Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Apostol_Cz on 26.02.2013, Tuesday, 11:57:17

Title: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Apostol_Cz on 26.02.2013, Tuesday, 11:57:17
Здраво, имам проблем со лаптопот ми грее мн. кулерот врти цело време од кога ќе го уклучам, решетките од страна ми се стопија па сакам да му направам додатно ладење.Пошто имам еден кулер 130x130x30 mm метален, на 220V, 10/12W, 75/65MA,  мислев да го искористам. Со проста конструкција сакам да направам подножје слично како купечките. Ме интересира дали кулерот е соодветен за да го ставам под лаптопот, поради тоа што раб. на мрежен напон 220V, да не му прави некоја "сметња" пошто ќе биде на 1 cm максимум одалеченост, или тоа не влијае? Патем, на кулерот пишува " IMPEDANCE PROTECTED" незнам дали тоа има некаква врска, и од што би можело да грее кога не го оптоварувам?  
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Devil on 26.02.2013, Tuesday, 13:54:01
Да не ти е затнат со прашина лаптопот, најчесто ако го користиш во кревет, од текстилт многу се нафаќа на ладилниците, можно е да е подзатнат малку :D

За 75MA треба од EVN одобрение за приклучок на голем потрошувач на мрежа, со тоа што ќе ти изградат во дворот трафостаница :D

Ако мислеше на 75mA тогаш тоа е нешто друго :P.

Не би требало да има никаков проблем, од пречки при работа, само треба да го направиш така да е подкренат малку за да би имал убав проток на воздух
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: GigaWatt on 26.02.2013, Tuesday, 14:49:56
И јас би ти го препорачал прво она кое Devil ти го пиша, прво исчисти си го лаптопот, па потоа, ако пак многу грее, дури тогаш размислувај за додатно ладење ;).
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: batka on 26.02.2013, Tuesday, 16:10:49
Токму така - прво да се отвори машината ,да се исчисти од прашина која ја има во вид на мал теписон и да се стави обавезно нова термална паста на процесор и евентуално чипсет и графичка.Ако има термален пад под некој од наведените места,слободно стави паста врз него.Под термален пад се подразбира сунгереста материја помеѓу ладилникот и чипот (како перниче,со сива или розева боја).Потоа размислувај закулер или евентуална додатна површина за ладење.Тука е најдобро да ставиш кулер за 5V или 12 V ,кои би ги напојувал соодветно со 5 или 12 V,кои би ги извадил од УСБ (5V) или додатен адаптер на 12V .Не сум многу сигурен ако тука ставиш  кулер од 220V,Ти може ке пазиш ама ако некој друг седне да работи ,а не знае за тоа може да настрада.
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: ddd on 26.02.2013, Tuesday, 16:14:57
Не вреди да се замараш за 300-400 денари имаш нови кулери,оние со постоље за лаптоп.Инаку да прво очисти па мисли на ладење.................
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: GigaWatt on 26.02.2013, Tuesday, 17:08:41
Најпросто е ако само отсечно дувнеш на местото на кое се гледаат ребрата од ладилникот, односно местото на кое излегува топлиот воздух од лаптопот. Еве, на сликата долу е прикажно тоа место.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Laptop_Air_Outlet.jpg)

