Author Topic: Едно 100 ватно појачалце од пред 30 години  (Read 695 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Многу стара  шема случајно ја најдов.Ова беше КИТ кој го купивме двајца другари пред 30 години во Трст за некои 20 марки.Имаше комплет се освен трафо.Го составивме,а чекавме 3 месеци додека најдовме мајстор да ни го намота трафото,па два месеца додека купивме два нишки баса од ХСР и точно на 4 јули(го памтам датумот!) го *пуштивме во употреба* во дрвена кутија со потенциометар и тлеалка за 220 В на предната  плоча.Немаше влезен конектор,па директно со кабел носевме сигнал од  слушалките на моно радио-касетофон Грундиг (оној Теслин полски со зелена скала ).Журката траеше 3 часа ,а кутијата беше позади отворена и на секој пет минути пробавме колку е ладилникот  загреан!!  Ладилникот беше 20Х10 см и беше оригинал црно елоксиран со ребра ,фабрички!Го продадовме по 2 години за неверојатни 60 марки.Парите ги потрошивме за 1 недела во Извидничкиот центар во Охрид.

Offline Delija

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 265
  • Gender: Male
  • Господ ја сака Македонија, а и ЈАС!!!
Батка и ја го има праено на времето ова појачалце. Одлично е за аматери почетници кои немаат некое големо искуство. Можат да го изработат за мали пари! ;)
Секогаш и секаде,...Најповеќе со електрониката!