Обично ако звучниците се со ИК (ТДА ...) тие имаат три електролити и тоа: еден од 1000 мФ близу до четирите диоди на грец-спојот, и два идентични на двете страни од колото.Минус половите на звучниците се споени на масата на уредот,а на - половите на двата електролита се врзани + половите на звучниците.Види поконкретно на штампата кои се тие точки.На некои звучници постои женски 3,5 мм џек на кој се врзани звучниците ,а со ставање на слушалки во него се прекинуваат водовите кон звучниците и се конектираат слушалките.Еве како се поврзани овие џекчиња.