Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Malecko on 17.08.2012, Friday, 22:53:14
-
Вака,имам проблем со едно хдд без знаци на живот...Хдд-то е извадено од екстерен хдд.Хдд-то работело до вчера,но на другар му паднало од маса и од тогаш не проработело т.е почнало чудно да тропа нешто како да е заглавена главата,потоа кога пак го вклучил ич немало знаци на живот ниту пак тоа тропањето значи ептен dead е ;D.Во компјутер кога ќе се стави не го детектира исто како да не е приклучено.Моделот е хитачи од 1тб.Кажете некоја финта да пробам ако може да се оправи,ако не чекичот :D
-
Две работи можеш да направиш - да го треснеш од земја повторно или да го замоташ добро во најлон (водонепропусно да биде!!),па даго ставиш24 часа во длабоко замрзнување,а потоа да пробаш да го стартуваш.Сепак,земи лупа и провери ја неговата пешатена плочка да не е оштетена или некој дел да е избиен.Сум имал таков слушај кога поради една диода не работеше хард диск,кој беше исто така треснат од земја. ;D
-
Да не те обесхрабрувам, ама шансите да го вратиш во живот се многу мали.
-
Да не те обесхрабрувам, ама шансите да го вратиш во живот се многу мали.
Знам тоа,ама ете ќе пробам што пиша батка.Ако не го бидне и со тие ќе игра чекичот :D
-
Да не те обесхрабрувам, ама шансите да го вратиш во живот се многу мали.
Истото го мислев... пробај тоа што пиша batka, можно е да проработи само колку да ги извадиш податоците од него. Ако сака другар ти пак да го употребува... нема шанси.
-
Јас добро би го разгледал прво,верувам дека можеби механички е нешто оштетено.Провери со лупа по штампата.Добро би било и контактите кои допираат од механиката кон штампата малку да ги *освежиш* со калај,бидејки имав слушај кога по потрес не налегнувале добро.Не верувам да е скршена или зарибана глава,бидејки тоа може да се слуши само ако то момент на падот хардот вртел,односно работел.Иначе,за она * треснување од земја* се покажало доста често успешно ако се работи за механичко заглавување.Слободно пушти го да тресне на широката страна,итака е веке прогласен за мртов! ;D
-
Пробав тоа со замрзнувачот,не проработе.Пробав и со трескањето,проработе 2-3секунди почна пак нешто да чука да тропа и пак престана...
-
Нека е со помин и лесна му земја! :D ;) Чеканот е се што ни остана! Сепак има интересни делови внатре.Направи му аутопсија и види што тропало внатре!??? 8)
-
Има јаки магнети внатре, извади ги, може ќе ти се најдат за нешто ;D
-
Ако клика како на клипчево, ќе го видиш решението :D
Stop a Clicking Hard Disk (http://www.youtube.com/watch?v=HMhdEp3SM_w#)