Компјутерско напојување за 600 денари?
Добро, да, требаше да напоменам дека за мене се толку на некои места
.
Само пази над 500W се овие,нема зае*анција .Внатре отвараш тоа трафото колку паричка и што сакаш,џабе ти е после ти да го преправаш како што кажа гига.Да му ставиш други кондензатори,транзистори,поголеми ладилници...Што ќе ти тоа ако нема моќност,што ќе ти го 200W...
Ако е трафото од оние поголемките (не од тие ситните, мислам дека знаете за кои зборувам
), нема да имате никаков проблем
. Тие издржуваат до кај 350, 400W, немаат проблем
. На нив напонот им паѓа поради поддимензионираните кондензатори, а лошото ладење и малите ладилни тела придонесуваат за брзо греeње на полупроводничките компоненти :S. Инаку, технички гледано, ако ова напојување на го оптеретуваш повеќе од 150 или 200W (колку што типично трошат office машините), овие напојувања може прилично добро да се покажат
. Ќе треба да се репарираат по едно 3 или 4 години работа (и тоа зависи колку работела машината, ако била пуштена нон стоп, може и по 2 години да треба да се репарира напојувањето, но ако работела два, три саати дневно, најверојатно напојувањето ќе треба да се репарира дури по 5 или 6 години работа
), но тоа не е ништо сериозно
, најчесто е во прашање само промена на кондензатори, зачистување, подмачкување на кулери, некои такви работи
.
Поентата ми е дека купување на скапо (бренд) напојување е оправдано (барем според мене) само ако имате гејмерска машина, имата над 2 HDD-иња или голема матична плоча која знаете дека многу струја влече
. За office машини, неоправдано е купувањето на скапо напојување
. Доволно е да се преправа (репарира) постоечкото на неколку години и толку
.
Што се однесува до идејата за домашно изведено напојување, не би ти препорачал да го правиш тоа :S. Подобро купи си некое поскапо. Не се исплати времето и трудот вложен :S. За 2000 денари имаш прилично солидни напојувања
.