоделските таканаречените лисичари. Има категорија 144 и 3,5 мегахерци, тие фреквенции се усвоени бидејќи се универзално дозволени во сите земји. Потребно е да имате кондиција и да знаете да се ориентирате, а за тоа имате мапа и компас.
Народски кажано ова е лов на скриени радиостаници кој испуштаат сигнал во форма на морзеова азбука.
Секоја лисица испушта сигнал една минута, по истечената минута друга лисица испушта сигнал, па трета и така натаму и сите се на една фреквенција



Лисичарите имаат насочена антена и сигналот е јак кога ќе го најдете правецот на сигналот, останатото е да одите во правец на сигналот а тоа може да е и неколку километри,  кога ќе стигнете блиску до скриената радиостаница и кога сте на неколку метра од неа лисичарот побудалува има најјак сигнал и сказалката на инструментот е на максимум, дури и ушите ќе ве заболат, значи тука е некаде


лисичар за 144 мегахерци


лисичар за 3,5 мегахерци

секоја лисица односно скриена радиостаница има печат и кога ќе ја најдете лисицата во картончето што го имате го удирате печатот и одите натаму да најдете друга. Во овој спорт има повеќе лисици некогаш и по 20 за еден натпревар, Бодувањето се врши колку печати имате во картончето и за колку време сте стигнале на целта

ardf маратонец на 144 мегахерци (превземено од википедиа)


ardf маратонец на 3.5 мегахерци (превземено од википедиа)

Лисиците се скриени во шуми и тоа на тешки места, морате да се пробиете некако за да стигните до нов, некоји маратони имаат повеќе лисици на растојание се на се 20 и повеќе километри


Hams do it! With Frequency

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: ARDF Amateur radio direction finding
« Reply #1 on 31.10.2014, Friday, 23:30:59 (Edited 31.10.2014, Friday, 23:34:37) »
На 04/05.10 2014 година се одржа единаесетиот меѓународен ARDF маратон во Катлановска Бања кое беше организиран од радио-ориентациониот клуб Младост од Скопје. Имаше околу 40 натпреварувачи од разни категории и земји.
Мојата желба за учество за малку немаше да се исполни бидејќи лисичарите од клубот каде што членувам не се во функција и имав избор или да се откажам или да се снајдам со опрема од друго место. Лесно се снајдов, ми помогна мојот пријател Z3nesto кој е исто така член на форумот.
Како гости присуствуваа претседателот и секретарот на радиоаматерскиот сојуз на Македонија. Секој натпреварувач беше во група од по неколку натпреварувачи и секоја група стартоваше на 5 минути после претходната.
Правилата беа како што е објаснето од првиот пост.
За да ја збогатам оваа тема го понесов и мојот фотоапарат за да ставам неколку слики.



Секој натпреварувач добива карта од реонот и може да се најде на табелата за да види со која група ќе стартова.

Пред мене: наптпреварувачи од Бугарија и Србија


Лисиците знаете како изгледаат од првиот пост на оваа тема, сосема се исти, така да нема потреба да ставам наново слика од нив.
Проаѓајќи низ шумичките може да се забележат разноразни печурки. Тука видов и една многу ретка, но тешка отровница.

Пантерка  :)


Реонот беше голем, сепак некако успеав да стигнам до целта со сите печати на картончето на пронајдени лисици. Целта беше кај манастирот Свети Ѓорѓија. додека комисијата ги пребројуваше поените и времињата, ние натпреварувачите иако уморни, имавме меѓусебно дружење и подобро запознавање. Тука имаше и богат ручек. Не очекував дека сум освоил место и пријатно бев изненаден кога организаторот ме прозва.



ARDF е навистина прекрасен радио-спорт. Натаму планирам да се занимавам малку поактивно на ова поле
Hams do it! With Frequency

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: ARDF Amateur radio direction finding
« Reply #2 on 01.11.2014, Saturday, 00:01:50 »
 Ова е една многу интересна дисциплина која спојува спорт, ориентација во просторот и нормално радио врски. Честитки за успехот.
...си имал време и за печурки  ;D
73

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: ARDF Amateur radio direction finding
« Reply #3 on 01.11.2014, Saturday, 00:08:19 »
Другарче,секоја чест за наградата,со оглед на годините ;D ;D,ама со тебе печурки да јадам е ризично  8) ;)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: ARDF Amateur radio direction finding
« Reply #4 on 01.11.2014, Saturday, 00:15:28 »
Честито другар за наградата, да се множат на секое поле успесите.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: ARDF Amateur radio direction finding
« Reply #5 on 01.11.2014, Saturday, 00:28:07 »
@xandox
Да берев печурки ќе останев последен :) Имаше доста Вргањи и Јајчарки, но тука се работеше и за време. Инаку 15 години берам печурки и можам да кажам дека пределот е одличен за повеќето јадливи печурки. Реонот, да не претерам беше нешто поголем од 15 километри колку што бев информиран.

@batka
Имаше доста натпреварувачи кој беа постари од мене. Двајца од Бугарија беа по 60 години. Еден од нив 40 години оди по натпревари, дури и на светски натпревари има учествувано. Тука си има категории. Единствено нешто што ми беше тешко беше некако да ги довлечкам мојте 105 килограми до целта. Често планинарам по Пелистерот па барем малку кондиција останало во мене  ;)

@Dx-er
Фала бато, лани трето место имав ама не го претставив тука од „немукает„, ама за оваа година морав резултатот да го постирам тука бидејќи отворив тема за ARDF па барем да ја збогатам малку со ова мое искуство.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: ARDF Amateur radio direction finding
« Reply #6 on 01.11.2014, Saturday, 00:55:53 »
Добро е што Питијадата беше после натпреварот. :D :D :D Ке имаше 105 + уште нешто ;) ;)