Author Topic: Предзасилувач за радио за кола  (Read 939 times)

Offline dragansparky

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
Предзасилувач за радио за кола
« Opened on 31.05.2015, Sunday, 14:58:53 (Edited 01.06.2015, Monday, 01:13:10) »
Здраво на сите ми треба шема за предзасилувач. не за да засили сигнал туку да го исклучува и уклучува. радиото ми е на касети сакам да го слушам во гаража на телефон, таблет. предпојачалото за главата му го извадив и кога ке пуштам радио ми се меша звукот од таблет со радиото а со еден тл072 ке ги одвојам ако има некој такава шема нека прати. само без тоне волуме баланс котрола фала

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Проблем со радио за кола
« Reply #1 on 31.05.2015, Sunday, 15:32:25 »
Прво насловот не ти одговара за темата која си ја одбрал.За ова намена не ти треба никаков предзасилувач,ами едноставен прекинувач(електронски или механички) кои ке го исклучува напонот на тунерот кога сакаш да приклучиш надворешен сигнал.Значи ,веројатно сигналот од телефонот го носиш директно на излезот ,односно на потенциометарот за волуме.Бидејќи не си ставил ниту марка,модел или шема на радиото,вака тешко да ти предложам решение.Најди каде се напојува тунерот или макар меѓуфреквентниот дел / стерео декодерот,па пробај да најдеш нашин како да го исклучиш тој напон,да ти остане само излезот под напон.Насловот за почеток ке го смениме во * Проблем со радио за кола*

Offline dragansparky

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
радиото е од hyundai HMC касеташ има еден прекинувач на кој го менува модот со еден влез и два излеза на напон, едното оди во head предзасилувач а другото во радиото (иц на радиото пошто е дигитално) за да не правам многу промени наједноставно ми е да ставам некое тл072 како предпојачало кое само ке го вклучува и исклучува режимот и нема мешање на звукот. И за таа намена некоја шема ако може

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Најчесто има преклопник на механизмот за касета. Кога е ставена касетата внатре, се уклучува касета, а кога е извадена, се уклучува радио. Провери дали и кај тебе има ваков преклопник. Ако има, не мора да правиш никакви преправки.
Жан

Offline dragansparky

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
да има ама објаснив на кој принцип работи само ми треба убава шема за преамп ништо друго. гуглав и ништо не ми фати око. оно сега работи супер ама кога ке упалам радио се меша звукот а ако го извадам џекот има брум

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: предзасилувач за радио за кола
« Reply #5 on 31.05.2015, Sunday, 21:18:56 (Edited 01.06.2015, Monday, 01:12:29) »
Батка,очигледно не се разбираш многу од електроникава и не знам што си запнал со тоа TL072.Тоа коло е ОР  amp. и со него не може да се менуваат модови на работа.Звукот нормално ке се меша бидејќи двата сигнала ги носиш истовремено на едно појачало.И да ставиш посебно предпојачало проблемот нема да го решиш и пак ке имаш мешање и брум ( од двете маси!).Решението ти е да ги одделиш двата сигнала од излезот или да го решиш тоа со исклучување на напонот за напојување на радиото,Друго решение е да го вратиш пп за касетофонската глава и ако е механизмот во ред да направиш или набавиш касета со приклучок за надворешен сигнал.Имаше такви порано: ја ставаш касетата во касетофонот ,а на неа има кабле кое го уклучуваш во МП3-ката,телефонот или слично.Така ,автоматски ке се исклучи радиото,а преку касетата на главата се носи сигнал кој ке се појача во појачалото на авто радиото.

Споено мислење: [time]31 Мај 2015, 20:30:23[/time]


Eве како изгледа касетата.Се употребува ако немаш приклучок за ЦД и слично.Можеш и сам да ја направиш од обична касета- се вади лентата од внатре и на прозорчето на касетата се монтира друга касетофонска глава.Тоа треба да го направиш така што главата на касетофонот добро да налегнува на постоечката глава ,која мора да има начин,механизам да се штелува.Со неколку проби се подесува.Добро е ако најдеш од оние плитките глави,а на него залеми кабел со 3,5 мм џек.