Се со цел запознавање, дружење, разменување искуства на радиоаматерите од Македонија, беше направен радиоаматерски канал кој претставува виртуелна радио станица.
Најубаво е кога разговараме преку радио станица но ете реално не е можно сите радиоаматери од Македонија да се уклучиме на еден исти репетитор и да имаме скед. Но сепак како алтернатива можеме да го користиме овој начин:
Вашиот смартфон со андроид оперативен систем и инсталирана соодветна апликација, поврзан на интернет преку WiFi или 3G/4G мрежа претставува виртуелна радио станица или дигитална радиостаница (токи воки)
Самата апликација има можност да разговарате со еден човек или пак да зборувате на една цела група.
Што треба да направите:
- Во Google Play Store најдете ја апликацијата со име Zello и инсталирајте ја.
- Регистрирајте си свој акаунт (корисничко име) во кое треба да се содржи повикувачкиот знак за да бидете препознатливи меѓу другите радиоаматери.
- Побарајте го каналот Z3 Team
Останува да се дружиме, договараме радио врски...