Ова не е баш најпрофесионално, ама за брза проверка (дали лаптопот грее поради прашина или нешто трето) е доволно ;). Притоа, се разбира, пазиш да не влезе плунка во лаптопот ;).
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Zdravkovski on 26.02.2013, Tuesday, 19:43:46
последниот пат кога така дувнав во хладњакот прописно се исцрнив и изнагтав прашина  ;D
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Apostol_Cz on 27.02.2013, Wednesday, 01:54:07
Благодарам на сите за одговорите, секоја чест, тоа ќе да е  :). После првиот пост од Девил земав без да го отворам со правосмукалка смукав во сите можни дупчиња и решетки. Потоа го уклучив и кулерот воопшто не работеше, ми загреваше и ми се исклучуваше, мирисаше на изгорено. Помислив дека сум го пргорел кулерот и веднаш барав нов, ми понудија со се менување околу 1000 ден. мн ми се виде мислев дека е накај 300-400ден. Како и да е, повторно го исмукав без да го отворам и го уклучив и почна да работи  ;D, веројатно тоа тепихчето од прашина што вика Батка се заглавило у перките и затоа мирисаше. Утре планирам да го отворам и да го исчистам убаво, моментално почна да работи со прекини и тропа, гасам...ќе пишам шо сум напраил.Позз
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: GigaWatt on 27.02.2013, Wednesday, 05:41:57
Благодарам на сите за одговорите, секоја чест, тоа ќе да е  :). После првиот пост од Девил земав без да го отворам со правосмукалка смукав во сите можни дупчиња и решетки. Потоа го уклучив и кулерот воопшто не работеше, ми загреваше и ми се исклучуваше, мирисаше на изгорено. Помислив дека сум го пргорел кулерот и веднаш барав нов, ми понудија со се менување околу 1000 ден. мн ми се виде мислев дека е накај 300-400ден. Како и да е, повторно го исмукав без да го отворам и го уклучив и почна да работи  ;D, веројатно тоа тепихчето од прашина што вика Батка се заглавило у перките и затоа мирисаше. Утре планирам да го отворам и да го исчистам убаво, моментално почна да работи со прекини и тропа, гасам...ќе пишам шо сум напраил.Позз

Поука (ќе искористам една Американска поговорка, не знам дали ние имаме адекватна замена за неа ;D): If you wanna make an omelet, you gotta break some eggs ;).
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: batka on 27.02.2013, Wednesday, 14:42:14
Моја грешка е што не ти ЗАБРАНИВ да употребиш правосмухалка!! ;D ;D Тоа е многу опасно средство за компјутери ;).Сум видел откорнати перки,цели кулери,дури и скршени дежачи....
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Apostol_Cz on 28.02.2013, Thursday, 02:12:04
Е да, нетребаше да смукам без да го отворам поголема беља ќе излезеше, среќа не прегоре, како и да е, денес го извадив `тепихчето`  ;D, го отворив и убаво го исчистив кулерот, сега лаптопот ми `левитира`  ;D, и мн потивко работи, неможе да постигне раб. температура  ;D... Од сега натаму ќе практикувам на неколку месеца да го чистам, денес му беше сефте, кој да се надал дека од прашина може да грее до толку  ???, фала уште еднаш дужам пиво  :D. Тоа беше добрата вест, лошата е дека утре пак ќе морам да го отворам пошто неколку копчиња од тастатура не ми работат, ваљда е до конекторот. Ова on screen keyboard-ov здравје зимало  >:(
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: GigaWatt on 28.02.2013, Thursday, 03:55:50
Можно е и од прашина да не работат. Да не случајно си ја префрлил од едно место на друго прашината ;D? Во принцип, тастатура ако не е убаво приклучена, најчесто целосно не работи, ретко се случува да не работат само определени копчиња. Зависи од лаптоп, модел, итн., но, ако тастатурата не е приклучена како што треба, најчесто целосно не работи.
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: batka on 28.02.2013, Thursday, 08:45:28
Е,тоа е ризикот,за тоа пари се земаат.Провери прво да не не си го ставил добро флет кабелот,да не  е прекинат ,одлепен и сл,Потоа со алкохол 96% избриши го флетот и женскиот на плочата,и пажливо врати го назад.Пробај,некогаш успева од прва,Не верувам од прашина да се заглавиле копчињата,веројатно немаш добар контакт.Иначе нова тастатура е од 1500-2000 денари.Јас би ти препорачал за 300-400 ден да си купиш мини надворешна на УСБ,ако не се реши сочистење
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Apostol_Cz on 28.02.2013, Thursday, 11:02:33
Гига нема шанси да сум ја префрлил прашината од едно на друго место пошто смукав ко да го истерувам ѓаволот од лаптопов  ;D.До конекторот било, го исчистив со шпирт и повторно го ставив и сега се е ок. Инаку да Батка во право си, секоја школа се плаќа, тоа е ризикот ама па како ќе станеш електроничар од "wanna be" електроничар?  ;D на грешки се учи, после ова ќе пуштам  оглас чистам кулери... ;D Задоволен сум благодарение на вас и на YT.
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: batka on 28.02.2013, Thursday, 13:02:07
E,па добро,барем признаваш! :D :D Иначе идат кај мене и вака почнуваат - абе го отворив,ама ништо не му направив!! >:( Не знам што му стана - не пали сега! И кога ке го отворам - чудо- скунати флетови,погрешно врзување,наопаку ставени приклучоци,иако некој ке рече - не е можно тоа! Ама може,во стварност.Дури и не признаваат дека го отворале,а фалат два-три штрафа,се гледа. Понекогаш ,кај некои лап-топи лесно се доаѓа до хард,меморија итн.Кај некои па треба се да извадиш ( некој 15-20 штрафа) за да дојдеш до хардот,или приклучокот за адаптерот кој најчесто страда од удари,паѓање,шутирање.Тастатурите страдаат од вода и сите останати пијалоци и како такви натопени (особено со сок!) им нема спас ,се залепуваат просто. Добро е кога се добро ке заврши и ке научиш нешто! 8)
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: GigaWatt on 28.02.2013, Thursday, 14:56:31
;D на грешки се учи, после ова ќе пуштам  оглас чистам кулери... ;D Задоволен сум благодарение на вас и на YT.

