Ова е една комбинација која Мајстор Ѓоре ја правеше за еден негов клиент,а јас ги опремив со звучници и свртница.Звучниците се - високотонец ВМН 1301 Биема ,90 дб,15 вати,8 ома, 1,5 Кхз - 20 Кхз,0,15 кг. - 250 ден. парче,како бас - ВМЛ Т601,87 дб,25 вати/ 8 ома,80- 6500 Хз, 0,9 кг. - 900 ден. парче. Свртницата е 420 ден. по парче. Дрвенаријата е 1400 ден од кутија со комплетна обработка и бас рефлек цевка.Уште 120 ден чини 1 кг.полнење од синтетички памук за перници. Вкупно 5220 ,а со двете плочки со терминали за + и - приклучок 5500 ден.! Мислам дека вредат за парите,а како изгледаат видете сами.Човекот си нарача и две сталки за кутиите ( види слика!) за кои ке плати дополнителни 800 ден.