Author Topic: Проблем со инсталација за бојлер  (Read 10501 times)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Проблем со инсталација за бојлер
« Opened on 02.11.2013, Saturday, 19:15:44 (Edited 02.11.2013, Saturday, 21:41:25) »
Здраво, како што гласи насловот, имам проблем со инсталацијата за бојлерот, имено еве за што се работи.
Пред неколку години, проблемот се состоеше од тоа што нонстоп ми гореше термостат (на отприлика неколку месеци), само доаѓаа разноразни мајстори, и се што правеа, беше промена на термостат и образложение за дефектот беше слаб квалитет на термостатите. Последниот мајстор што ми менуваше термостат пред грубо 5-6 години, вршеше некои мерења таму, и констатираше дека преку заземјувањето доаѓа некоја струја од горе-долу 30-40 волти. Неговото решение во моментот беше, да се исклучи заземјувањето, и да се тера така со внимание, да не работи бојлерот додека се тушираме, и еве од тогаш досега, јас навистина немав проблем со термостат, се до пред некој месец, кога најверојатно се залепил биметалот внатре, и не исклучуваше воопшто, а страшно ме мрзеше да го отварам и си терав така. Арно ама, пред некој ден, се заглавив на компјутер и го заборавив уклучен, тој сиротиот прегреал до крај (кољку пише, тољку иде  ;D ), и најверојатно имав среќа што не прсна нешто, само собрав храброст, влегов внатре, отворив славина, од која што патем не излегуваше вода, само пареа  :-\ ајде го чекав скоро пола саат, се испразни до пола само, замисли, и почна вода да тече. Цревата почнале да течат, ми ги стопи славините и тушот итн итн. Во секој случај, купив нов бојлер, и утре планирам да го монтирам, но многу ме секира работава со заземјувањево, како би можел јас да измерам дали доаѓа некоја струја преку него, инаку располагам нажалост само со унимер и фазомер  :-\ , се надевам дека унимерот би можел да ми помогне во случајов, но не знам како би измерил само со една клема, дали да ја врзам едната на нула, а другата на заземјување? Дали да ставам осигурач и да пуштам струја, па така внимателно да мерам? Стварно не знам кое е попаметно, мада првово ми се чини како попомошно, искрено, едвај собрав пари да го купам бојлеров и батеријата, и веќе немам пари за викање мајстори, инаку не би ја решавал оваа проблематика сам.

Исто така да напоменам, пред 3 години кречев во ходникот пред купатилото, и направив една глупава грешка од брзање, малце ми беа тесни роковите и морав, нормално по дома бос, и се качив на старата машина за перење, којашто патем е поврзана веднаш до прекинувачот од бојлерот, како што поминував со четката, ми беше раката со боја направена, и нормално преку водата, доаѓав во директен контакт со ѕидот и всушност станав проводник меѓу машината и ѕидот, и во еден момент осетив како добро ме дрма струја, накратко кажано, ми смрзна гом*ето  ;D , после тоа облеков патики и ја избришав раката добро  ;D и немав проблем, претпоставувам дека би можело да биде до старата машина за перење, пошто имаше таа некои проблеми со програматорот, но не мислам дека беше круцијално тоа за да направи некаков повратен напон, само заглавуваше програматорот, додека не го растурив и го средив. Јас во секој случај утре ќе ги отворам сите штекери и прекинувачот за бојлерот, да увидам дали има некој проблем во нив, но сепак би бил доста благодарен доколку некој може да ми посочи каде и како да го барам проблемот. Јасно ми е дека е ова поголема проблематика, сепак, може и да не е воопшто кај мене проблемот, можеби и откај некој комшија блиску мене. И доколку констатирам дека доаѓа некоја слаба струја низ заземјувањето, дали е безбедно да го поврзам така, во новиот бојлер, заземјувањето се поврзува директно на постољето од греачот. Благодарам однапред и се извинувам за гњавењето со реферати.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
да не има негде влага што спроведувала струја од машината до бојлерот? прашај го тој мајсторот како го мерел тој напонот на уземјување па пробај и ти така, исклучи ја машината и пробај дали ке има напон а потоа вклучи па пробај и тогаш ако нема напон и во двата случаи тогаш нешто друго е проблемот  :)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Благодарам однапред и се извинувам за гњавењето со реферати.

Е, искрен да бидам, мене баш ова ми се допадна. Убаво, детално објаснет проблем, што е пробано, што не е пробано ;).

