Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: nikola_bb on 08.01.2012, Sunday, 18:40:11
-
Дечки гледам по нет има разно разни варијанти на направи сам интерконекциски кабли. Има од коаксијален кабел има од мрежен кабел па со плетење на жиците има со сребрен кабел...Па ме интересира дали некој има чепкано ваква работа и дали вреди да се зезаш? Еве што гледав:
http://www.euronet.nl/~mgw/diy/cabling/uk_4play_1.html
http://www.euronet.nl/~mgw/diy/cabling/uk_interlink.html
http://www.euronet.nl/~mgw/diy/cabling/uk_preferred_1.html
http://www.euronet.nl/~mgw/diy/cabling/uk_preferred_too_1.html
http://www.tnt-audio.com/clinica/shoestrings_e.html
http://www.tnt-audio.com/clinica/shoestrings_e.html
Има и други ама да не трупам у главно е тоа. Па ме интересира:
1. Дали кај нас може да се најде сребрена жица и каде?
2. Каде да барам и што да барам поквалитетен микрофонски кабел(ако се одлучам таков да правам)?
3. Ова плетениов од мрежен кабел вреди ли воопшто да се прави?
4. Имам дома RG58 коаксијален но тоа што гледам по интернет сите прават со RG59.
Која варијанта би ја одбрале вие и дали би имало разлика? Целта ми е да користам нешто поквалитетно и да е солидно(наместо овие пазарскиве никакви кабли)
-
RG58 ти е за радио предаватели и радио станици, не го троши за аудио. За аудио може со било каков кабел (нема загуби на мали растојанија)
-
Интерконекциски кабли за растојанија помали од 5 метри нема потреба да ги правиш со коаксијалец.Обичен микрофонски кабел има во БТ електроника во Скопје кај мојот пријател Трте ( не е реклама), потоа во представништвото на Биема во Козле,каде можат да ти направат било каква комбинација .Не работат по телефон ,само одење на лице место ( на раскрсницата пред нивата Германска амбасада и пред бензинската на Макпетрол).

А овие плетењава и такви чуда или врска нема?
Ако не ќе направам со микрофонски само некој поквалитетен
-
Има добри размислувања за звучнички и интерконект кабли на втора и трета страна, вреди да се прочита.
http://www.elitesecurity.org/t34544-1#612436
-
Најди некоја литература за умасување на каблите ,бидејки тоа е најбитно во овој случај.Проблемот на умасувањето,петљите и други работи побарај ги во постарите постови на Форумов,веке пишував и јас и други за овој проблем.Каква апаратура имаш и за која намена ги бараш каблите?? Веројатно е за аматерска,а не професионална намена.
-
За аматерска употреба и како што пишав погоре ги правам колку да се подобри од овие пазарскиве што ги имам. Според се што прочитав претпоставувам дека ќе употребам некој квалитетен микрофонски кабел
-
На линков е објаснето како од два коаксијалци да се направи кабел,ама да ти кажам веднаш сепак е тоа само занесување,а дека ке постигнеш нешто... Впрочем сум видел и кабли (сајли) од по 100 ЕУ ,па разликата во звукот може само да се замислува,во пракса за дома нема логика да се купуваат ,освен ако немаш систем од 20.000 ЕУ.

Мислиш на линкот од лорд зи? Тамо како што видов за звучници е кабелот
Споено мислење: 10.01.2012, Tuesday, 00:31:54
Дечки најдов убав кабел во логинг
http://www.loging.mk/products/product.aspx?id=65534
Цената е 80 денари по метар што мислам дека за ваков кабел не е воопшто скапо и го искомбинирав со квалитетни конектори од истиов производител, задоволен сум од тоа што го добив.