Не сум го користел... програмчиња за чистење на adware, spyware и се останато, користам само ако претходно немало ставено некој AV од ESET на машината... или евентуално имало, но постара верзија била.
Ако користам некој од тие програмчиња, најмногу ги користам AdwCleaner и JRT... како најефикасни ми се имаат покажано, а освен тоа, не се инсталираат, еднаш ги пушташ, чистат што чистат и потоа може да инсталираш ESET.
Искрено, не ни препорачувам користење на такви програмчиња како Adaware, Malwarebytes, итн. Како привремена мерка (немало AV, па чистиш колку да не реинсталираш), да, ама освен некој добар AV, не сметам дека уште нешто е потребно. Поконкретен да бидам, добар AV, но и добро исконфигуриран.