Инаку јас го гледав овај канал на јт каде што прави нешто од нула
https://www.youtube.com/channel/UCNSeIhPizwD2Psgd2fgeR-g
Абе ова се убаво... ама огромно е чудово. Треба посебна соба да имам само за него.
Дај види тоа со Бугарија ако има нешто, ако не, јок, џабе ми е ова... немам намера да правам нешто волкаво. Прво немам кај да го ставам, второ, и да имам, што ќе ми е, не ми треба толкав струг.
И јас имав желба за diy дребонг, но ми се виде многу комплицирано.
Треба да имаш машини за да направиш машина или да дадеш еден куп пари по мајстори.
Во секој случај, интересна тема, пиши што ќе направиш
Па, и мене така ми изгледа работава, ама не се откажувам
. Инаку, тој open source дребонг е бетонски
. Да не ти се верува
. Ама држи вода муабетот. Само треба да се поставени на правилно место елементите, додај арматури, бетонирај и толку
. Има на YouTube клипови од вакви изработени дребонзи
. Ама ако нешто не си поставил како што треба или ако сакаш нешто да преправиш... треба нова бетонска основа да правиш :S. Освен тоа, кој знае колку ќе тежи тоа чудо
.
Прашајте го Z31GH , тој е специјалист за такви работи.
Го имав еднаш прашано. Ми пиша дека повеќето дреари сами си ги прават дребонзите... да, лесно е кога веќе имаш еден да направиш друг. Јас немам ниеден, а сакам само еден
, не сакам да си направам друг со првиот, доволен ми е тој
.
Ај, еве, јавно нека биде, тогаш мислам дека разменувавме приватни пораки. Ако има некој дреар на форумов или ако некој познава некој дреар кој сака да се нафати да ми направи дребонг, нека ми даде број, mail, било што, да исконтактирам со човекот, кој и да е, да видиме цена, ова она... па ако ми дозволи, и јавно ќе пишам, ако се договориме, колку ме чинело, ова она, детали. Ако дозволи и контактот нека му стои јавно, кој сака, нека му се јави.
И во втората книга од авторов на серијалот пишува дека металниот дребонг е единствената машина во металуршка работилница која може да се реплицира самата или да ја реплицира било која друга машина. Јасно е и зошто напопуларна му била втората книга од серијалот
. А и така е, реално гледано
. И во сите останати делови од книгите, секаде го користи дребонгот за правење на сите останати машини... ама ај иди направи го него
. Тоа е како леткум и унимер во електрониката... само што ни едниот ни другиот не може да се реплицираат сами себе, ама за среќа евтини се
. Има планови во втората книга, да, ама тие се... далеку над тоа што ми треба мене. Тоа е дребонг баш за мала металуршка работилница... мене ми треба за ситнурии. Затоа и го ставив клипот од Grizzly G0745. Е, толкаво чудо ми треба
. Не би било лошо да е малку поголем од тој, ама и тој би ми вршел работа
.
Пред се јас мислам дека финансиски се пречките....барем мене во се што сум тргнал, финансиски сум бил спречен да завршам. (моментално цнц машина, немам пари за мотори ).
Нека ти купи татко ти, евтини са
.
Не знам дали на некој ќе му текне од која реклама беше оваа реплика
.
Ај, шала на страна, може од ebay да си нарачаш, не се прескапи
. Далеку од цената на еден дребонг, на пример
.
Сега разгледував во книгава планот и нацртите....ама ова е баш скроз фабрички струг. Не верувам дека и алатничар би се нафатил за изработка.
Па тоа ми беше и мене муабетот. Не ми треба толкаво чудо, тоа е за металостругарска работилница. Мене ми треба ситнуријана на клипот. Знаеш ли некој кој би се нафатил тоа да го направи... ама без нацрти, никаде не можам да најдам планови за нешто толку мало. Сите планови кои ги најдов беа за изработка на дребонзи за во погон
.
Би ти предложил, да ти нацртам јас предлог...ти да си го корегираш по свој вкус, да се направат две оски за работа, релативно лесна би била изработката со тоа што ти треба добра столбна бушилица за во 90 точно да бушиш и би биле две навојни вретена и 4 росфрајтни или светло валани шипки и неколку линеарни и обични лагери.
Идејава моја може да се реализира на дрво, лесно обработливо и евтино ама лоша прецизност и со тек на време се олабавува. Или железо, шо лоша страна е ќе мора швајцовање.
Футерот не верувам дека е можно да се изработи, ќе мора да се купи и исто и конус со футер и со центар ќе се купи.
Моторче, за оваа димензија, две ременици со клинест кајш, за ако заглави да може да проклиза и да го исфрли да не предизвика штета, и моторче снажно од шрафилица јака на 24волти и импулсно напојување моќно.
Ова би била една груба перспектива, и нафрлано се....ако има некој искусен алатничар можда и ќе ме искритикува и ќ ерече дела мн “летам“...ама јас мислам дека е изводливо.
За се што треба на струг да се сработи, Z3gh... (му го заборавив никот ) ако се нафати...и јас тука сум да ти помогнам, имам пристап до солиден алат.
навојни вретена трапезни T8, 30цм парче со се лагери, лежишта и мутер се околу 10-15усд. (2 парчиња)
Светло валани шипки Ф8 се 80-100денари 2 метра, а росфрај се околу 320ден 2 метра (потребно ти е метар макс) и линеарни лагери се за 6 усд можеш од две до 10 парчиња да добијаш во зависност од конструкцијата.
Е сега за футер...јас мислам дека најпаметно и најевтино за ова димензија на стругот би поминал со еден футер од бушилица за погонскиот футер(150денари од кај албанцине од на пазар), а за тој фиксниот футер јас би одел со обично футерче од гравирка 5усд.
ОК, третина од работите што ги пиша ги разбрав, третина не, а третина не ни знам што се
, ама нема везе, ти ја разбрав поентата на муабетот
.
Значи, дрербонгот треба да е метален и да може да обработува метал, не само дрво. По net-ов, дребонзите ги делат на wooden lathe и metal lathe... и поделбата не е направена врз база на тоа од што се направени, сите се метални (или бетонски, како што пишав за тој open source дребонгот). Поделбата е направена врз база на тоа што може да обработуваат. Ваљда овие за дрво немаат толку добро изработени ножиња ли... појма немам. Само знам дека ако може да обработува метал, сигурно може да обработува дрво. Е мене и двете ми требаат... а и за пластика ќе ми треба. Значи не правам составни делови од кран, ми треба за ситнурии, но и за метални ситнурии ќе ми треба.
А околу футерите... па... не ми се сложил баш со тебе, тие футери фаќаат до кај 10-ка... некои има одат до 12-ка, ама тие се поголеми и поретки се. Би сакал да може да обработам некоја шипка на него. Значи не мора да оди до 40mm, ама што знам... барем до кај 20mm да оди, би било пожелно.
И околу предлогот за изработка на нацрти/планови... ајде, еве, фати нешто, кога ќе имаш време, направи... мене не ми се брза. Ова ми е план за во иднина... мислам на набавката на дребонг, така да, не ми е ништо итно
. Сега почнав да разгледувам бидејќи забележав дека се почесто и почесто имам потреба од вакво нешто, па импровизирам (бормашина на менгеме надополнето со гравирка
).