Сега, прво за бојлерот. Значи, единствен начин да установиш дали тече струја према маса и кај новиов бојлер е ако го поставиш унимерот на подрачје за наизменична струја (AC) и да видиш дали при пуштен бојлер, се јавува течење на струја према маса. Значи, црвената клема од мултиметарот ја врзуваш (по можност, зашрафуваш или со мерни сонди со штипчиња, прикачуваш) за бојлерот, а црната ја врзуваш за кабелот од масата. Значи, единствена работа која не ја врзуваш за бојлерот е масата ;). Ја поврзуваш фазата, ја поврзуваш нулата, масата ја оставаш да виси и го врзуваш унимерот на претходно опишаниот начин ;). Ако има подрачја за јачина на AC струја, постави го на најголемо подрачје. Ако не јавува течење на струја на најголемо подрачје, намалувај ги подрачјата (на пример, било на подрачје од 20A, потоа постави го на подрачје од 2A). Ако и при најмало подрачје (би требало да биде 200mA) унимерот не јави течење на струја, најверојатно проблемот бил кај бојлерот (претходниот) и со го средил со купување на нов бојлер ;D. Можно е греачот од претходниот бојлер да префрлувал од некое место према маса и да ги горел термостатите ;). А можно е и проблемот навистина да биле неквалитетните термостати ;D, кој знае ;D.

Се разбира, бојлерот треба прво да биде монтиран и наполнет со вода ;).

Сега, околу проблемот со дрмање на струја ;). Можно е дел од водата во четката да се слизнала до прекинувачот за бојлерот (барем јас така ја сватив ситуацијата, си бојадисувал веднаш над прекинувачот за бојлерот) и да ја наводенила фазата, ти си бил поврзан директно со маса преку босите нозе и машината за перење, а водата е прилично добар проводник на мали растојанија, така да... се случило тоа што се случило ;D. Во принцип, ако немаш проблеми со допирање на машината за перење (не те „мава струја“) кога работи, со прилично голем процент на сигурност можеш да сметаш дека проблемот не е во неа ;).

Како и да е, прво измери го ова што го пишав, па потоа се останато ;). Но, пази унимерот да може навистина да мери AC струја, не само DC. Ако може да мери само DC, тоа не ти врши работa :S. Ќе мораш од некаде да најдеш унимер кој може да мери AC струја ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Земи унимерот и мери нула према уземјување во некој штекер, не би требало да покаже напон
пошто трафостаниците се сите нуловани (споени нула и уземјување) не смее да има напон, ако има напон исклучи се што имаш во цела куќа/стан приклучено на мрежа и мери дали има, ако нема вклучувај еден по еден уред, кај некој ќе покаже :D, ако сеуште имаш и при исклучени потрошувачи, најди ја разводната табла (таа со осигурачите) и од таму исклучи го уземјувањето, ако од тука се дели негде, ако има вод кој иде до мерилото не го гибај оти ако го оштетиш можи да те казнат овие од евн (?), на исклучено уземјување мери, ако нема така значи ќе отвораш една по една дозна и ќе го исклучуваш од сите уземјувањето во некоја дозна ќе го најдеш проблемот, ќе следиш кај води делот што е проблем во дозната и така ќе го отстранеш тој проблем

Јас знам вака да решавам оваков проблем, можеби има друг начин, вложи во подобро уземјување во секој случај, поставено на место каде има влага, значи да не е под бетон оти џабе ти е така
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Многу прецизно објаснување доби од гигават и девил според мене чим на стариот бојлер ти прегорувале толку брзо термостатите не е само до лошиот квалитет не може толку брзо да прегоруваат сигурно нешто греачот правел спој и ги топел може тој ти правел спој према масата нешто инаку ако проблемот не се реши со купување на нов бојлер ако мислиш дека инсталацијата не ти е добра земи унимер и маса заземјување не треба да ти покаже напон инаку извршиши и мерење на струјата како што објасни гигават тоа е професионален метод и исто така и девил ти објасни ако има проблем како да го остраниш мој совет ти е пред да го поврзеш бојлерот испитај си ја инсталацијата а може и да не ти е зафкната барем како што сметам јас друже според мене бојлерот може правел проблем но сепак унимерот во рака ако немаш некој квалитетен позајми пред да го поврзеш новиот бојлер испитај си за секој случај ;D.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Момци, ви благодарам на сите за одговорите, буквално сум исцрпен моментално, од 6 сабајле сум на нога, и не се осеќам сигурен да пипкам сега, да не светнам случајно  ;D ,а прва работа што правам сабајле е следење на сите горенаведени совети и постапки, и се цртам право овде на рапорт  ;)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Е така е на јубаво се работи кога човек е свеш и ведар и можеш да размислуваш вака и да го знаеш нештото може да го утнеш несакајќи.Е утре чекаме одговор што си направил јас сметам дека со инсталацијата немаш проблем може и да грешам ќе видиме утре што како кога ќе пишеш  ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
пред да го поврзеш бојлерот мери напон помеѓу заземјувањето и нулата (AC), ако има некој напон ако можеш осигурачите еден по еден исклучувај ги, кога ке видиш некоја поголема промена види што е уклучено на тој осигурач и 90% тој уред е тој што ти ги прави проблемите, а и ништо чудно да бил и стариот бојлер.