Прво ќе исчистиш едно 10-тина лаптопи на пријатели за без пари и притоа ќе гледаш да немаш вакви грешки или да бидат што е можно помалку ;D, е потоа дури дај оглас ;D.
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Pance24 on 28.02.2013, Thursday, 16:23:46
E,па добро,барем признаваш! :D :D Иначе идат кај мене и вака почнуваат - абе го отворив,ама ништо не му направив!! >:( Не знам што му стана - не пали сега! И кога ке го отворам - чудо- скунати флетови,погрешно врзување,наопаку ставени приклучоци,иако некој ке рече - не е можно тоа! Ама може,во стварност.Дури и не признаваат дека го отворале,а фалат два-три штрафа,се гледа. Понекогаш ,кај некои лап-топи лесно се доаѓа до хард,меморија итн.Кај некои па треба се да извадиш ( некој 15-20 штрафа) за да дојдеш до хардот,или приклучокот за адаптерот кој најчесто страда од удари,паѓање,шутирање.Тастатурите страдаат од вода и сите останати пијалоци и како такви натопени (особено со сок!) им нема спас ,се залепуваат просто. Добро е кога се добро ке заврши и ке научиш нешто! 8)
Не дај боже да ти се погоде од ХП павилион серијата кај тебе а ( чистење ) Нема шанси да го отвореш а макар да не му ставеш 2-3 нови флетови за тач копчињата .
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: batka on 28.02.2013, Thursday, 16:41:01
Ништо без пари.За еден лап-топ чистењето трае 2-3 часа во најдобар случај,а некогаш  го отвораш и 2-3 пати ако нешто си заборавил ;D или нешто не оди >:( Мислам дека и премалку земаме пари 600 -800 денари со чистење,менување термална паста.. И уште било скапо.Затоа ставив еден натпис на влез на сервисот : *Ако мислите дека можете сами да си го поправите  компјутерот,не го носите  на сервис.Ако веке сте го поправале сами,а сепак го носите кај нас,очекувајте вашата грешка да биде наплатена!*  :D ;)
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Apostol_Cz on 28.02.2013, Thursday, 18:02:24
Кој признава пола му се додава  ;D, ако не се разбираш во нешто боље не фаќај плати си, ама па ако сакаш да сработиш нешто и да научиш на свој ризик, без да чепкаш неоди, некогаш ќе заштедиш пари но некогаш ќе те кошта дупло, тоа е. Инаку лајк за натписот Батка  ;D реален е, а за огласот се зезав, туѓ лаптоп нефаќам, на свое си експериментирам пошто ме интересира па си чепкам нешо ситно по дома као поправам  ;D
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Pance24 on 28.02.2013, Thursday, 19:23:15
И подобро е да не чепкаш туѓи лаптопи и десктопи бидеќи ке ти плате поштено еве да речиме 600 ден ама па после ке ти трубе цел месец бидеќи му се појавил некој друг дефект мислеќи дека е предизвикан од тебе . А компјутерот му е стар 20 години :D . Да ти наведам еден пример. Пред 6 месеци продадов една пентиум 4 ка компјутер за 2500 ден ама на рати по 500 ден месечно ми плаќа чоекот и до вчера ми се јавува абе тропа нешто внатре се рестартира самиот . Му викам оди дај си уште 200-300 ден за нов кулер на процесорот шо ми викаш мене , да не сакаш да ти го сменам без пари . Е таков е народот сака за малце пари а и гаранција 2 години да има и да биде најјако. Не е за бадијала поговорката сиромавиот два пати плаќа .
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: stiffy on 28.02.2013, Thursday, 23:37:33
Јас така правам....татко му на некој другар му дал 500 ден да го однесе за форматирање или чистење...тој донеси го кај мене, ќе го средиме и со парите се частиме. 1 лаптоп зезанав, едвај го средив, куќишта се лесна работа, форматирање дур научив...на секој компјутер различно  да се снајдиш, немаш драјвери...100работи xD ...се исплати воглавно, ако не парите и јонгис тука е :D

