Author Topic: Како изгледа внатре 2N3553  (Read 975 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Како изгледа внатре 2N3553
« Opened on 08.10.2009, Thursday, 15:34:58 (Edited 08.11.2009, Sunday, 23:38:07) »
Ова е отворен транзистор 2N3553 кој се користи за засилување на RF сигнали. Транзисторот е прегорен и затоа го отворив да го сликам. Ова на сликата е долниот дел од транзисторот а под него се трите нозе на делот. Остатокот на куќиштето е шупливо и нема ништо.
Ете внатре колку е мал и за што даваме по 120 денари за ваков транзистор.




Не можам да си разјаснам зошто делот има толкаво кукиште кога основниот дел на транзисторот е многу помал и истиот може да се смести во куќиште на BFR96?
Нели шуплината на куќиштето спречува добро пренесување на топлината до ладилникот?
Дали каде што се спојуваат двете жички е всушност силициумот (транзисторот) ?

Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Како изгледа внатре 2N3553
« Reply #1 on 13.11.2009, Friday, 01:01:13 »
Од две причини: Првата е дека тоа куќиште кога бил промовиран транзисторот било стандардно и сигурно тогаш имал поголем кристал бидејќи бил понечист силициумот. Втората е дека му треба ладење, метален транзистор си е метален транзистор, а тоа што има воздух внатре мора да има пошто ќе се променат карактеристиките на силициумот ако би го залиле со некоја пластична маса. Пластичните транзистори се дизајнирани силициумот да им биде залиен во пластична маса.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.