Author Topic: Какви се тие репетитори чиа предавателна и приемна фрекфенција е иста ?  (Read 1969 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Во Србија имаат повеке репетитори чиа предавателна и приемна фрекфенција е иста, како е можно тоа ?

Code: [Select]
http://ham.pirot.org/
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zlate87

  • Нов член
  • *
  • Posts: 7
Одг: Какви се тие репетитори чиа предавате
« Reply #1 on 14.10.2015, Wednesday, 15:18:25 (Edited 14.10.2015, Wednesday, 16:39:34) »
Гледам никој нема одговорено подолго време, па еве да го споделам моето мислење:

Од тоа што сум читал/гледал на интернет, највероватно сигналот кој го добива на прием го снима, и потоа го емитува истиот.

Од тоа што сум гледал, може да се направи со едноставна радиостаница и еден ваков уред:

Code: [Select]
https://www.argentdata.com/products/repeater.html

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Уредите кои имаат иста приемна и предавателна фрекфенција не се класични репетитори. Фарови, бикони, линкови за Echolink, чворови и многу други слични намени. Поконкретна намена им е симплекс репетитор односно 145.500 на Echolink па кој од кај сака може да ти дојде на симплекс.
DX-er разгледај ја картата види дека само на еден или два пишува дека се репетитори, другото се фарови или собирници (чворишта) за APRS.

За уредите кои спомнал Zlate87 мислам е нешто слично како за Echolink. Во Србија YT1PRM имаше нешто такво активирано и до него се пристапуваше преку Android апликација која мислам дека се викаше Zello. Преку апликацијата секој можеше да креира говорен канал или да пристапи до канал со одредено име, слично како каналите на mIRC на времето (ако некој ги памети)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Леле јас од многу работи немам познавање :(
Z3nesto ако имаш време и трпение да ни објасниш на мене и на таквите како мене што не знаат за што служат тие фарови а за што се тоа бикони и за што служат и какви се тие и за што користат чворови ? Благодарам однапред
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Аматерски радиофар = beacon (бикон) е автоматска предавателна станица поставена на определена локација за емитување на посебни сигнали наменети за истражување на простирањето на радиобрановите и за други технички истражувања.
Еве и фрекфенции за Z3 т.е ITU Region1:
Фреквенциски подопсег     Аматерски радиофар     Вид на емисија
10.100 - 10.140 кHz        од светски карактер       А1А, А2А
14.000 - 14.100 кHz        од светски карактер       А1А, А2А
28.200 - 28.300 кHz        од светски карактер           А1А, А2А
144.845 – 144.900 МHz        од државен карактер       F1А
                                од локален карактер       F1А
432.800 – 432.900 МHz        од државен карактер       F1А
                                      од локален карактер       F1А
1.296.800 - 1.296.900 МHz      од државен карактер    F1А
                                      од локален карактер       F1А
10.368,845 - 10.386,900 МHz      од државен карактер    F2А
                                      од локален карактер    F2А

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одговорот од @xantox е на место :) а за APRS и чворишта може повеќе на следниот линк

Code: [Select]
http://www.aprs.org

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
ама кај нас нема такви предаватели во нашиот опсег
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одговорот од @xantox е на место :) а за APRS и чворишта може повеќе на следниот линк

Code: [Select]
http://www.aprs.org
Колку се моите теоретски познавања APRS (Automatic Packet Reporting System) е уствари некој вид примопредавателна станица со уред кој испраќа пораки во етерот преку диги мод. Опфаќа, колку што знам, кратки пораки од интерес за еден регион. Метео инфо, локација со гпс кординати и сл. За да ги слушнеш, односно видиш на мапа, потребен ти е посебен уред со APRS или во поново време обична радио станица, TNC и андроид телефон. APRS-IS (Automatic Packet Reporting System-Internet Service) е веќе чвориште.
Чвориште или Node е всушност Radio over Internet Protocol (RoIP) вид на VoIP, каде примопредавателна радио станица е поврзана преку интерфејс со компјутер, кој пак има интернет конекција и посебен софтвер. Постојат моментално повеќе системи кои утилизираат RoIP како на пример на повеќето познатиот EchoLink, исто така IRLP, AllStar Link,  D-Star на производителот ICOM и ... уствари тие ги знам  ;D
Е сега пример ќе го земеме EchoLink.
Негде постои некој нод кој е всушност примопредавателна радио станица, поврзана со компјутер-сервер кој има со софтвер EchoLink и интернет конекција, а е во област каде престојува некој радиоаматер со да речеме знак Z3....  Некој радиоаматер со знак VK2... живее во област каде постои нод (примопредавателна радио станица поврзана со компјутер-сервер со софтвер EchoLink и интернет) и сака да направи контакт со радиоаматер од Македонија. Но и двајцата немаат КТ опрема. Со постоењето на чвориштата им е овозможено да направат врска, така што двајцата со своите примопредавателни станици ќе се постават на фрекфенцијата на радиостаниците на соодветното чвориште, кои пак се веќе поврзани преку интернет. Некој пак радиоаматер со знак JA... нема во моментот никаква радиостаница, но има компјутер со EchoLink софтвер и интернет и сака да направи "радио врска". Може да ги контактира овие двајцава предходниве или пак некој сосема четврт кој исто како него има само компјутер...
Покрај тоа што може да биде поврзан на обична примопредавателна радио станица, нормално која мора да може да се поврзе со компјутер, нод може да биде поставен или линкуван на репетитор. Може да се командува директно од компјутер или пак преку DTMF команди од радио станица. Сето тоа зависи од сетинзите итн итн.
Се надевам дека бев краток и јасен.
73

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Имам радио станица, имам андроид телефон, само ми треба тоа TNC (вероватно тоа е нешто што ги поврзува станицата и телефонот) и може да ловам APRS на Водно од Србија :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.