Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: LordZi on 18.09.2015, Friday, 18:09:44
-
Колото LT1210 е доста фалено по форумите дека има најдобар звук помеѓу сите мали TO220 chipamps, па откако набавив неколку парчиња решив да го испробам. Повеќето од шемите што се вртат на нет имаат и влезен степен со операциски засилувач за да се зголеми gain-от при што се добиваат околу 15W, но бидејќи мене не ми требаше некоја голема излезна моќност, се решив за една руска верзија на засилувач само со LT1210. Гејнот е околу 8, вкупните изобличувања се <0.08% на 8оми во опсегот од 20-20000Hz, мирната струја е околу 30mA по гранка. Вредностите на R4 и R5 и на двата канали треба да се исти (спарени) под 1%. Од неполарните кондензатори С2 треба да е керамички, останатите квалитетни блок-кондензатори. Калемот L1 се мота со лак-жица 0.6mm, во еден слој, колку ќе собере на R6.
Ова е шемата:
(https://s25.postimg.cc/5z0gwwuxr/1247572237_lt1210_amp_zpsg7hv7xqs.gif) (https://postimages.org/)
А ова е изгледот на плочката, фајлот го има најдоле.
Иначе двете маси од плочката и онаа за звучникот со жици најмалце 0.75mm2 се водат во една заедничка точка, обично на масата од електролитите во напојувањето:
(https://s25.postimg.cc/3ug3vuo67/pcb_zpsx4fjf0kq.jpg) (https://postimages.org/)
Вака изгледа мојата верзија, знам дека ладилникот е обратно свртен, ама и така е overkill, при нормална работа едвај е млак на допир... ;)
(https://s25.postimg.cc/ptmij1pkv/WP_20150917_001_zpsuemp04zr.jpg) (https://postimages.org/)
(https://s25.postimg.cc/bzy5tzp9r/WP_20150917_002_zpsrdtmb3fn.jpg) (https://postimages.org/)
(https://s25.postimg.cc/4wqaedz9r/WP_20150917_003_zpsvu640nul.jpg) (https://postimages.org/)
Звукот е одличен, детален, динамичен, со доволно бас. Нека не ве залажува малата декларирана моќност, ова е гласен засилувач, повеќе од доволен за домашно слушање, особено во комбинација со поосетливи звучници... ;)
-
Интересно, ова коло воопшто и не е декларирано како аудио коло.
-
Точно така, затоа и ме заинтересира... ;)
-
Незнам како е со греењето гледам добро ладњаче си ставил,го немам пробано ова ИЦ тоа што не ме радува на прв изглед е за 8w снага треба лискун и подлошка за штрафчето,сепак за таа снага без да му ја мислиш дали лискунот го имаш или дали е добро монтиран и изолиран,го имаме ТДА 2003 заштрафи и цепај,сепак добро си го дотерал,секоја чест добро изгледа :)
-
Како што пишав ладилникот е overkill за овој засилувач, може и многу помал да се стави, јас овој го имав и овој го искористив... ;) Ако го ставаш секој канал посебно на свој ладилник не ти треба лискун, тој е само за да нема врска меѓу каналите... TDA2003 е далеку од споредба со ова ИК... :D