Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 14.12.2011, Wednesday, 18:48:46
-
Знаеме дека радиоаматерите и програмерите развиле повеке типови на текстуална комуникација преку радио бранови. Ги има повеке, од кој јас ги знам овие:
RTTY
BPSK31
BPSK63
QPSK31
FSK31
Packet
MultiFSK-16
AX25
Pactor
Amtor
Amtor-FEC
Amtor-ARQ
MFSK
Throb
MT63
Fax
Hellschreiber
ACSII-7
ACSII-8
Me интересира кои од овие методи со какви карактеристики се одликува, неговите позитивни и негативни особини, кој највеке се користи кај радиоаматерите и ваши коментари ако може.
-
За ова прашање да се одговори треба два дена да пишуваш и да направиш малтене мини дисертација.Ова се многу различити модови на комуникација кои се вршат со различни апаратури и различити степени на комплицираност,заштита и можности.Зошто е така: RTTY е телепринтерска работа и има една тежина,можности итн,а пример пакет радиото е наполно дигитализиран пренос на пакети податоци за кое е потребна опрема,дигипитери итн. Многу тешко е да се одговори за позитивни и негативни оаобини.Тоа ти е исто како да прашуваш дали е детекторскиот приемник подобар од дигиталниот рисивер.
-
пример пакет радиото е наполно дигитализиран пренос
А дали RTTY и BPSK31 се аналогни ?
-
Не се !
-
Јас сум запознаен само со RTTY. Можеш да работиш таков мод на секоја радиостаница, дури и FT-101. За постарите станици мораш да направиш модем и го приклучуваш на приклучокот за микрофон. Модемот го приклучуваш на компјутер и користиш софтвер. Сепак лампашите страдаат од овој мод бидејќи лампите горат ако работиш со поголема снага
-
Јас сум запознаен само со RTTY. Можеш да работиш таков мод на секоја радиостаница, дури и FT-101. За постарите станици мораш да направиш модем и го приклучуваш на приклучокот за микрофон. Модемот го приклучуваш на компјутер и користиш софтвер. Сепак лампашите страдаат од овој мод бидејќи лампите горат ако работиш со поголема снага
Ако имаш направено таков модем и си задоволен од неговата работа, стави шема од истиот. Само стави се комплет со се PCB доколку шемата е посложена.
-
DX имаш ли телепринтер? ;D ;D Еве ти неколку линкови
http://rtty.fading.de/
http://www.klm-tech.com/technicothica/xr.html
http://qsl.net/yo5ofh/projects/radio_modem/radio_modem.htm
-
Имам едно програмче кое поддржува праќање и примање на текстови преку RTTY протоколот. Проблем е што се испишуваат неартикулисани текстови, букви и знаци, иако на звучната картица Line IN немам ништо приклучено. Што може да е работата ?
еве ја програмата:
http://www.dxzone.com/cgi-bin/dir/jump2.cgi?ID=3165
Ме интересира уште нешто, ако примаш RTTY сигнал, како ке одредиш со која брзина се праќа за да може да го декодираш? Ако во текот на примањето на сигналот експериментираш со многуте различни брзини, ојде возот. Зар нема автоматско препознавање на брзината ?
batka немам телепринтер како хардверски уред
-
Сосема е друга работата со телепринтер,а друго е преку RTTY протокол преку компјутер.Има некои работи кои компјутерот не ги може,односно не може да ги *дијагностицира*,или не бар вистински ! За што зборувам знае само оној кој работел на телепринтер.