Author Topic: 16X Oversampling дигитален стерео кодер  (Read 28846 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
16X Oversampling дигитален стерео кодер
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 01:31:53 (Edited 17.10.2014, Friday, 00:26:10) »
Еве еден мој дизајн на стерео кодер кој го дизајнирав специјално за тогашното мое пиратско радио ;). Кодерот е многу квалитетен и нема ниту еден кондензатор или филтер во патеката на сигналот, дели лев/десен 100%, стабилна фрекфенција, евтин за изработка и може да се употреби како во мали предавателчиња така и во професионални предаватели.

П.С. Не смеете да правите стерео кодери од оваа шема за продажба или кит без да ме консултирате  ;D

Уживајте:

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Јас имам слушнато дека левиот и десниот аудио канал се менуваат и тоа со 38 000 000 пати во секунда па така во еден момент се пренесува левиот канал а во друг момент десниот и се така со огромна брзина и не можеме да забележиме. Иначе нешто како секој канал има и некој друг тон (пискав) на 18-19KHz со кој се обележува (означува) каналот за да може декодерто да примети.
Дали ова е точно?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: 16X Oversampling дигитален стерео кодер
« Reply #2 on 02.12.2009, Wednesday, 18:33:40 (Edited 17.10.2014, Friday, 00:29:30) »
И да и не. Техниката на генерирање на стерео сигнал се вика балансирано модулирање со помош на таканаречен Double sideband suppressed carrier (DSBSC) модулатор. Тоа модулирање математички (и ако се оди по учебник) е боли глава меѓутоа ако ја оставиме математиката настрана е навистина менување на левиот и десниот канал по одредена фрекфенција f. Меѓутоа, во природата се е синусоидално и ние неможеме тукутака да го пуштаме левиот и десниот канал х пати во секунда бидејќи ќе создадеме хармоници и ќе изгубиме квалитет. Идеалниот балансен модулатор го менува по синусоидален закон левиот и десниот канал во еден сигнал кој има спектар составен (sidebands) од левиот канал и десниот канал во спектарот без носителот. Интересното тука е што овој модулатор истовремено е и мешач бидејќи немаме обична модулација (сигнал кој се модулира) туку имаме два сигнали кои се модулираат. Кога се мешаат два сигнали се добива спектар (sidebands) од збирот на сигналите и модулационата фрекфенција и разлика од сигналите и модулационата фрекфенција. Значи теоретски имаме 4 фрекфентни sidebands. Бидејќи физички спектарот може да е само десно (фрекфенција поголема од нула) ние имаме 3 бидејќи едниот (најлевиот е негативен по фрекфенција). Од тие трите, првиот е Лев + Десен канал сигнал кој се наоѓа од 0 до 15КHz (супер, се погоди да моно радијата фаќаат Лев+Денен) и втор+трет е погоре модулираниот сигнал на 38КHz со спектар + и - 15КHz во ширина. Бидејќи рековме дека овој модулатор во оваа конфигурација е и мешач горниот sideband на сигналот е всушност Лев-Десен.



Со ова ги имаме двата сигнали (Лев+Десен и Лев-Десен) со кој може подоцна со операциони засилувачи да се одделат посебно левиот и десниот сигнал. А каде е тука тој пискав тон од 19KHz? Тој е тука бидејќи овој тип на модулација нема носител а за да се демодулира мора да биде во фаза со модулаторот. Што значи тоа, тоа значи дека мора да се знае кога „почнува“ левиот канал а кога „почнува“ десниот канал. Тоа го решиле со сигнал со 2 пати помала фрекфенција од носечката 38KHz (19КHz) и што е во фаза со носечката. Овој сигнал го користи стерео приемникот за да се локува (PLL), да биде во фаза за да може да декодира и плус за да знае ако има 19KHz сигнал да го вклучи стерео декодерот а ако го нема овој сигнал да не го вклучува.
На крајот на спектарот е RDS сигналот на 57KHz но за тоа другпат, се подготвува веќе едноставен RDS кодер. Се надевам е јасно.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Фала ти многу за деталниот одговор и одлично што наскоро ке ставиш и RDS кодер :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Борче да не имаш нацрт за плочка и монтажна шема?
608KHz кристал од каде можам да најдам?
позз
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Јас ја правев на универзална плочка и работеше добро. Кристал од 608KHz се користи во некои далечински управувачи така да можно е да се најде по продавниците за електроника.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
A дали се слуша некаков тивок тон во позадина како пиштење ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Ако постои тој звук доаѓа најчесто од лош PLL а не од овој стерео кодер.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
не, не викам дека иде од твојот кодер, само ме интересираше бидејки имам видено кодер кој и без PLL директ на предавател даваше некој пискав тон па затоа
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Борче, најдов 600KHz кристал но 608KHz не можам да најдам :(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Хмммм... види што е работата: 608KHz поделено на 16 (делител со 16) = точно 38KHz. Е сега со 600KHz ке биде 600/16 = 37.5KHz (и 18750 Hz пилот сигнал наместо 19КHz) што мислам дека нема да отвори стерео :(
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Cyberking

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Ај ако може да добијам шема за на плочката и димензии за стерео кодеров и листа на елементи

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Плочка немам, го правев на универзална плочка (со дупки). Дали некој друг е спремен да дизајнира и ако е може да ја стави тука.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Jaс но прво да најдам кристал оти тоа ми е најголем проблем
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Борче дали може да се преправи некако шемата и ово кодер да работи со 456KHz оти 456 делено на 24 е 19. Па што мислиш за тоа?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.