Ненад Петровиќ од Калуѓерица, Србија, преку веб-сајтот „Купувам-продавам“ во петокот купил компјутер, но во саботата го чекало изненадување – курирот на „Пост-експрес“, наместо компјутерот, кој претходно го платил, му испорачал уредно спакувана цепеница!
„Бев во шок! Веднаш отидов до поштата за да пробам да го вратам пакетот, ми рекоа дека тие немаат право да ја запрат нарачката и дека не можат да ми помогнат. Кога отидов да го пријавам случајот во полиција, ме прашаа зошто купувам преку Интернет“, вели Петровиќ.
Кога ја пријавил измамата на сајтот „Купувам-продавам“, го упатиле на формуларот за жалби и му рекле дека тие се само пренесувачи на огласите и дека не посредуваат во трговијата помеѓу корисниците.
На немоќниот измамен корисник, нормално, не му останало ништо друго освен на Фејсбук да напише: „Би сакал Саша Костиќ (испраќачот на цепеницата, н.з.) да ја прочита оваа порака и да му биде јасно дека многу брзо ќе го најдам и ќе му дојдам во посета, а кога ќе го најдам нека му биде јасно дека тогаш веќе нема да ми биде должен ништо, ќе го искршам како коњ и оваа цепеница ќе му ја треснам од глава. Ако мисли дека ги скрил трагите, тука погрешил, зашто го оставил бројот на сметката од која подига пари.
Ова може да го исправи само ако ми се јави денес и ми ги врати парите, после ќе му биде доцна.“
Се надеваме дека по ова барем малку му олеснило на човекот…
Извор:
http://www.mkd.mk/95415/zabava/samo-vo-srbija-platyil-za-kompjuter-dobil-cepenica/