Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:53:20

Title: Како се употребува кристалот
Post by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:53:20
Кај кристалите не се работи за напон, не е важен напонот на кристалот кој се донесува на него туку струјата низ него. Е, сега струја низ него тече само ако е високофрекфентна и зависи од фрекфенцијата на струјата и фрекфенцијата на кристалот. Најмногу струја тече доколку фрекфенцијата на таа струја што тече низ него е иста со фрекфенцијата на кристалот (резонанција). Кристалот иначе не трпи голема струја, можеби максимум 150ma малите (1см) или 300ma поголемите старите (2см) што значи дека освен во осцилаторот и на првиот степен, доколку се стават како филтер на излез од некое ВФ појачало ќе изгорат.

За пример, еве една шема за мини предавател (команден) со осцилатор со кристал.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=52.0;attach=12759)

Кристалот е 27MHz, додека калемот е 5 намотки на тело 10мм (може да го намотате на пример на бургија 10ка и нормално да си стои сам без бургијата :) и BF224 = BF199

Кристалот е само филтер со остра карактерискита, тој му го враќа на транзисторот само тој сигнал со таа фрекфенција на влез (на база) и тоа го појачува транзисторот и се создава осцилатор.
Title: Одг: Како се употребува кристалот
Post by: enterprise on 06.12.2009, Sunday, 17:31:36
Ако разбрав добро, со помош на тој променливиот кондензатор ќе се менува фреквенцијата на предавателот од 0 - 27МHz или не.
Title: Одг: Како се употребува кристалот
Post by: DX-er on 06.12.2009, Sunday, 17:41:54
Како што знам ако има кристал тоа значи дека фрекфенцијата зависи од него, вероватно тримерот е за минимални измани на фрекфенцијата. Најдобро да каже некој што подобро се разбира.
Title: Одг: Како се употребува кристалот
Post by: enterprise on 06.12.2009, Sunday, 17:46:33
Па и јас така нешто имав прочитано некаде. Би требало тогаш предавателот да работи на 27МHz.
Title: Одг: Како се употребува кристалот
Post by: BorceBT on 07.12.2009, Monday, 01:47:25
Тримерот е во случај да не го намотате калемот баш колку што теоретски треба да биде за да добиеме осцилаторно коло за 27MHz и со него се подесуваат 3 работи: излезната моќ, чистината на сигналот (помалку хармоници) и маалку фрекфенцијата (1%). Иначе за поголемо менување на фрекфенцијата на кристалот се става сериски (редно) со него променлив кондензатор и може да се менува и до 5% фрекфенцијата но треба шемата да е дизајнирана за тоа (за различната импеданса на тоа коло што ќе биде редно кристал и кондензатор).