Хмм.. Не знам дали го сфати мојот одговор,па ево уште еднаш,болдирано:
Магнет од 100 тесли е светски рекорд што тек прошлата година успеале да го направат најпознати амерички научници.Ево видео од тоа:
World Record Magnetic Field 100TНема шанси да направиш вакво нешто,никој у Македонија нема шанси да направи вакво нешто,никој на Балканот нема шанси да направи вакво нешто,никој од пола земји у Европа нема шанса да направи вакво нешто.
Ево уште еднаш објаснување за она другото:
Од една намотка со даден индуктивитет у хенри можеш да добиеш различна јачина на магнетно поле у тесли,тоа зависи од јачина на струјата низ намотката. Јачината на струјата е ограничена од отпорноста на намотката,затоа за ептен јаки магнети обавезно се користат суперпроводни материјали ладени у течен хелиум на температури блиски до апсолутна нула.
Уште еднаш: нема шанси да направиш вакво нешто.
Пак ќе те прашам - за која намена ти е потребен магнет од 100 тесли? Можда е доволен многу послаб магнет?
Каков е тој трансформатор по Тесла без експоненцијални функции,првпат слушам за такво нешто?