Тоа ти што го мислиш е пробано,снимано,не само од мене ами и од иљадници други ентузијасти. Се е тоа само работа на поимањето на звукот,ама јас велам дека е доволно само еднаш ритам гитарата да ја снимиш,па со секвенцерот и со други ефекти можеш да направиш синфониски оркестар да свири.Тоа е друга работа ,околу техниката на снимањето,за тоа секој по свој вкус.Екстерната звучна има два /четири влеза (поевтиниве) на кои се вклучува микрофон или линиски влез .За тоа на секој канал има обично гејн и клип индикатор.На овие два влеза поврзи ги излезите на аналогниот миксер.Овој аналоген миксер може да биде 4/6/8/12/...48 канален и на него врзувај што и колку сакаш.Ке го подесиш нивото на каналите,бојата,ефектите итн.- две ,три гитари,зурли,тапани и снимај. Ке добиеш на снимката во Кјубисот еден стерео канал (така ке си го направиш да снима!).Потоа правиш нова снимка со пример тапани,па друга снимка со вокали,терци....Можеш да додаваш и ефекти,да доснимуваш звуци итн.Е,потоа седнуваш и ги склопуваш каналите,упадите, потивко, појако некој канал ,сечеш,лепиш и на крај добиваш некоја снимка.
Тоа е таа техника на снимање ( евтината варијанта), а рековме добра снимка само во студио со уште поквалитетна опрема ( од глува соба,микрофони,панели за звукот,филтри,ефекти...).Сепак,да знаеш дека многу песни што се вртат на ТВ се направени на сличен начин,со слична апаратура.И на крај - не е само до апаратурата,сепак треба да знаеш и да свириш на инструментот.