Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: oliver.p on 19.12.2015, Saturday, 15:50:59
-
Здраво, имам проблем со полнач од лаптоп HP, пукнат беше осигурачот го променив осигурачот и кога го приклучив во струја пофторно пукна. што можи да биди дефектот на полначот ???
-
Хаха гласање :D
Може да биде:
- грецот
- мрежниот електролит
- мосфет транзисторот
- трансформаторот
- диоди во секундар
- електролити во секундар
- краток спој на кабелот што оди до лаптоп
- повеќе од наведените работи истовремено
Земи инструмент и мери, ако не можеш сам, носи го на сервис.
-
Најчесто се краткоспојува мосфет транзисторот (тој што е зашрафен на ладилникот) заради гром, лоши електролити или лош блок. Проблемот е кога тој ќе се краткоспои најчесто со него горат и други делови така да испитај ги сите делови околу него и надевај се дека драјвер колото не е исто така отидено.
-
имам ист таков полнач исправен и ги менувам елементите од неисправниот на исправниот да видам кој е во ред а кој неее, го променав грецот, мосфетот, електролитите сите, трансформаторот, одпорникот за заштита на мосфетот и пак не работи што можи да биди друго??
-
Ова со гласањево добро е ;D ;D ;D.
Што и да е, во примар е проблемот. Ако е отиден примарот, не знам колку се исплати да се прави тоа. Како што пиша BorceBT, најчесто освен switching транзисторот, одат и други плупроводнички компоненти, а дел од нив се SMD, така да, ако се изгорени (счурени), ни ознака ќе прочиташ, ни ќе знаеш што се... кратко кажано, ќе заглавиш.
Отвори го, види да не е некоја банална работа во прашање, краткоспоени водови или жици, нула со фаза или нешто такво, тогаш најверојатно ништо не е изгорено. Ако видиш чурната плочка, тоа е тоа, чувај го за делови или фрли го, не се исплати да се прави, се наоѓаат оригинал половни од расипани лаптопи ;).
-
...имам ист таков полнач исправен ...
Има ли име и презиме тој полнач или поточно која е ознаката, ито така кои се ознаките на „основните“ елементи како што се на "пример TOP269 или пример UC3845 со 2SK2654" или било кој други елементи!
, сликај од двете страни, па прикажи ги во некој нареден пост ама со добра резолуција!
-
имам ист таков полнач исправен и ги менувам елементите од неисправниот на исправниот да видам кој е во ред а кој неее, го променав грецот, мосфетот, електролитите сите, трансформаторот, одпорникот за заштита на мосфетот и пак не работи што можи да биди друго??
Менуваш едно по едно, па пробуваш и ако не е тоа го враќаш старото? :D Вака според описот ти си сменил скоро се во примар, ама не одеднаш, туку едно по едно. И веројатно сега и исправниот полнач не ти работи. Ако си сигурен во исправноста на вториот полнач, премести се од него што се наоѓа во примар и би требало да проработи првиов. И тестирај ги компонентите еден по еден, извадени од плоча, а не е лошо и слика да ставиш да те разберат сите.
-
Од искуство: Како рече БорчеБТ ако не е до транзисторот,грецот или осигурачот,не се заморувај.Има веќе за 700 денари нови полначи.Не ризикувајте поради поправан полнач (она стави-вади е лоша варијанта!) да ви цркне лап-топот.
-
Другари го направив полначот, изгорено беше драјвер колото така се вика мислам чипче HP3D6 тоа го смемав и во ред си е полначот, фала ви сите што ми дадовте совет ;D