Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 02.01.2010, Saturday, 19:26:13
-
дали некој може да ми препорача некоја добра програма за packet radio?
Што мислите ке го декодирам ли овој сигнал :)
-
Што има врска тој сигнал со пакет радио???
-
па според звукот ми личи дека се повеке типови на сигнали со различни модулации испомешани :) знам дека не може да се декодира тој сигнал бидејки никој до сега не ни успеал но мене ми треба некоја програма за packet radio, јас користам TrueTTY V 2.75 но има еден проблем, и да не прима никаков сигнал самата програма генерира безвезен текст на екранот исто како да го прима од некаде а уствари не прома ништо.
-
WOW сигналот кој се споменува во видеото всушност е (а еден друг тип докажува дека не е) сигналот што го фати една рана опсерваторија на NASA во потрага по радио-пораки од вонземски цивилизации (претходници на SETI), меѓутоа се смета дека тој WOW сигнал е некој шум или грешка во приемникот бидејќи никој на истата локација од небото не успеал да го фати повеќе. Се вика WOW тој сигнал бидејќи дежурниот на смена ги заокружил броевите од спектралната анализа кои биле концизни дека се работи за вештачки генериран сигнал и до заокруженото напишал WOW во знак на воодушевување.
-
WOW сигналот кој се споменува во видеото всушност е (а еден друг тип докажува дека не е) сигналот што го фати една рана опсерваторија на NASA во потрага по радио-пораки од вонземски цивилизации (претходници на SETI), меѓутоа се смета дека тој WOW сигнал е некој шум или грешка во приемникот бидејќи никој на истата локација од небото не успеал да го фати повеќе. Се вика WOW тој сигнал бидејќи дежурниот на смена ги заокружил броевите од спектралната анализа кои биле концизни дека се работи за вештачки генериран сигнал и до заокруженото напишал WOW во знак на воодушевување.
хаха ова пред некој ден го гледав на ТВ имаше репортажа
-
a зар успеал да го декодира сигналот и од него да добие бројки? Ова интересно е
-
абе таман мислеле дека нема ништо да фатат наеднаш добиле некој сигнал прво некое мало сигналече послабо па потоа поголем и овај што бил дежурен скока ја гледа таа лентата кај што и пише сите тие сигналите ја заокружува испитува ова она наместо да врти антените и таман оди да провери што се случува да врти на антените тој се губи и му остана само овај доказ
-
WOW :D
-
видов некои клипови на интернет како некои планети емитуваат ВФ сигнали и тие се примени од антени на земјата и демодулирани како звук, дали некој е запознаен со ова?
-
Сатурн и Јупитер се јак извор на такви сигнали, тие се нешто (звучат) како опаѓачки свирења и титкања.
-
тоа е интересното, испаѓа дека тие имаат некаква енергија (кој знае од каде и како не се троши) која ја емитуваат. Како што кажа, се слуша свирења и титкања, значи има нешто интересно и многу комплицирано. Како функционира ова се баш ме чуди. Дали нивната фрекфенција е константна или променвила, дали имаш некој линк каде би можело да се најде повеке информации за овие работи или па ако веке знаеш нешто повеке пиши накратко :)
-
имаше порано една програма незнам дали ја има сеуште од битола од стев патако ( така мислам дека се викаше клубот ) праќаа сигнали преку месечина, со одбивање од месечина
знам дека едни од подобрите луѓе кој што работеа на таков метод се од Битола, па може и овај сигнал некој го пратил на подалечен пат, па за некое време стигнал, ама многу слаб за разлика од праќањето
-
па така може да е. Башка ми личи на комбинација на повеке сигнали со разни модулации. Тие за кои зборуваш и јас имам слушнато а тие пракаат сигнал на некој си 140Mhz со снага од 6-7kW насочени кон месечината а им се врака назад со снага од 5-6 вати. Е сега сигналот патува со брзина на светлината па како што знам од сонцето светлината минува 8 минути за да стигне до земјата па ако некој така испракал сигнал кој би се одбил по некое време (неколку минути) би зрачел со барем 100kW. нека ме поправи некој ако грешам.
-
:) Интересна дискусија.
Лично мислам дека вонземјаните не би комуницирале на ax.25 протоколот т.е. пакет радио.
-
Aleks према тебе кој протоклол е најдобар, на пример да е најотпорен на интерференција и да може да се декодира и при најслаб сигнал?
-
CW :)
-
ееее не тоа мислев од типот на BPSK-63, ASCII-8....
-
Не би можел да ти одговорам затоа што немам акспериментирано со дигитални модови на модулација а вака од слушања не би можел а и несакам да кажам.
Иначе, ASCII-8 е всушност компјутерски стандард во кој еден карактер зафаќа 8 бита т.е. еден бајт, а не тип на дигитална модулација. Поздрав.
-
ама всушност се работи за дигитален сигнал а не убрзан CW :) бидејки ако наместам на најмала брзина можам да слушнам како да се работи за телеграфија но со неразбирливи кодови ;)