ама конкретно за пари не се нафаќам, за да зарабоуваш како професионалец, треба и да ја извршиш работата исто така ;)
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: Bojan on 28.02.2013, Thursday, 23:44:41
Јас така правам....татко му на некој другар му дал 500 ден да го однесе за форматирање или чистење...тој донеси го кај мене, ќе го средиме и со парите се частиме. 1 лаптоп зезанав, едвај го средив, куќишта се лесна работа, форматирање дур научив...на секој компјутер различно  да се снајдиш, немаш драјвери...100работи xD ...се исплати воглавно, ако не парите и јонгис тука е :D

ама конкретно за пари не се нафаќам, за да зарабоуваш како професионалец, треба и да ја извршиш работата исто така ;)

е друже за ова ептен те поштуем, арно ама многу "професионалци" кај нас не го знаат ова...
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: batka on 28.02.2013, Thursday, 23:51:42
Не бери гајле ,сите професионалци се познаваат меѓусебно.Воглавном знаеме,во кој град колку мајстори има и кој што работи. ;D Конкретно,дојди во Велес пример и прашај некој каде да го однесеш на поправка компјутерот.Ке ти каже.А оние *маалски мајстори* ни носат само подобра заработка.Не бадијала се вели : * скржавиот два пати плаќа*! Остави го некој *мајстор* да ти го среди ,па дојди кај вистински мајстор.Ке го направи,ама и повеке ке ти наплати,затоа што морал да го поправи и тоа што *маалскиот* го  зезнал ;D ;D
Title: Одг: Проблем со ладење на лаптоп
Post by: stiffy on 01.03.2013, Friday, 15:14:20
Исто кај нас во Охрид...ако е озвучење-аудиотехника и автоелектроника маџар, телевизори бела техника-никола професорон(тато) и има уште 1сервис асолен ...све друго онака квалитетно ќе го раскомада па после ти мисли му ја кој мајстор ќе се нафати да го поправа :P
Ке го направи,ама и повеке ке ти наплати,затоа што морал да го поправи и тоа што *маалскиот* го  зезнал ;D ;D
Цел живот го гледам тоa ко ќе се расправа тато...
-е даа бе 1000ка, овај за 400 ми го праеше...
тато -А тој го напрај?, однеси го пак ако е поевтин.
-Ам не го напрај, ама..... xD

Еднаш се деси 1 човек донесе појачало без трафо....тој што го поправал го мафнал, умрев од смеење xD
Интересна работа да гледаш и да се смееш :P