(тоа со мерењето напон е исто како што кажа и Devil, само со помалце трчање :D )
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А да, заборавив да напоменам во мојот претходен post една (барем според мене) важна работа ;). Кога ќе мериш течење на струја према маса, добро е да го оставиш унимерот пуштен цело време додека грее бојлерот (додека не исклучи термостатот) и цело време да бидеш присутен во купатилото (WC-то). Цело време гледај во унимерот и види дали ќе се смени вредноста (во случај да покажува 0.00, ако покажува некоја друга вредност само што си го пуштил бојлерот, знаеш дека нешто не е во ред ;)). Ако те мрзи да го правиш ова и ако имаш некоја дигитална камера (фото апарат) на располагање, може го поставиш да го снима унимерот определено време (додека е пуштен термостатот на бојлерот) и потоа да моташ низ снимката ;D. Ова е стара финта и е често користена од страна на сервисери на телевизори во случаи кога определен квар на уредот се појавува ненадејно (од време на време) ;). Го оставаш телевизорот пуштен цела ноќ, оставаш камера пуштена која, освен самиот телевизор, може да ги снима и мерните инструменти кои се поврзани за телевизорот, си легнуваш и наредниот ден ја моташ снимката ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Да ова со камерата е многу јака финта само си премотуваш после може инсталацијата да му е добра стариот бојлер да праел проблем но сепак кога членот ќе измери со унимер заземјување нула дали има напон ќе бидеме сигурни сепак мно прецизно му објаснивте што како ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со инсталација за бојлер
« Reply #10 on 03.11.2013, Sunday, 12:00:03 (Edited 09.09.2019, Monday, 20:55:04) »
Е значи кога ке стигне да прави и да импровизира кој како му стигне, се добива следново



всушност, земјата е поврзана како нула, а нулата е исклучена и плус нулата доаѓа од друга страна, не од истиот кабел, додуша, промашени се само боите на каблите, и тоа може некого да го збуни доста и да направи беља, сепак извршив мерења од нула према земја, и не добив никакви отчитувања, додека ако мерам фаза и маса, добивам 110 волти, дали би требало тоа да биде така? Така и на другите штекери ми излегоа мерењата, и на тој начин открив дека засебната црна жица е земја, истите отчитувања од 110 волти ми ги даде и на неа кога ја мерев со фазата. Се на се, мислам дека е во ред да го поврзам како што треба, како што било досега, само плус да си ја закачам земјата, уште ме копка зошто била дисконектирана, ама колку што гледам се во ред, и не би требало да има проблеми. Чекам одговор пред да монтирам, само ке ве замолам ако може малку побрзо, све ми е растурено и WC-то е неупотребливо, а плус ми се скина и едно чкарт црево во тештик и треба да менувам туш батерија, па ке се позанимавам со тоа додека чекам, многу ви благодарам на сите за помошта.  ;)

Заборавив да напоменам дека во меѓувреме сменив и фрижидер којшто многу му брчеше моторот и на крај изгоре, па ништо чудно и до тоа да бил проблемот, исто така сменив и машина за перење која знаеше да биде проблематична на моменти, значи можно е и некоја од тие компоненти да била проблем во тоа време, само кој да каже со сигурност.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
110 волти не смее да има во никој случај. Ако мериш фаза према нула, треба да има 220V, а исто и ако мериш фаза према заземјување, мора да покаже 220V. Кај тебе нешто не е во ред со инсталацијата.
Жан

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Фаза према нула има 220, а фаза према заземјување има 110, знам и мене малце сумњиво ми искочи ама што знам викам ај да прашам, и сега ај предложете како да го поврзам, дали да го врзам како досега што беше па понатаму да се занимавам со оваа проблематика, или да ја врзам и земјата?

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Моја претпоставка, вака на невидено, е дека заземјувањето е лошо изведено.
Мора прво да се реши тој проблем, да се провери инсталацијата дали некаде има прекин или оштетена изолација.
Дали живееш во куќа или во стан, и дали знаеш као е решено заземјувањето?
Жан

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Најверојатно е нешто лошо изведено, а како е изведено благе везе немам, а инаку живеам во стан, (карпош 1 тазе реновираната зграда со 14 спрата на партизанска, во случај да бил некој и да познава какви се изведбите на инсталацијата) и претпоставувам дека малку би било тешко да се следи која е што е земјата, бидејќи и таа е црна како и фазите, ама не би требало да биде претешко.